Приватни апартмани се па од тука не знам да ти кажам каков може да биде. Дворот е хаос, плажата ок е средена.
Дали има превоз до Вевчани или Радожда? Комбе или нешто слично, бидејќи со такси е сигурно многу скапо.
Има превоз и до Вевчани и до Радожда за до Вевчани има на секој сат мислам и се тргнува наспроти болницата во Струга кај црквата Св.Ѓоргија за Радожда незнам не сум била ама превоз има сигурно.
Дечки хелп мислење за хотелот Изгрев за со мало бебе 4 месеци две три ноќевања би седеле, гледам го пофалиле во 2020 но каква е сега состојбата ако мекој бил вреди ли за парите има ли каде да се прошета во околина, прикладен ли е за со мало бебе, благодарам однапред
Хотелот е многу убав има многу убаво уреден огромен двор што излегува доле на плажа. До него е хотел Макпетрол, исто многу убав хотел. За со мало дете е супер мирно и тивко место заедно со Елен Камен населбата. Е сега хотелите се на страна не се баш во Струга ама со кола за 10 мин сте во град. Едина мана е што во близина нема продавница па доколку ви треба нешто треба да одите или во град или најблиску во селата Радоста или Калишта. Мене тој дел од езерото ми е најубав, имаме викендица во Елен Камен и секој викенд сме таму, баш е и населбата семејно место а и хотелите. Изгрев плус има и аква парк доколку сте по такви спортови, но за викенд е гужва ептен.