1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Струга

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Marilyn-Monroe, 10 јули 2011.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Категоријава ми се чинеше осамена и нецелосна. Знаев дека фали шлагот на тортата. :wasntme:

    СТРУГА!!!
    Како неа нема друга.
    Не е важно што нема пруга.
    За еден час ќе направиш околу неа 2-3 круга.

    Инспиративен момент. :$
    Не очекувајте помалку кога ќе ми текне на мојата Струга. И ваша Струга.

    [​IMG]

    Ова е вашата (можеби не единствена :wasntme: ) можност да кажете неколку збора за Струга. Во два-три реда муабет, кажете по што сте ја слушнале Струга, како сте ја запомниле, споредете ги вашите искуства, спомнете ја по лошо или добро... за историјата, за туризмот, за забавата, за природата... прашајте, одговорете, пожалете се, пофалете се!
     
    На Twinkles, DeRose, Beena и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Јееееее, еве ја и темата - Како Струга (навистина) нема друга. :)
    [​IMG]
    И отворена од стружанка, задоволството е наше, ем ваше, се надевам. :D

    Од каде да се почне?
    Плажичките блиску, омилена т.н. женска плажа, му дава толку посебен и убав шмек на градот, неверојатно нешто.
    Дрим. Мовчето на Дримот. Убавини.

    Ем си ги имаат Струшките вечери на поезијата. Can you beat that? :^)

    Калдрмата. КафиЌите. Се' е блиску и евтино.
    Струга е еден од ретките градови каде брзо може да се адаптирате и да се почувствувате како дома.
    Јас барем така го чувствувам.
    Луѓето се фини (што би рекла мајка ми кротки) :lol: и многу пријателски расположени.
    Ем муабетчии.

    Замислете една година моите беа на одмор, ама само на неколку денови, и газдата им рекол - зошто не седите повеќе? Моите рекле, па толку пари понесовме :D доста е, а човеков рекол - седете си бре луѓе, ако имате-имате, ако не, да сме живи и здрави.
    Ви се верува?
    Епа поверувајте.

    Климата е прекрасна, водата е одлична, паметам еден мини-одмор во Евротел на времето кога не беше така запуштен и руиниран, си поминав детски, најубаво, го сместувам во најфините спомени.

    Одамна не сум била, последен пат го начекав градот чистичок и среден, се надевам се' уште си е таков.
    Нема поубав град во Македонија, навистина нема и сите убави зборови и пофалби се излишни. :)

    Навистина е жалосно што се' уште се преферира комшискион град за одмор и така помпезно е префален, кога ваква скриена убавина си трае. :)
     
    На eleni23, macysh, DeRose и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Ej,поштовање до Струга и луѓето од таму...ама освен римата...лоши искуства имам.Од вода,чистота,до услуга во Хотел Дрим,странскиот јазик и културата на дотичните странци.Да не се тие,едно сто пати подобра ќе ви биде.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Што се однесува до странците, моите гледаат да го погодат месецот кога си постат.
    Од жештината и гладот си се кријат по дома и воопшто не ги гледаш.
    Тогаш си во Струга, место во Странција.

    :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Тие 5 дена у мојов живот нема да ги заборавам.
    Татко ми мрзоволен,пцуе на секој 5 мин.тие со мантили и кебе на плажа,водата матна,па и шуга почна да се шири,па народ со исфрлан стомак и дланки почна да се шета.Тоа постелнина со маскара исфлекана,па сто пати баравме да ни ја сменат,пошто овај нали не зборевме на тој јазик за да бидат поучтиви.Мајка ми беше кривецот па изглуми дека и е супер...и после собравме парталите,фативме џадето во Грција скроз непланирано и од тогаш немам стапнато таму.Кога се шетав по тоа чаршијата цело време кенкав,не е ко во Охрид. :(

    Може се ругавте на темана за Охрид...ама не го давам за ниту еден друг наш град колку сака нека бидат охриѓани терсене.Струга е запоседната од оние и нема да го има својот сјај дур ги има нив таму во толкав број.
    Морав ради баланс ова. :D
     
    На DeRose, La.Reina.Del.Sur, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    ^ Се согласувам со Лилит до некаде...

    Струга е за мене еден преубав град. Да не чинеше, немаше седум години по ред таму на одмор да одиме. :)

    [​IMG]

    Гледам слики и ми навираат спомени... Првата симпатија ја запознав во Струга. :P Првата моја маичка со ГНР ми е од Струга! :rock: Многу сум приврзана за градов уште од мала и е единствениот (освен Скопје, нели :D) во кој знам да се прошетам без да се загубам. :D

    Луѓето си се фини, имаме слично искуство како родителите на Трендафилка. :)

    Омилено место за прошетка ми е кејот покрај Дрим и улицата „Езерски Лозја“, се до Еуротелот... Е во тие кафиЌи излевам. :D
    Во Струга научив да играм билјард и во Струга запознав многу луѓе со кои и ден денеска сум пријателка. :)

    Прекрасна е Струга. :)
    Ме потсетивте на едни убави времиња со темава... :wasntme:
     
    На Saraa, Twinkles, eleni23 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас ептен си ја сакам Струга.
    Со моите еден период традиција ни беше првомајските празници да ги поминуваме во Струга.
    Последниве години искористував поволности и одев со Струга во јуни на детски кошаркарски камп. Арно ама годинава не отидов :(
    Кога ќе размислам можеби и повеќе сум била во Струга него Охрид, во Охрид наминував на еден ден :)
    Интересно ми е што толку се разликуваат со Охрид, како плус и минус се, тоа што го има едниот град го нема другиот и обратно. Можеби нема трендовски плажи, нема 100 кафичи и дискотеки, нема толку знаменитости, ама има толку пријатни стружани секогаш насмеани и спремни за разговот, во нивните кафулиња ми има ептен пријатна атмосфера, на плажа одам да ме гали сонцето и песокот да ме боцка под пешкирот, во Охрид џган ич не ги сакам тие плажи. А за цени да не зборам, нема споредба, ем да се напиеш и најадеш ко чоек и пак да ти остане полн новчаникот.
    Уф ме фати носталгија ...
    Струга ме потсетува на одмор вистински без врева, на детски убави спомени, на бабата што продава крофни на плажа, шеткање покрај Дрим и седење на клупите и смеење до бесвест.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Струга ми е преубава за шеткање, пиење кафе, гледање од мостот надолу :D
    И за шопинг, има едно милијарда пати подобар избор од Охрид.
    И Мерлинка е оттаму :inlove:
    Многу не ја познавам, не сум ја шетала доволно, ама Мерлинка ќе ме прошета, не? :wasntme:

    Е плажите ми се понеубави, додуша не сум била на сите, ама лани каде што бев водата беше стварно многу поматна од плажите во Охрид.
    Мислам дека Изгрев беше, не се сеќавам добро. Ја споредувам со водата од гаднана Славија :D
     
    На DeRose и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Навистина како Струга нема друга, град кој во себе има нешто што другите го немаат.

    Можеби плажите не се како во Охрид но сепак е многу помирно и поинтимно од Охрид и мене повеќе ми се допаѓа. Луѓето, па луѓето се прекрасни толку се пријатни (добро освен некои кои немаат п од пријатност :D ).
    Струшките вечери....ах спомени се навраќаат.
    А Дрим, а мостот на Дрин, калдрмата... Се е "збиено" а е толку заедно и блиску.

    Порано повеќе одев во Стурга особено со дедо и баба, тој одеше по фудбалски натпревари а ние со баба по плажи.

    Одамна не сум била но сега кога се вратија сеќавањата се надевам летово барем еден викенд ќе поминам во Струга.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Jaс се усрамив сега од тоа колку малце знам за Струга :D Озбилно, не сум била таму гарант едно десет години, ама впечатоците на моите од минативе 2-3 одмори баш во Струга се вакви :o ^_^ Тие се презадоволни, од плажите, од шопинг условите(кои се дефинитивно презадоволителни, оттаму добивам куп кратки пантолни, бижутерија, римјанки, и слични тракатанци :D )од луѓето, од се.
    Дефинитивно треба да си барам тура за прошетка дотаму :$
     
  11. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    Горда сум што сум се родила во град како што е Струга..

    Енхалон (Античкото име на Струга) е најубавиот град во нашава малечка Македонија :)
    мало градче на кое Господ распослал многу природни богатства..

    поубавиот дел од Охридското Езеро му припаѓа токму на овој град.. плажите се преубави.. (штета што не знаеме да ги искористиме, сигурно би привлекле повеќе туристи отколку во Охрид)..
    најблиски плажи до градот се Женска Плажа и Машка плажа.. а според мене најубави се плажите кај Евро Хотел и плажата Ливадиште..

    Чаршијата и чаршиското корзо се мошне популарни особено навечер во летниот период кога ти треба половина час за да ја поминеш целата чаршија од толку многу народ :rofl: :rofl:

    Кога ќе се спомене градот Струга на секого веднаш му текнува на "Струшки вечери на поезијата" која е најголема поетска манифестација во светот..
    Освен "Струшки вечери на поезијата", езерото и дримот, туристите ги интересираат и планинските богатства со кои располага Струга, историскиот пат Виа Игнација, Спомен домот на браќата Миладиновци итн..
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Накратко за плажите:

    - Женска плажа (Градска плажа). До минатото лето беше слободна плажа на која од најмало до најголемо се сретнуваше. Годинава ја имаат земено под концесија, на неа изникнаа кафе-бар и таверна, плажата е дотерана со лежалки и триста други пропратни материјали (информација до кои стигнало ова детево што не се плажира многу, е дека цената за лежалка е малце височка). Сепак, секогаш имате опција да си легнете покрај лежалка. :wasntme:
    - Пливалиште. Годинава ја средиле цакум-пакум. Покрај кафе-барот и дополнителните шанкови, додале и лежалки и создале убава летна атмосфера. Арно им текнало.
    - Плажа Галеб. Онаму каде што Охридското Езеро се влева во реката Црн Дрим. Класично местенце за летна релаксација. Неколку шанкови има, а сите шират опуштена атмосфера.
    - Машка плажа (плажата на Хотел Дрим). До пред 3-4 години беше дивурија. На неа претежно доаѓаа исклучиво горенаведени. Од пред 3-4 години е средена до половината што е точно пред хотелот, а има летна тераса на хотелот.
    - Од хотел Дрим до Евро хотел, до пред десетина години, плажите беа обраснати со трева, валкани, и на нив се сретнуваа цели семејства со дополнителна заштита од сонце (се разбираме, нели?), со запазување на сите оброци (сркање од тенџериња со грав, сечење лубеници...). Сега просторот е пософистицирано модификуван и тоа:
    - се отвори Блу Скај плажата, кафе-бар на сплав.
    - Туламур Ду плажа (порано Виагра), со ресторан, кафе-бар и убаво опремен простор.
    - Евротел. Плажата е на хотелот, но иако изминативе години работеше во полна пареа со неколку шанкови, годинава не им успеал бизнисот заради некаков си спор.
    - Следува АС кампот, плажата пред него и пристаништето. Стандардна шема со константна долгогодишна традиција.

    Да тргнам во другата насока, од Женска плажа, надолу.
    - Мајски цвет (поранешно 25-ти мај). Плажата на детското одморалиште, до пред десетина години постојано во погон, основно служеше за рекреација на гостите во одморалиштето. Не ја средуваат од тогаш, обрасната е со трева, а водата е пречиста, како никаде на друго место. Инаку беше прекрасно, фино и мирно место.
    - Плажата пред Конак. Веднаш после плажата на одморалиштето, се гради голем кафе-локал со сопствена плажа. Местото изгледа совршено, иако не е довршено. :wasntme:
    - Плажата пред Аквариус. Иста приказна како и претходната плажа.

    Оттука до Калишта, плажи нема, туку тотална запоставеност. Се е препуштено на природата. :wasntme: Има една патека покрај езеро која води до селото, но не ја одржуваат како што треба.
    - Плажа Бисер, Хотел Бисер. Плажата е убава и средена, но не работи секоја година, зависи од концесионерот.
    - Плажа Изгрев. Сета убавина протона со милионите во спорот со МКЦ.
    - Автокамп Ливадиште. Класична приказна за нешто што не умира. :)

    Позитивно е што повеќето плажи се во градот, а за останатите повеќе од 20 минути пеш не ти требаат за да стигнеш на посакуваната локација.
     
    На BlondeGirl8, eleni23, DeRose и 6 други им се допаѓа ова.
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    никогаш не сум била во Струга :worried:hock: :worried:hock:
    можно е летово да ја посетам, ако не најдеме некоја друга понуда
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Како Струга нема друга :) Белким не за џабе се вели а?

    Ја сакам. Зошто? Затоа што повторно, имам преубави спомени од истата од моето детство. И да ви кажам, не сум била не памтам и се срамам...ама што не било, може пак да биде, не е голема Македонија ко Србија :D

    Ги памтам всушност првите искачања во диско токму во Струга. Јас креле - на врата кажувам - имам 18 бе! :D
    Ја памтам заради едно преубаво летување. Бевме сместени - да ме утепате не ми текнува на одморалиштево, јас повторно креле, детуле на некој си поетски натпревар на кој сосема неочекувано освојувам награда и принудена да читам поезија во кајче :lol: Ама романтично беше, нема што.
    Ја памтам заради најубавиот сладолед, најубавите ноќни прошетки во градот, најубавите дечки кои играат кошарка на плажа а јас, повторно креле ги буљам мислиш Бред Пит и Џорџ Клуни сум ги здогледала.

    Жал ми е што не знам како изгледа сега, ама хеј, ве напаѓам стружани во следна можна прилика ако успеам да се тргнам од комшискиот град :wasntme: :D
     
    На DeRose и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Многу се возбудив кога ја видов темава, само не стигнав да споделам до сега колку Струга ми значи!

    Во Струга го запознав сегашниот ми сопруг на еден летен камп пре 18 години :D Како вчера се сеќавам дека бевме соба до соба :D И како ме нервираше кога ги знаеше сите, ама сите задачи што јас ги грешев! :D

    На истиот камп запознав две од трите другарки кои и денес ми се најважни на светот. Баш таму, во Струга!

    Во Струга го фатив првиот дечко :D Дечкото беше катастрофа, туку Струга доби уште едно обележје за мене :D

    Една визит карта во Струга буквално, ама буквално ми го смени животот, позитивно се разбира.

    Не можам да ги заборавам журките што почнуваа во Туламур па продолжуваа во Гламур. Пред некој ден еден стружанец ме убедуваше дека ова гламур било фолкерско место, ама јас памтам мнооогу добри рок журки!
    Памтам и други жуурки кога го утепував диџејот од музички желби :D

    Не можам да заборавам и еден ручек во ангела, кога искри летаа од страст (и вино)! И една вечера во Буре кога се влечев од авантуристичкиот замор :D
    И еден разговор на една терас, кој дури потоа сфатив колку ми значел, и колку скапоцен момент беше тоа.

    Единствена неостварена желба ми е да пливам во дрим, и баш ми е криво што не го направив тоа кога ми личеше на годините :D

    На моја голема среќа, ќесто одам службено таму. Бев пред помалку од 2 недели, а следната пак веројатно
     
    На eleni23, macysh, DeRose и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Не е доцна за капење во Дрим. :$
    Јас, иако сум стружанка, срам ми е да кажам, но никогаш не сум го направила тоа. :worried:

    Инаку да, Гламур е сега хумано место за нечиј вкус. :wasntme:
     
  17. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Струга
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    Струга е прекрасен град со многу природни убавини. Струга е стар град. Нејзиното античко име било Енхалон. Најголемото богатство на Струга е Охридското Езеро и реката Црн Дрим. Струга не е посетувана од туристи колку што е Охрид,но сигурна сум дека тоа не се должи на плажите(бидејќи во Струга се многу поубави :wasntme: ) туку поради културата на народот. Струга е благословена со прекрасни богатсвта,штета што градоначалникот му е гајле за да се направи вистинска туристичка атракција и прекрасен град. Во Струга има неколку хотели, мене лично најубав ми е Хотел Дрим,колку што ми имаат кажувано не се жалат баш на него,но сепак. :) Во Струга владеат албанците. Да албанците. Бидејќи и градоначалникот е албанец,тие имаат предност за работа без разлика на нивното образование,во училиштата прават тепачки,повредуваат деца(примерот со средното училиште „Ибрахим Темо“
    кога албанските одделениа почнаа тепачки,па после и македонците возвратија и на крајот имаше жртви во болница(повеќето македонци). Децата почнаа да се отпишуваат и одеа во Охрид за да учат,а другите пак не одеа на училиште можеби 2-3 месеци. А албанците учеа. Градоначалникот не превземаше никакви мерки,а на крајот учеа по 5 лекции во еден час. По сите предмети,и мора да ги сфатат,да ги научат да се припремаат за многу тестови.
    ) Кога ќе излезеш по улица одма ти свират некои идиоти ти викаат нешто,така да јас искрено не се чудам што нема туристи,но тоа е. Но сепак Струга е прекрасен град и ако мислите да го посетите во текот на летото нема да сгрешите бидејќи има прекрасни места и најубави плажи. :)
    Инаку јас се капам на машка и водата е рај. Признавам дека во Дрим не с еимам капено ама не ни планирам бидејќи ми е страв од реси. :worried:
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Убава е Струга. И мене ме врзуваат многу убави спомени за Струга. Во текот на 90тите летувања во Еуротел, подоцна во приватен смештај, а во последниве 5 години на летни кампови во хотелчето на Црвен Крст...
    Сите најубави спомени ми се поврзани со тоа место...
    И да, ке одам пак на крај на Август 8) Едвај чекам!
     
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Стружани си викаат ,,Како Струга нема друга, а и да има што Че ти е,, :D
    Еден дел од поубавите спомени од детството ми се од Струга. Стандард-женска плажа, а навечер чаршија и долги прошетки кај машка плажа. Буквално знам како дише градов.
    Стандардно излегување во Адмирал или на Пливалиште (,,од Ливадиште до Градиште, најубо е на Пливалиште,,-Мерлинка сигурно знае за што зборам), а потоа Гламур или Оаза, откако се затвори Дајв.
    Омилена плажа ми е Бисер, посебно го обожавам сплвот и црквата и хотелот се преубави, а своевремено и Изгрев беше супер. Сега викаат дека на Ливадиште било убаво, па морам да одвојам еден викенд за таму.
    Инаку и мене најискрено ми смета неклутурата на албанците. Кај цел град го земаа (а за ова делумно се криви и Стружани), поминуваш во чаршија ечи албанска музика пуштена до даска, а од позадина се слуша оџата. Идеш на женска плажа се качиле цела фамилија на педалинка, со лубеницата и на сред езеро јадат и фрлаат.
    Неостварена желба ми е да ја видам Струга со снег. Никогаш не сум била во зима и баш сакам да го видам езерото опколено си снег. :)
     
    На macysh и DeRose им се допаѓа ова.
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Чаршијата е буквално запоседната.
    Со години не сум поминала по чаршија, ни од задоволство, ни од носталгија за старите времиња, туку исклучиво само ако ми треба да нешто да се подновам.
    Инаку има по чаршија кафиќи, продавници, трафики, бутици и што ли уште не, наши, но сепак многу малку наши купуваат, затоа со нивни се полни.

    Затоа пак, си имаме чалам-улица :wasntme: каде се поголемиот дел од нашите кафиќи.

    Инаку кој не видел, не знае дека од Градиште до Ливадиште, најубо е на Пливалиште. :$

    [​IMG]

    Струшки поздрав за Срекичка. :$
    [​IMG]
     
    На DeRose, La.Reina.Del.Sur и Srekicka им се допаѓа ова.