Ти струмичанка ли си ? Не знаев Татко ми е струмичанец , така да пола роднини ми се од тој крај. После Штип, Струмица ми е топ град во Мк за шетање, опуштање и шопинг. Цел живот викав ќе си барам маж од таму, ама дечко ми е од западна Македонија па жив циркус сме со дијалектите Едит : Најубавите жени во Македонија се струмичанки
Coco perla мислам дека имаат убава роба, се наоѓа во Глобал. Исто и по таа улица спроти Глобал(кај што се наоѓа Т-мобиле и Елена Лука) во тие бутици има доста избор. Ама цените се изгор, незнам како е во другите градови и јас лани барав фустан во Струмица ама стварно претеризам. Поубав фустан нема шанси да најдеш под 3.500ден.
Здраво, девојки! Ми треба мала помош. Прв пат ќе одам за Струмица, па да замолам да ми препорачате добар ресторан( вкусно јадење), кафич, пицерија.....Ви благодарам однапред.
Гледам многу нови локали отворени во Струмица. Salt & Pepper, Babylon... etc. Ок се? За храна се мислам Buongiorno, или Елизабет, кафе Концепт... ќе згрешам, или?
нема да згрешиш,за храна најдобар е Елизабет ,а спроти неа има друга пицерија,Бонита. Има нови локали исто така.
Превкусна е храната и во Салт. Да пробаш. Бабилон кафич, не е лошо. Од Бонџорно и Елизабет секогаш Елизабет.
Здраво, планирам да ја посетам Струмица викендов, никогаш не сум била. Па ако може да ми препорачате местенца и за прошетка и за разгледување, култура/природа се тоа. И секако, места со убави јадења. Фала
За убава храна одамна не сум била, на секој ќош има сега ресторанти ама мене ми е Шалом некако најдобар избор. За шетање во Струмица тоа е плоштадот, старата чаршија, градскиот парк и црквата св. Петнаесет. Ако е убаво времето отидете до Смоларските или Колешинските водопади Може да го посетите и манастирот во с.Вељуса, доста посетен е.
Здравоо. Би сакала да ми предложете ресторан за свадба за околу 110-120 гости. Ми треба некоја мала сала претпоставувам, а не сум од Струмица за да знам кај да се обратам баш. Само не би сакала Шалом и лебедово езеро да биде тоа сум сигурна. Ги Прифаќам сите други предлози. Фала ви девојки
Струмичанки, предложете убав ресторан кај вас, со вкусна храна, да не е многу формален (како ДеГусто пример) и некој кафич/дискотека што работи до подоцна. Знам дека има избор кај вас за сечиј вкус. Да напоменам, не сме тинејџери , да биде соодветно за 30+ годишни жени
Струмичанки ми треба сместување за една вечер токму во Струмица, но цената да биде колку што е можно пониска. Дали знаете такво место?