ова е проверена информација? Сите од семинарот се жалеле на стомачни проблеми, проследени со повраќање, диареа и главоболка.
@minne992 те молам доколку имаш други информации неделава да споделиш,ептен ќе ми значи. Со дете планирам да одам,бар да знам со време да откажам.
Горе ресторанот е затворен Долу доручек се дава а за сега аква паркот работи, информацијава е моментална, за затворање уште не се знае сигурно.
Здраво на сите, сакам да дадам рецензија за хотелот во кој бев сместена на 28 и 29 -ти август. Значи станува збор за Хотел Престиж , има 4 ѕвезди, меѓутоа по моето дводневно искуство , јас ни една не би им дала. Како прво , хотелот си држи цена за сместување , отворете на booking.com има еден куп работи што се наведени дека ги има во хотелот, а всушност ништо од наведеното не е точно. Како второ, не е во градот , во Струга, туку на магистралниот пат Охрид-Струга. Значи цените и локацијата воопшто не соодветствуваат. Ајде да почнам со чистотата - чистота на собата (5) (оценки од 1-5) - прием и љубезност на персонал (3,5) - континентален појадок (вклучен во цената за ноќевање) (4) - ПОЗИТИВНИ СТРАНИ : - клима уред , топла вода за бањање, toiletries included, шкаф за облека, наткасни до дуплиот брачен кревет и laptop desk. -НЕГАТИВНИ СТРАНИ : - нема никакво столче за седење(ако веќе има laptop desk) - нема ни масичка ни столче за седење на терасата - нема никаква канта за ѓубре(освен во wc-то) - тушот капеше и не беше поправен, прскаше на сите страни - wc- шолјата беше така поставена до мијалникот да ако седнуваш, мораш на косо да седиш - тоалетна хартија не ни сменија/донесоа (среќа јас си носев од дома) - немаше ТВ - немаше WI-FI - втората вечер имаше некоја прослава/свадба , ечеше до касно - на влезната врата имаше упатство за употреба на собата на албански и на англиски,а на македонски не. - од повеќето наведени работи на booking.com како на пример дека во собата има мини - бар, мрежа за комарци или фрижидер, ништо од тоа немаше - немаше ниту обични чаши за пиење вода, па моравме од кујната долу да си земеме сами - на booking нудат стандардна дупла соба со дупли кревет и плус уште еден кревет/софа и triple room со три поединечни кревети (за што се исти цените и која цена ја плативме) , а ние добивме соба само со дупли кревет. Среќа што тука го искористив ваучерот за туризам, бидејќи на друго место кај што сакав да одам или немаше термини или веќе престанале да работат со ваучерите. Сума сумарум: Хотелот на вреди за парите,и тие 4 ѕвезди не знам како ги добил. Да си знаете да не се зезнете P.S - маски и заштитна опрема не видов ниту кај вработените ниту кај гостите.
Некој да знае дали во хотелите може ли слободно да си закажиш соба за неколку дена и дали е потребно тест за корона?
Нема да ти прават проблем за закажување неколку дена. Твое е колку ќе престојуваш. Мислам дека не е потребен тест за корона пошто во наша држава е.
Би сакала да ве прашам некој апартман да ми предложите само за неколку дена ... Да не е далеку од центар и до 100евра за двајца (Брачни кревет,купатило ,кујна,можеби и тераса а не е битно то) ..?
Ја обожавам Струга, еден од поубавите градови ми е. Дури за некои работи повеќе ми се допаѓа од Охрид, ко поубав дух да има. Летоска бевме со другарка на неколку дена, во глобала е поефтино од Охрид, и многу ми беа интересни тие сокачињата во центарот, имаше стари куќи таму и некоја second hand продавница. Луѓето во најголем дел се пријатни и услужливи, освен во една албанска пицерија во центарот, кај што менито им беше само на албански, чекавме сто саати да бидеме услужени и уште сто да ја добиеме храната после, а луѓе албанци што дојдоа после нас беа услужени одма. И сите ни упатуваа непријатни погледи цело време. На страна тоа непријатно искуство, плажите беа топ, водата исто, смештајот беше онака ок, не беше баш најблиску до центарот, ама пак се е блиску во Струга, додека во Охрид пред неколку години од смештајот до центар пешачевме 40 минути. Имаше и еден лаунџ бар, на Т му почнуваше името, страшно заборавам имиња, предобра храна, таму јадевме за доручек, ручек и вечера, тостови, бургери, бурита, тортиљи, топли даски, се имаа.. Језда цените им беа троа ко во Скопје, и се вратив во Скопје со неколку кила и акни плус, ама битно се изнајадовме. А, и еден од најубавите момци што ги имам видено го видов во Струга. Може пак да ви дојдам летоска.
Непланирано одиме Струга, можете да предложите место за спиење (но да не е поскапо од 500 ден. по лице)? Давајте предлози. Едит: букинг е веќе ѕирнат, нема ништо.