Колку би сакала да одам, само за да се прошетам и да видам маски, но неможам. За жал. Здравје, другата година.
Јас ќе одам после, ама на кратко, нема да седам многу. Во Селект рипнале цените. 50 евра за резервација со флаша. Толку е најефтината варијанта. Иначе без флаша неможе да резервираш. Ко Дејвид Гета да доаѓа.
За први пут ќе идам вечер на карневалот со друштво Се надевам нема да се разочарам и ќе биде одлично Штета неможам алхохол малце да пивнам оти ќе возам Али да прашам , бидејќи не ја знам Струмица добро , каде би било идеално место за паркирање? , во центарот или некаде подалеку ? , по можност да не ме собере некој пајак
Ако одиш навечер, ќе биде гужва и сигурно како и лани и преклани ќе има сообраќаец. Кога ќе влезеш во Струмица, кружниот тек го поминуваш (првиот големиот) и одиш десно. Јас таму паркирав лани зошто немаше место. А ако одиш право накај центар + навечер....ќе те вратат назад.
Јас бев во Селект.Многу беше гужва, жешко не се дишеше.Како сардини бевме сите исполепени и плус сите те буткаат од страна.Култура некаде под нулата.Плус шо се пуше внатре на толку гужва, а и таа пареата шо ја пуштат ама ич не им требаше на тоа жешкото.Забележав многу луѓе од страна, од Србија имаше, а у вецето се запознав со едни Бугарки.Ама се на се вредеше оти БангЛаДекс направи многу јака атмосфера.Ем веќе беше малку растеретено па можеше слободно да се игра. Кој бил знае.Одма се познава ограмна разлика во класа на диџеи . Преку денот имало многу убава журка во Деветнајската ама јас не стигнав да идам морав да се спремам, малце ми е криво сеа.
Девојки некој од Струмица да ми помогне,еднаш на едно знаменце македонско на декларацијата пишуваше некоја фирма од Струмица ама сега никако неможе да ми текне на името,а на нет неможев да најдам ништо такво па би ве замолила доколку некој знае магацин што продава на големо играчки,реквизити за навивање и слично да пише.Фала ви
Јас само поминав низ Селект и сликнав надвор гужвата што чекаа да влезат. А не влегов. Имаше многу добри маски и имаше многу гужва. А и добро организација оваа година.
Сакам да ја посетам Струмица. Би ве замолила вие кои што сте од таму да ми предложите добар кафич, ресторан, пицерија и други места!?
Скоро сите кафичи и ресторани што ќе ги сретнеш на плоштадот се добри. Во кафе 19 келнерите не се многу пријатни. PR кафе и Concept се добри места исто би ти ги препорачала Que Pasa и Extreme, пријатни места и за јадење и кафе.
PR Caffee и пицерија Amor имаат многу лоша услуга. Happiness, Select, Que Pasa се едни од подобрите. Има една од Select нагоре кога ќе идеш има една ќебапчилница, Дукат мислам дека се викаше. Таму е добро јадењето. А во Happiness стварно имаш многу убаво јадење.
Струмичанки дали во Струмица има продавница за материјали за шиење (конфекциски материјали за шиење) и ако има каде се наоѓа?
@ana-banana Има, над старата автобуска и на старата чаршија. А и во сабота на пазар имаш поголем избор , а и цените се далеку пониски.
@Marick14 Марикe .. Да бешее од Струмица валјда ке знаеше дека Дукат (мислеш дека такаа се викаше ) не е само кебапчилница туку и ресторант има одма се споени само со различни влезови .. .. @Hajdi22 во центарот на градот имаш од ресторани пицерии кафичи се што ти душа сакаа ситее се интересни места , значи не верувам кај и да седнеш да е утка.. и од кафичите Селект и Платинум .. Ако веќее одиш посети ги и Цареви Кулии баш инт. комплекс малку е поодалечено од градот ако мн. пријатно место .. ако веќее седиш некој ден повеќе и водопадите вреди да ги посетиш ..
@Winter Lady , Дукат пицеријата е затворена оддамна. А комплексот е пријатен можеби за седење. ама храната и услугата се за никаде.
Па знам дека е затворена де .. ама не видов мислењето од кога му е напишано , сега увидов .. не сум ко падната од марс .. епа сега и убаво и услуга и све задоволен е нема тоа ти је .. еднаш ке оди нема да им замери барем .. а и не се до толку заникаде сега незнам зависи од денот и расположението нивно нел ? а за храната јас сум задоволна .. секој различно