имам кука таму и одам секое лето и за мнгоу празници и многу ми се свиѓа...посебно центарот, дека е такво мало слатко градче , без многу градби, повеке природна убавина има ( мислев ко за разлика од плоштадот во скопје) и има убава атмосвера навечер...секогаш си се шетам и си купувам пуканки или крофнички и си купувам по нешто од тие уличните продавачи и многу убаво паркче има со зеленило и жива ограда....а и лето и за празници имате кај да одите, ние обавезно одиме на некој од водопадите и во Дојран
И јас сум од Струмица Прекрасен град ПС:Ставете слики,напишете некои интересни кафулиња или шопинг центри за да има поголема дискусија Еве од мене нешто И секако да не го заборавиме
Абе Струмичанки ќе ме примите на гостии е многу ви го сакам градот, пуста желба имам голема да дојдам ама никоја од другаркиве не се нафаќа...ама ова лето мора барем на еден ден да дојдам макар и сама
И јас сум од Струмица Не сакам да го фалам градот, повелеЈте на гости, па вие кажеЈте некој добар збор за градот.
Бев зимоска во Струмица (службено) и спиев во 404 хотелот...Градот е прекрасен, а посебно ТЦ Глобал, кој потсеќа на европските трговски центри...Морам да се пофалам дека во Струмица ја јадев највкусната пица до сега (само заборавив пицеријата како се викаше) - се наоѓа карши Дом на АРМ во Струмица...Секоја чест на г-н Заев - градот е среден тип-топ... :up: :up: :up:
Убав град е, а и плоштадот некако ми е поголем од овој во Скопје,а и убави спомени имам од таму така да радо би отишла паак
Последен пат бев за карневалот и се воодушевив од тоа како е среден градот и чист.. едвај чекам наредна прилика и да одам пак да се изнашетам,би го вброила во еден од најубавите и најсредени градови во нашава мала македонија
и јас сум од Струмица....си го сакам доста градчето...па Струмичанки може да направиме некоја збиренка кафе ово оно оваа лето...секако и од другите градови ако сакате повелете....
струмица е мало градче личи на лондон, во него има триста чуда како и ловен дом има една таква песничка иначе и јас сум од струмица и градот е ПРЕКРАСЕН ! И многу си го сакаам
Во Струмица сум била еднаш во животов, на екскурзија во седмо одделение и како што претпоставувате, многу од градот не видов Впрочем, не не‘ ни однесоа некаде. Седнавме во едно кафуле бидејќи времето беше никакво, а потоа заминавме за Цар Самоил хотелот, како што преспавме. Тогаш беше со лоши услови, сега каков е не знам. Сепак, ексурзијата беше пред 6 години. Е нешто што многу ми се допадна беше еден водопад во близина на Струмица. Прекрасно беше.... За жал, ниту една едина слика немам од тогаш. Луѓето... имам неколку пријатели од таму и да ви кажам Струмичани, многу арни луѓе сте. Малееее!!!!!!
Сега е реновиран плоштадот И од горната страна одат луѓе а од долната коли и има паркикнг А и Глобал е нов,незнам дали си го видела Мотелите и хотелите се реновирани и сега се многу поубави А водопадот да не бил Колешински водопад? А луѓето се добри човеци
И ЈАС СУМ ОД СТРУМИЦА!!! И многу си го сакам градот. Кој не дошол нека повели Имаме прекрасен ноќен живот, градот е среден- плоштадот е реновиран, новиот трговски центар е преубав а за околината да не ни зборувам- колешинските и смоларските водопади се прекрасни. Денска шема низ кафичи -преполно народ..убавина да тие да излезеш да прошеташ. И НАЈМНОГУ што ми се допаѓа е што за разлика од некои други градови кои често се спомуваат на вести во црна хроника во нашиот град слободно можеш да шеташ и доцна навечер со една другарка, макар и сама без страв дека нешто ке ти се случи. Тоа најмногу ми се допаѓа.
Не дека имам струмичко потекло ама стварно го обожавам градов. Среќа имам фамилија таму па можам да одам кога сакам. Преубав град, искулиран народ, има кај да се прошета, има забава, има се што треба. Кој не бил дефинитивно да оди да го посети градов и одма ќе се заљуби
Струмица. Не сум била, не помнам. И морам да си удрам една воспитна за тоа. Се надевам наскоро ќе си ја поправам оценката. Спомените ми велат - убав град. Но она што ми било отсекогаш посимпатично се луѓето, или барем оние кои ги познавам од таму. Наши блиски семејни пријатели се од Струмица и ќерките им се навистина прекрасни суштества, заедно со нивните мажи, дечковци, нивните другари. Ма нема струмичанец кој сум го запознала да не ми бил симпатичен. Само една бариера имам - дијалектот. Ау, седам со зината уста кога ќе се заборават и се трудам да фатам целина ама тешко оди, поготово кога брзо се зборува Така да девојки струмичанки, ајде сите на темата за дијалект, да ви го научам дијалектот да не седам со зината уста некој нареден пат, и доаѓам да ви го нападнам градот наскоро...се надевам!