@Dust во Атлантис не си била пред милион години затоа што го отворија пред 2-3 год. најмногу.. а Лебедово езеро ти е пред ресторантот Атлантис..така да ако си била во Атлантис мора да си поминала покрај Лебедово..на едно 2км одалеченост се..
Со оглед на тоа колку патувам и колку пропатував само во последниве 12 месеци, дури и пред 6 месеци за мене е одамна.. а не па година и повеќе. Ако толку те интересира, 14 август 2015год, петок. И ми се чини дека беше некој месец отворен или нешто меморијава ме издава.. А тоа дали сум поминала покрај лебедово или не, не знам. Не знам каде е не сум била. Ме носеа наменски во Атлантис, толку видов и толку знам. Нема да се правам будала да прашувам каде е ако сум видела.. Патем, за 2 години услугата и квалитетот може значително да опадне/порасне. Особено на локал што е штотуку отворен. Токму и поради тоа немам пишано ништо повеќе за нив.
Има ли феминка од Струмица? Барам соби за издавање за фестивалот неколку вечери. Четири пријателки сме, баравме по огласи ама некако не можевме да најдеме.
Градот на мајка ми оффф колку само сакав да се преселиме таму кога почина татко ми најубавиот град во Македонија....да не го запознаев мм сега најверојатно ќе бев таму секогаш ѝ се враќам со радост
Здраво луѓе Да ми препорачате кафана ресторанче за ручек со убава храна, фино место пригодно за со детенце? И кафуле и некое слично местенце? Фала
Вила парк има отворена игротека и фина храна. Кафе за со дете нема баш освен ако ти седи на едно место. Шалом е исто ок , само настрана се играчките, исто надвор. Ќе се пуштите од центарот надолу. Таму се и кафулиња и ресторани. Се со долу низ паркот.
Штом е целодневна најдобро во паркингот под центарот. Во подвожнакот. Таму се плаќа од час и нема ограничување колку да стои колата. Ако е за утре- недела тогаш бесплатен е паркингот низ булеварите. Е сега во денови кога се плаќа имаше ограничување колку може да стои паркирано возилото, а за недела веројатно нема ама не сум сигурна. Пишува на таблата. Има на секое ќоше. Ќе се снајдете секако.
Викенд после 21 часот зонскиот е бесплатен. Инаку поефтино е во подвожнакот 20ден прв час , секој нареден 10ден. А на зонското има ограничување од два часа. 30ден од саат е. Во црвената зона т.е таа на центарот.
@duffi ако можеш да ни кажеш каде има најубави кафичи пошто ние со другарките планираме да одиме до Срумица, ќе ни биде прв пат, па не знаеме што како.
На центарот по шеталиштето се наредени сите кафичи. Почнувајќи од горе е Que Pasa, па надолу Кафе 19ка, Концепт, Голд ... Подолу према паркот се рестораноте и пицерии. Кафичи имате и на леблибиџиската т.е од Que Pasa по скалите денос. Таму се Uptown, Select, некои во рок стил и интересна и вкусна храна има најгоре на таа улица во Salt&Paper. Каде и да седнете е сосем океј.
Струмица е среден град со убава инфраструктира, со среден плоштад, центар, шеталиште, со добар избор на кафичи, ресторани, пицерии..., познат по производство на земјоделски култури, но и дрвна индустрија, мебел и др. Во целина, градот живее.