Морам да те поправам Ке вуња ти Мн добро место... Мислев дека нема да ја преболам долгогодишната врска со Калабалак, ама уште си остана она многу добро место во кое поминав добри и долги години
И најубото точено пиво (само таму пијав, иначе пиво в уста не ставам) најдобрата рок музика... И увек одбрано друштво
Да немат недоумици, местото за сечиј вкус и друштвени игри и забава Калабалак, се трансформира во место со прекрасна греана ракија и греано вино, топол домашен ентериер и одлични мостри за тишлајфери за приќе, Ке вујна ти!
Не сум била уште, ама слушнав многу убај гобленчиња имало.... па кога ќе решам ке го земам и мојот да го довезам
Утре ќе одам, без брзање и трчање, на тенане. Ќе завршам работа на брзинка, и после ќе прошетам по брегот, ќе седнам на плажата пред Дрим, и ќе медитирам! Туку кажете дали има некоја свирка утре вечер таму
Леле зошто никој не ја спомна Радожда? Нели и таа спаѓа под Струга? Радожда, на времето (90-тите), секој 1-ви мај, ни беше задолжителна локација. Одев со семејството, комшиите и блиските пријатели. Се сместувавме во викендичките и ми беше најубаво. Околу нив - трева, зеленило, цветчиња за да си правам венчиња. И одењето пешки до албанската граница... Спомени, спомени... Си ветив дека кога тогаш пак ќе ја посетам Радожда, да видам дали местото пораснало, како што пораснав и јас
Неизбежна дестинација секоја година. Многу ја сакам, Ама во последно време,се осеќам како во Скопје да сум.Сегде само се гради. Инаку мирот и спокојството кое ми го дава Струга и околината се незаменливи.
Струга - прво сеќавање, детските семинари во основно, шетањето по Дрим, јадењето ѓомлезе и вечерните седенки крај езеро. Незаменливи сеќавања. Градот не е којзнае колку убав но има душа. Да не ја заборавам мојата фасцинација од летните одржувања на Струшките Вечери на поезијата. Последниве неколку години сум редовен гостин таму, што заради својата струка, тоа и заради прекрасната атмосфера што се создава во тие неколку дена. Струга е мирно место, за разлика од братучедот и Охрид, кој за мој вкус е напернат и полн со Скопјани за време на летните празници. Плус тоа, сум била неколку пати и зимно време, и е како во бајка. Снег, чистота, езерото има посебна магија. На двапати одев со невладината организација со која работев на летен камп во одмаралиштето на Црвен крст и многу убаво си поминав. Езерото ти е на три чекори, нема музика да ти буши уши, релаксирани луѓе си шеткаат и за мене барем, порекреативен ми е таквиот амбиент. Омилена ми е скарата во Свети Никола, џин тоникот во Албум, Оаза, Калабалак, (т.е сега веќе со изменети имиња), струшкиот бурек, рибата на Женска плажа и корзото низ чаршија, кај што ги јадам најслатките чоколадни пуканки! На времето со бендот, неколку пати не’ викнаа во Туламур на свирки, знам дека таму прекрасно си поминувавме, спомените на тоа време, секако ми се поврзани со Струга. И да не заборавам, моја Биси е од Струга, летово кај неа ги имавме најсмешните згоди и незгоди и во целост го пиевме градот!
И јас порано неколку пати бев таму, мислам дека Треска се викаше кампот. Последно бев летото, ама веќе ништо не е како што било некогаш. Се е многу пропаднато. Ја нема таа живост местото.
Јас на плажата на која шетав со саканиот, со очи полни љубов и недоверба како е можно да постои нешто толку големо моќно како љубовта. Прошетка по сите ќошиња полни со спомени, со блага насмевка на лицето. Не знам дали ја сакам Струга поради тоа што е, или поради спомените кои ми ги чува. Ама знам дека ја сакам!