Сакам да одам во Хотел Сириус за викенд сабота и недела, дали може некој да ми каже колку е ноќевање со појадок?
Струмица е мал град и секако ќе се снајдеш. Инаку сега за во зима убаво за на кафе ти е во Глобал-трговскиот центар. Таму имаш кафичи, и на топло си. На трети кат имаш кафич со ресторант за јадење на брзинка додека пијуцкаш кафе. За ресторанти овде нема некои посебни, ама јас како пицерија-ресторант N1 би ти ја препорачала Елизабет, таму нема да згрешиш со јадењето. Се наоѓа на влезот на паркот, т.е пред да влезеш спроти Бонита, која е огромна и секако ќе ја видиш. Незнам колку добро објаснив ама верувам ќе се снајдеш. За на вечер е истата шема како и денското кафе , нема нешто поразлично, освен ако сакаш да го посетиш Селект, кој во последно време не е ама ич од тоа што беше. Тоа е тоа. Убаво да си поминеш па да ни пишеш како си поминала.
епа ајде и јас да се приклучам кај струмичанките, и јас сум една од нив, па ајде сите тие кои што не ни биле на гости, да ни повелат
Еве јас да пишам дека сум веќе во Струмица. Хотелот Сириус не е лош, а спа центарот е фантастичен. Љубезни вработените, многу тивко и што е најважно чисто. Базенот и џакузито се прилично топли, супер за бањање, а сауните одлични. Денес бев во трговскиот, но не ми се допадна баш, пушат внатре. Секаде во Македонија по градовиве за жал се пуши, изгледа само во Скопје се казнува. Седнавме во ресторан-пицерија, убаво се најадовме.
Кога е карневалот годинава? По некоја логика треба да е на 1-ви Март, ама дали има официјални информации?
Здраво, ме интересира дали некој издава соби за една или две вечери во Струмица и како се движат цените?
Каде се наоѓа тоа дуќанче (БАТКА- некако така не разбрав) околу гимн. Д.Влахов? дуќанчето е за накит,козметика итн.
Веднаш на плоштадот позади кафичот 19. Гимназијата се вика Јане Сандански. Ако не си од Струмица а прашаш за Димитар Влахов нема да се снајдеш бидејќи е на другата страна од градот. Се надевам дека ти помогнав.
anyone?? и мене ме интересира истово поточно за open festivalot што ќе биде дали може да се најде сместување
Имам одено во Струмица. Баш и денес бев. Но, доцна отвараат повеќето продавници во Глобал. Пишува на сите што проверив, дека отвараат го 9 часот, а веќе во 09:30 кога заминавме од таму, не беа отворени.