Ахх темава....Во Струга одам од мала,имам многу спомени таму...како со семејството и друштво,така и со љубов...имав дечко Стружанец цели 6 години...Инаку Струга си ја обожавам и си одам често,немам потекло од таму,само пријатели ама ја сакам ептен.Кога сум таму нешто ме смирува,го сакам воздухот,сакам да шетам покрај Дрим,сакам да испијам едно кафенце на плажа или во Туламур Порано одевме на одмор во Ас по неколку семејства собрани,па ручеци,скари,музика веселење до сабајле... За срамота не сум била веќе две години,голем минус ми е ова,не с еслучило до сега...се надевам наскоро ќе ја посетам пак и ќе си ги наполнам "батериите" таму.Во секој случај најубаво ми е таму
Прекрасна беше Струга денес. Посебно раздвижен поради убавото време. Дрим и дава посебна убавина на Струга, особено кога е сончево, како денес.
Струга...како помала сум била таму ама сега сум немала прилика да одам а уствари нема и кај кога да одам освен ако некоја од вас не ме покани
Јас, за срамота знам, ама морам да си признаам дека лани за првпат отидов во Струга... На неколку саати бевме со моите, ама мислам дека 5 минути беа доволни за буквално да се вљубам во местово. За прошетка е преубаво, да си седнеш на кафенце, медитација на умот само со тоа што го гледаш Дрим... Со тешко срце си отидов и ветив дека пак ќе дојдам, и тоа не еднаш... Убавини Три дена да ме остават на мостот, ќе си седам, ќе си ја посматрам водата, нема да мрднам... прекрасно... Спојлер Имам убави слики, ама на сите има по некој, така да само на овие две е величествениот Дрим, самичок, и убав
Многу ми е убава Струга,само не сум била веќе некое време.Кој ќе оди да не пропушти јадење во Ангела покрај Дрим.Прават многу убави пици и јадења во фурна,нема утка што и да порачате.
^ Да, јадењето во Ангела е многу вкусно, само маана им е тоа што многу се чека. А нема човек секогаш толку многу време на располагање
Обобооооооооооооооо тука имало еден куп стружанки...кај бев јас до сега.... Шо ни фали де, све си имаме! То што на охриѓани не им сме симпатични, веќе го знајме... нека кажат нешто ново... Навистина прекрасно место, горда сум што сум се родила токму тука во ова ќоше на Македонија. Место идеално за фамилиарен одмор, каде за секој член на семејството има нешто...само тука може да се долови спокојот и тишината.
Струга....Многу убаво гратче, со посебна магија, мир и спокој.... Подарена со езеро, река и планини.... Со одлична клима... Убава енергија... Но, колку денес се чувствува така ова место продадено од државата? Спојлер По добивањето албанец градоначалник, ова место само пропаѓа. Ништо не се гради, не се реновира, а и тоа што ќе се изгради е од албанци и на место кое не е адекватно. Се продадоа (и се продаваат) најубавите места на албанците. Нема канти за отпадоци, се` е несредено и расфрлано. Нема зеленило... Нема култура... Ечи музика од сите страни (в чаршија).... А, и цените не се баш ефтини како за нашиот стандард (посебно во Струга како отсечено место).....Таму дури не се осеќам дека сум во Македонија, за жал.... Истиот впечаток го имам и за Тетово и Гостивар... Навистина за жал... Ама за тоа се виновни самите Македонци...
Многу ми е жал но Мостот на Нина веќе не постои. Откако беше срушен, никој не помислил да мрдне со прст...
Ухуууу колку не имало стружанки хихихи Јас сум половина стружанка (по едниот родител) и секоја година по не знам колку месеци сум си таму а тоа ми е ДОМА Половина фамилија ми е таму и си имам куќа на село кај што едвај чекам да одам после сесијава. Струга на лето е одлична за дење на плажи или навечер прошетка и кафе па може и продолжување во Оаза на пример. Струга на зима е уште понежна. Ми недостига мостот што го срушија. Ми се седи на Галеб плажата и да си го гледам езерото и истекот на Дрим. Вака во зимска атмосфера. Ми се шета по кејот и да седнам во Ангела на нешто вкусно, или можеби дома право. Да има некој да ми направи ѓомлезе. Ми се оди и Горна Белица, сигурно има многу снег и е убаво и романтично. Едвај чекам да појдам
Навистина незнам што друго да кажам...се радувам што овде имало толку Стружанки. Инаку и јас сум од Струга и гордо можам да кажам дека Како Струга нема друга!
Убав град имате, и сликите зимски се прекрасни. Ама во градот улиците неисчистени од снегот не се баш убави, голем минус за градоначалникот.
Стружани: Дојдете да ја запознаете нашата Струга Градот на Дрим или како што стружани велат „градот на две води“, иако деновиве беше на црните медиумски страници, има со што да се гордее. Најголемото богатство на Струга е единственоста и заедништвото, кои се неминовен успех за секое општество. Во Струга за соживотот порано не се зборувало, тој се подразбирал. Една до друга цркви и џамии, сведоци на побратимите, мешаните бракови и пријателствата. Секој град има историја и свое минато. Ова парче небо и земја во југозападниот дел на Република Македонија плени со својата убавина, со својата насмевка и подадената рака за сите добронамерни. Градот на браќата Миладиновци е распослан на брегот на Охридското Езеро, на реката Црн Дрим која го дели на два дела. Опкружен е со планините Мока, Галичица и Јабланица каде природата ги распослала сите свои убавини. Охридското Езеро е домот и на надалеку прочуената јагула која низ водите на реката Црн Дрим поминува мориња и океани за да стигне до Саргаското Море на својот свадбен пат. Младите стружани со гордост зборуваат за убавината на градот на Миладиновци. Стружани има со што да се пофалат пред светот. За нив оваа година започна со убави настани: - Ова последниве денови не е Струга. Нашата Струга не живее со проблеми. Ние немаме проблеми меѓу себе. Градот Струга си има свои убави работи. На пример новата година во Струга започна со успесите на нашите ракометари. А тоа беше еден од најсреќните денови за целиот град. Покрај Струшките вечери на поезијата и браќата Миладиновци, како и многубројните култури и настани кој ги има во Струга, оваа година нашиот град ќе биде препознатлив по успесите на нашите ракометари. Струга и донесе голема слава на Македонија со успехот што го постигна македонската ракометна репрезентација, во чиј состав речиси половина се стружани. Ваквиот подвиг и покрај непосакуваните настани кои тие денови ја потресоа Струга беше испочитуван од неколку илјади стружани. И покрај се граѓаните на Струга се уште со емоции зборуваат: - Ние сме единствени и резултатот на единственоста се нашите деца кои играат за репрезентација, најмногу од градот Струга, поточно од ракометниот клуб „Струга“ кој има голема традиција. Херојот на македонскиот и струшкиот ракомет Наумче Мојсоски на својот роден град му порача дека и во иднина на Струга и на Македонија ќе и носи само успеси и среќни моменти со кои сите заедно ќе се радуваат. - Ова е нешто посебно, сон на секој стружанец. Да те пречекаат вака дома може само да се сонува. Има благодарам на Стружани и на паткари и се надевам дека повторно за вакви успеси ќе се гледаме. Среќните моменти и успехот на струшките ракометари, можеби за момент ги фрлија во сенка непосакуваните настани кои се случуваа. Спортска Струга, светската поетска метропола има со што да се гордее. Стружани многупати докажаа дека знаат да се почитуваат и да се радуваат заедно, без разлика на етничката или религиската припадност. Тие како никој досега ги потврдија научните тврдења дека светските религии се етички системи и сите вредности кои тие ги имаат содржат пораки за љубов, почит, искреност, чесност и толеранција. Супер радио
Наредна прилика обавезно ќе го посетам новиот кафич - Ке вујна ти Не сум била од летото (август на фестивалот „Гласно“) па така време ми е