Струга секое лето и не се заситив. Каде и да се оди на друго место, мора Струга да се посети бар на 5 дена И ова лето пред Сарти одиме малце во Струга. Како да имам корени од таму( а немам), ја обожавааааам
Многу често сум во Струга и искрено не ми се допаѓа многу. Струга сама по себе е прекрасна, но не ми се допаѓа негрижата на луѓето за градот, најмногу фактот што се повеќе се врши поделба на македонци и албанци и албанците заземаат се поголем дел од градот. Сепак за пофалба е тоа што во последниве години во градот се повеќе се вложува, се средува, се актуелизира...се отвараат нови плажи, кафулиња... Исто така со отварањето на дисперзираните факултети стана атрактивна за студентите од околните градови. Струга има многу да понуди, но мора да се поработи повеќе на туризмот и промоцијата на градот. Да се средат плажите, да се врати стариот сјај на Хотел Дрим, Евро хотел, одморалиштето Мајски цвет....со мала ангажираност Струга може повторно да стане атрактивна туристичка дестинација. Јас лично би сакала да го посетам Ливадиште...ми се гледа како многу убаво местенце
Струга долго време не сум била иначе имам само пофални зборови за овај град Хотелот Евртоел ах убави спомени ми буди со еден збор прекрасен град.
Како Струга нема друга. И да има, шо че ти е? Испраќам топли поздрави до комшискиот град со кој си го делиме езерцето Струга е убава, шарена, возбудлива и со сто пати поубави журки со Охрид (овде би ми скокнале Охриѓани со Ненормална една!!! Ни ги бркаш туристите!!!. Иако така блиску до Охрид, не одам таму многу често. Ете, не сум била од минатото лето. Нешто што ми е најпосетувано таму е музејот, затоа што секоја божја година не‘ носеа од училиште да гледаме здрвени животинки и фамозното теле со две глави. Струга не е само точка на глобусот. Има душа и ја бие добар глас кој надалеку се слуша.
Клишето „Како Струга нема друга“ е целосна вистина. Град со душа и срце, со уста која зборува, со очи во кои еднаш се заљубуваш и не ги забораваш! Струга не можеш да ја доживееш поинаку од убаво!! Не можеш да не ја сакаш!! Струга ти фали. Во Струга можеш да најдеш дом од каде и да си. Стружаните ќе те засакаат одма штом почнеш да ја употребуваш ч почесто од ќ! Добро сега, од што ја пофалив се зацрвени.. Не дека нешто не е точно, ама скромна си е таа! Упропастена е, многу... Ги нема трагите од стара Струга...не е таа што беше!! Чаршијата, мостовите, кејовите, ништо не е исто. Се е упропастено, се е незгрижено!! Физички и фали многу, психички ништо!! И ак не сте слушнале од Градиште до Ливадиште најубо е на Пливалиште!! Кој пробал знае!
Ав......Струга ми е најомилената дестинација и е незаменлива.....Уште како од мала со моите сум одела таму, и веќе може да се каже напамет ја научив.Најубава е а во Охрид немам ни малку желба да одам иако во план ни е ова лето да одиме во Охрид, .Сепак Охриѓаниве мислат дека се наоѓаат во Европа со цениве.А и Струга си е Струга.Се што е помало е поубаво, а таков е случајот и со Сртруга.А во Охрид само поради Shopping би одела..
Бев денес, и се што можам да кажам е дека го сакам тоа место. Каква рехабилитација! Маса во тревата во Галија во Калишта, а на масата рибина чорба и леб со намаз од лук и лимон. Па после вози до Скопје со притисок паднат до земја Едвај чекам да одам пак!
...Си ја сакам Струга, не појќе од Охрид ама ако животов го делам на 4 дела еден дел би бил, токму Струга....Ете таа четвртина ми значи многу, од шетање по чаршија, паа минување на чашит-улица и ве секој кафич минимум 5 мин да се позз со сите, паа даа познатото „Од Градиште до Ливадиште најубо е на Пливалиште“....Плажите се супер, и еве да се пофалам јас сум се капела во Црн Дрим .....и сакам баш Феминкиве од Струга да си ги седнам на една маса и така да си се напијаме по едно кафе (а можит и Мартини за мене ) ако ништо друго....Ех спомени спомени...Абе да, ја заборајф ГРГ, најјаките спомени ми се од таму...А сега кошо си сум на село (Стр ми е на 4км) утре одам.... Ја сакам и шо ????
300 ден кревет. Во Струга одам често ама не на одмор. Таму е мажена сестра ми. Си има Струга свој посебен штимул ако знаеш да ја доживееш. Во езерото не сум се капела уште како од дете, ама тоа кафе таму покрај енѕерото посебно ми се слади. Ја сакам онака на 2-3 дена да се проветрам колку да сменам клима ама не и да терам одмор. На жалост градоначалник им е албанец па браќата се на власт. Се запустија и упропастија сите хотели (нешто хотел Дрим беше реновиран сега пред 2 год.) ама убаво функционираат оние мали хотелчиња (ресторани со соби) што се семеен бизнис. Епа нека е жив и здрав зетот и повеќе нека вика на гости
нз на што мислиш со приватно сместување...(хотел или куќа) Спојлер (а ако сакаш пратими лп, има една место каде што соба со 3 кревети ја изнајмуваш за 10 евра...)
Гратчето мое најсакано! Едноставно немам што повеќе да кажам, се изнакажавте. Можам само да ги поздравам моите сограѓанчиња, комшивчиња и сите оние кои го сакаат и имаат незаборавни спомени од ова мало но сепак топло парче земја.
Во Струга покрај Дрим го доживеав првиот бакнеж со мојата прва љубов, овој град ќе има посебно место во моето срце засекогаш
3-4 пати бев на одмор преку школо , и многу ми се допаѓа Струга. Стварно како неа нема друга, водата многу е убава само што е ладна ама нема врска и ми се свиѓа тоа што нема многу камења во водата само на почетокот после песок е
Струга, мојот омилен град. По едниот дедо стружака, по другиот охриѓанка... Но Струга има посебно место во моето срце, посебен мирис, во мене се појавува посебно чувство на слобода уште кога ќе го напуштам жешкиот асвалт на Скопје! Од Градиште до Ливадиште, најубо е на Пливалиште... Јас сум горда Стружанка!!!
Во Струга периодов одам многу често, и секогаш ми се гледа многу убава. Секогаш освен денес. Убаво беше, сонце, вода, и ништо друго. Се што создала природата е убаво. Се што создал човекот, особено последниве години е грдо. Душата некако ми се стегна. Се почувствував како странец во сопствената земја. Чудни луѓе... чудни реакции...