Ајде те молам ако имаш време прати слики. Никогаш не сум била преку зима, а ептен би сакала да одам, секогаш само на лето. Порано додека живеевме во Македонија, дури по 2-3 месеци си седевме, со баба ми, дедо ми, братучедите, сестра ми, а преку викенди доаѓаа од Скопје мајка ми и татко ми и чичко ми и стрина ми.
Еве како изгледа струга оваа зима И да морам да кажам дека си ја обожавам посебно прошетките покрај езеро било дали во лето или во зима. Позз до сите стружанки на форумов.
Море ќе ѓи соберам јас еден ден на кафе Стружанкте од феминава .... Од најмало до најголемо никој нема да биде изоставен Местото и средбата накнадо ќе бидат објавени
Струга убава е само на зима, коа нема албанци шо те замараат. Лето е недај Боже, сама да не можиш да си одиш навечер.
Знае некоја линк од кампот кој го поседувал колку што чув Леку во Струга. Сакам да видам како изгледа.
Да не знаете каде има во близина на машка и женска плажа ( оддалечено ете 10-15 мин пешки) приватно сместување докај 300 ден? Би сакала да одам па ако имате некоја информација споделете
^ Абе ќе те сместев кај едни комшии,ама мислам дека повеќе не издаваат соби. Иначе познавам и едни луѓе кои дават соби за 300 ден.ама таму секогаш е фул.Pазбарај на интернет особено на пазар 3 сигурно има оглас и ќе се јавиш и ќе прашаш бидејки многу е битно колку души сте.Ако сте повеќе поевтино е а ако сте 2 на пр. можи и 500 да ви побараат.Ке ти пуштам во ЛП линкови што ги најдов на нет па ти јави се и прашај.(дане испадни дека ги рекламирам)
На 5,6 или 7-ми август идам во Струга,во Радожда,се сместуваме кај едни исти луѓе,убаво ни е таму Едвај чекам,си фаќаме место каде што сме сами и уживаме,многу е убаво :up:
Сега кога ќе одам до Охрид, планирам да скокнам на еден ден и до Струга, да се прошетам низ чаршијата и да седнам негде крај Црн Дрим. Ако може препорака за некој добар кафич, ресторанче и дискотека за вечерта?
За кафичи би ти ги препорачала Грифон, Албум и Ерато (порано Адмирал.) Во Грифон можеш да начекаш секаква музика зависи што има викендот.(мн. често има и бендови) Во Ерато најчесто има ДЈ и претежно има латино,хип хоп и р&б,диско хаус.(предноста на овој кафич што има голема летна тераса) Во Албум најчесто има техно и рок.(исто и таму има дј најчесто но понекогаш се појавува некој бенд) Од ресторани би ти ги предложила Св. Никола и Антика.(покрај дримот се ) Таму храната е највкусна и вработените се многу услужливи. Имаат нормални цени. Дискотеки има само 2 Револушн и Оаза. Доколку си љубител на турбо фолк во Револушн тоа никогаш нема да го најдеш,ама затоа пак има одлични рок бендови . А во Оаза најчесто сабота има пеач (како Јоце панов, Жаре Бербер, Ѓоко Таневски..сум била на сите и прават топ забава доколку си љубител на таквата музика), а другите денови т.е. четврток и петок има дј. Доколку сакаш на подседниш на кафе мафе шема,би ти предложила да одиш на Пливалиште или на Женска плажа. Ќе уживкаш покрај езеро. Спојлер во охрид ако планираш да одиш на кафе би ти предложила да седниш во аквариус или друг кафич само не во тие на плоштад.Нема потреба 3 пати дупло да го платиш кафето . А и бујрум на кафенце
Јас би ти го препорачала Версус beach bar само што деновиве не работи ради инспекции, па незнам дали ќе е отворено кога ќе си тука
Женски, фала ви многу на препораките, ми помогнавте ептен зошто не ќе знаев на која страна да одам во Струга. Туку, да прашам по дискотекиве и кафичите да не преовладуваат браќата па да не можеме на раат на кафе да седнеме. Исто и за плаживе. Инаку, благодарам и за поканата на кафе ама со тоа следи и една тура низ Струга, да знаиш.
Еххх Струга Струга,таму пораснав,не сум таму родена ама таму живеев 7 години,могу убаво градче толку е релаксирано да си шеташ покрај езеро,покрај дрим да пиеш кафе да ручаш,за жал не сум била таму 3 год и еве конечно сега за една недела ќе одам таму со душа чекам да си го видам градот каде пораснав и за прв пат ќе го носам моето синче таму иако е малечко година ипол и не разбира мн ама знам дека ќе ужива тамуу на луна паркот на плажата со песокот ќе си игра,ќе си трчка насекаде ќе ужива покрај дрим и ќе јаде рибаа
Хахах убаво ме потсети, таму бев на прв одмор со родителите.Беше преубаво.Сместени бевме на голема надморска височина.Селото се викаше Вишна или така нешто.Имаше поток веднаш под куќата.Куќата беше на пријател па не плаќавме сместување.Се возевме по 20 мин до пола саат до плажата.Ама баш си одморивме.Преку ден капење и сончање, после тоа на планина, зеленило, поточе и рај... Одамна беше ама памтам како вчера да беше