Не ја знам Струмица толку добро дали може подетално да ми објасниш локациите како да ги пронајдам? Во недела не работат продавниците така?
@ana-banana Не, не работат. Старата чаршија е едносмерната улица со дуќани , а Матекс(кој и да прашаш знае каде е ) е под чаршијата, од бутик Торзо кога се пушташ надолу накај старата автобуска( сега на тоа место се гради зграда). Мислам дека ако прашаш некој на лице место ќе те упати убаво. Незнам колку добро ти појаснив.
Струмичанки да не знаете некој во Струмуица што издава стан ? Барам по огласиве ама никаде неможам да најдам. Доколку имате некоја информација пишете ми во ЛП.
Барав таму ама нема добри понуди, скапи се цените а становите не вредат. А мислам и дека не објавуваат многу по тие сајтови па викам да прашам тука може ќе се најде некој што познава некого.
Еве ме мене пак. Кожен доктор во Струмица каде има ? Сакам да изгорам неколку од оние што се појавуваат на вратот како мевциња, ама не знам дали има некој доктор што работи со течен азот.
Новата болница последните сκали после гинеκологија ама тρеба упот.Има повеќе доκтоρи.Имало κρема за фоρење мене таκс ми κажа имам една лепотица испаκната на вρатот и ме заκачува па и јас се мислам за тоа.
А приватен некој ? Мене ништо од креми не ми помогнало, само со течен азот. Е сега малку е непријатно на почетокот ама не е страшно, одма поминува.
Има приватен, еве информации https://www.facebook.com/PZU-Primaderma-1554955461433552/timeline/ Јави се ќе ти кажам кога да одиш.
Дали некој има отидено во туристиЧкиот комплекс бела вода во струмица?Пофалби и Поплаки и за цена да пиши од веЧер по лице колку е?инаку на сликите местото е фантазија
https://www.facebook.com/kompleksbelavoda?fref=ts Храната е добра, скарата е добра гарнирот океј,палачинките се убави ама грнињата се многу мали и има плескавици 300-400 денари кои што не вредат толку.Нема пици, пастрмајлии салатата е добра.Како и секаде се слични цените само плескавиците се скапи.Нема многу избор во менито.За спиење многу е скапо од вечер 3000 ден.некаде може и повеќе можете да пишете инбокс на страната ке ви одговори некој.После суви лак се наоѓа уште неколку км.Има и коњи за јавање, има базент лето да се бањаат, интересно место вреди да се посети. Кога веќе доаѓате посетете го и ова https://www.facebook.com/Kompleks-Carevi-Kuli-464978296929463/
@Pussycat Мене пак не ми се свиѓа тоа место. Сум била само еднаш и можам да речам дека од ништо - нешто е напревено. Заградиле каменчиња, ресторанче, коњите таму, еден базен со риби и тоа е. За цените не знам, не сум јадела таму. А за љубители на природата нема ништо посебно. Има како патека што води нагоре, ама не излегува никаде, само пустелија. Јас не го препорачувам местово. Подобро оди на некои од водопадите (особено Колешински) или пак Мокрински извори. Бела вода не препорачувам. Истото го мислам и за комплекс Цареви Кули, ни тоа не ништо посебно, како зоолошка градина е направено и еден ресторан, ама сепак е подобро од Бела Вода, според мое мислење.
Дали знае некој каде можам да најдам приватно сместување за карневалот? По нет многу слабо има огласи. :/