Не знам Мацка, немам влезено од кога имаат донесено летна колекција, ако излегувам после низ град ќе проверам и ќе ти кажам. За што точно те интересира? Ниски или високи?
Имаше едни ниски жолти и ташничка исто жолта. Тие ми се допаднаа. Јас зимоска бев и си зедов од таму за разлика од кај нас беа доста поевтини. Фала ти Дафи
Фала а случајно да не имаш инфо како се движат цените таму,сакаме да прошетаме до таму,некое место препорака? Извини уште ова прашање те отеков ако знаеш случајно цените на сандали на полна пета во глобал колку се и до таму би шетнале бидејќи има мн ефтини работи
@Acka22 на Бела Вода се океј цените, нормални да кажеме, ако ги споредиш со Скопје, поефтини. Во тој дел погоре на некој 20км е Берово, таму се Манастир и Аурора, јас предност на Манастир му давам. А доле во Струмица т.е во околината , после Н.Село има уште два вакви слични ресторани, едниот е Лебедово Езеро , другиот Атлантис на Смоларските водопади. Од овие две на Лебедово е многу подобро и цени ,услуга,храна. Инаку цените насандалите на платформа се од 1200 ден нагоре. До кај 2200 најмногу.
По старата чаршија и во Глобал. И по булеварот према Гловал кога одиш има по некој дуќан од двете страни.
Кога излегуваш од главниот влез, таму каде што е рекламата Градски пазар, одиш према семафорите и се право. После судот вртиш лево, нема како да ја промашиш чаршијата. Кој и да прашаш ќе те упати. А булеварот е на другата страна на влезот на Глобал, кај Дуки Дасо на приземје. Ќе го препознаеш.
Не можам да се сетам конкретно на цени ама се сосем нормални. За двајца со десерт и се нема да ве фати повеќе од 1200ден.
Да. Аурора е најскапа од трите. По квалитет на храна јас секогаш ги бирам Манастир. Со најубаво сирење и разни видови домашни баници, зелници. Вистински вкус на традиционална храна.
Од болдираното би се согласила само за цената. Во Атлантис можеби е малку поскапо но според мене неспоредливо подобро. Лебедово Езеро се наоѓа во подножјето на планината на место каде нема доволно струење на воздух и во моментов е прежешко и неиздржливо а навечер заради водата било полно со комарци.. Дополнително, местово е толку популарно што постојано е преполно па услугата е катастрофа. Последен пат во Лебедово бев со фамилијата пред две недели и мислам дека ќе помине многу време пред да се вратам пак. Имено, откако едвај успеавме да резервираме маса, во 11 часот се нацртавме ние на ручек бидејќи за покасно требало да резервираме неколку дена порано. Прво едвај уловивме келнер па откако добивме салата чекавме повеќе од два часа за храна. При тоа температурата на воздухот толку порасна што беше невозможно да продолжиме да седиме така што кога конечно стигна јадењето ние веќе бевме спремни за сметката. Кафе дома си пиевме. За разлика од ова искуство минатиот викенд бевме на ручек во Атланис. Ресторанот е сместен во срцето на планината, меѓу дрвјата, врз брзата планинска рекичка. За волја на вистината гужва беше и таму но амбиентот е непроценлив. Во врска со храната Атлантис нуди помалку врсти на храна по незначително повисоки цени (се декларира како традиционален ресторан па не очекувајте пица или палачинки) но квалитетот е одличен.
@Vertigo TJ ете моето искуство е сосемо спротивно. Неколку пати одам на Лебедово. Газдата на Лебед е добро познат угостител , квалитетот негов не може да се споредув од Атлантис кој прекупува производи. Еднаш во Атлантис не седна на маса со други луѓе дека гужва. Плус немаше вода, па за кафето не натераа да си ја платиме водата. Од тогаш не благодарам. Без разлика на воздухот и се останато, му треба време на Атлантис да стане угостител во прав збор. На крај секој со своето искуство и впечаток.
Бела Вода за 2 август ја имаше најспората услуга што сум ја искусила А имаше доволно FOH персонал, не беше поради тоа.. Аурора со цените веројатно е меѓу поскапите во тој регион, сепак за пијачките имаат сосема коректни цени (ова кажано од скопјанка може не звучи мн убаво, поради цените кај нас) Но не секогаш пуштаат гости од надвор.. Во Манастир се оди за храната, но сепак во Берово постојат и други места каде што храната е перфектна во секоја смисла на зборот.. Иако Манастир ја има најдобрата плескавица, бабина торта, качамак со клиси.. Во Атлантис бев пред милион години, имаа добра услуга А ова Лебедовово, каде е?