И јас сум од Струмица. И, мирно е во Струмица, ноќе се оди слободно, не е страшно како во некои градови. Тие што не сте дошле, да дојдете на гости. Обавезално! Сега многу ни е убав плоштадот. ГТЦ Глобал исто така.
Често одам, блиску ми е па секогаш е добредојден шопинг во Струмица. Многу ми се допаѓа како град, доста солиден е за шопинг, за вечерни излегувања е исто супер, за дневно кафенце и прошетки.. ма се има во Струмица Во последно време се почесто одам, баш добро се чувствувам во Струмица. Би живеела таму без двоумење, го сакам градот многу. Ем мирно, ем убаво.
Гледам повеќе феминки коментираат за тоа како Струмица е мирен град за разлика од другите градови во Македонија. Да, тоа е точно, бидејќи во Струмица нема толку голема мешавина на етнички групи и националности како на пример во Зaпадна Македонија (каде тензијата меѓу истите е многу понапната). Инаку, доколку не се внимава и треба да се случи нешто лошо, тоа може да се случи секаде. Но, главно можам да кажам дека Струмица е еден од најубавите градови за живеење (барем во Македонија). Доколку целата таа смиреност, среденост, колоритност се измеша со преубавиот ноќен живот, метежот и врвулицата од народ преку денот, веселите и горделиви струмичани и струмичанки тогаш ќе сфатите каде може да го почувствувате и допрете совршенството на урбаното живеење. You're welcome!
^Секако дека секогаш ќе има некои манијаци, не велам не, тие се насекаде, психопати, ама за разлика од другите градови е далеку помирно.
Хаххахаха За оние што не знаат Ш'к'дм=Шутка (само во помал размер од Шутка). Смрдеа, фаци, гужва-исто е се.
Не ми се допаѓа струмучкиот дијалект ептен ми е грд имав една другарка од Струмица и одвај се разбиравме, иначе градот многу ви го сакам, сакам да ви дојдам на гости ама досега сум немала прилика П.С. Струмичаните се
и ја си го сакам многу градот луѓе од различни градови ми имаат кажувано дека Струмица го сметаат за најубав град во Македонија,се разбира дека е најубав исто и градоначалникот Зоран Заев го сакам многу,ваков градоначалник ни сме имале нити ќе имаме не само затоа шо ни ја направи Струмица метропола туку и самиот човек е толку мил,заинтересиран за луѓето и нивните проблеми абе срцка а за дијалектот баш ни е кул не ни треба како на скопјаните 2 саати една реченица да изговориме
Јас пред 2 години живеев 2-3 месеци во Струмица, и ми се допадна многу... Имаше и кај да се излезе, за викенди шетавме Смоларските и Колешинските водопади, нарачував највкусна пастрмајлија, местото не ми текнува како се вика, и со неа секогаш ми носеа превкусни феферончиња Има убави места, едното ми беше омилено за јадење, таму некаде низ паркот беше, има и горен дел, онака како куќа, и доле како дворче прекрасно уредено, и најчесто таму јадевме... Мирно, убаво, тивко, топло место за живеење, а и луѓето ми се допаднаа, за разлика од другиве наши гратчиња кај што ич не се гостопримливи... Морам да кажам дека ја имав честа и да дигам раце во Пепи и Шабан , нели посета на СР неможе без нив да помине... Се на се, многу убави 3 месеци поминати таму, плус што на крајот го фатив и мај, па се убив јадејќи вкусни и ефтини цреши додека во Ск уште немаше, а со оглед што тие ми се најомиленото овошје, ова беше еден голем плус за градот кај мене А да, и маж ми откако го познавам, најубаво беше ишишан токму во Струмица
Сум била во Струмица многу пати и можам да кажам дека е во тешка борба со Гевгелија по гостопримливост - луѓето се многу позитивни, срдечни, услужливи. Гратчето е мало, се шета за кратко време, ама средено и развиено- цените се ефтини, луѓето се дотерани, опуштени- ми се допаѓа многу Селект, ептен убаво е направен, а лани бев и на водопадите и можам да кажам дека имаше луѓе од цел свет па и од Австралија- што ептен позитивно ме изненади. А за Карневалот немам зборови цела Македонија и Балкан тогаш е во Струмица, сите под маски- не се споредува со другите карневалски места во државата ( Вевчани и Прилеп) овде какви маски имам видено Само зошто го правите во зима бре- ептен е ладно Единствено не ми се допаѓа влезот на градот- премногу Цигани, отпад, старо железо - струмичани, треба да обрнете внимание на тоа повеќе.
Темата е дискриминирачка Како тоа за Струмица да има, а за Велес да нема м? Се шалам, добра идеја е со темава, мада сега ја забележувам, да отвориме теми за повеќе градови, на пример јас ќе отворам за Велес, па таму да си коментираме дешавки, да зборуваме за градот, нели типично велешки, со момите велешки на форумов Можеби и се направи пропуст па нека му дојде како еден вид предлог, овде да се направи нова категорија Македонски градови, па така да си отвараме теми за нашите градови и да си дискутираме новини, трачеви и сл Него, на темата. Во Струмица имам отидено еднаш, во 5то одделение не носеа на ексурзија во Дојран па така, поминавме и низ Струмица. Ако добро се сеќавам, имаше ваљда проштад и едни огромни споменици како залепени на ѕид, тука во близина имаше една фонтана со ситни плочки, и наравно, колички во кои се извозив неколку пати Во околината имаше и трафики. Толку се сеќавам. Ако имам прилика би дошла сега да видам како е, слушам многу ја фалат
ти си доагала од таа страна преку валандово....ако некогаш дојдеш преку од другата страна значи скопје штип радовиш патот многу по убав влез ке најдеш....мада и мене ме нервират овие циганите таму стварно бе зашо не ги иселат?
Леле мори Сеси што мајка си барала баш од таму да влезеш во Ср? Значи си влегла низ транзитниот пат каде лево од патот има милион куќички со многу ѓубре (тоа е циганско маало) а десно од патот неколку откупи на старо жлезо! Полошо од тоа здравје! А иначе тоа ни е најнесредениот дел од градот и ти баш тоа си го видела ! Ќе се прави тој пат наредните години, колку што знам јас ќе се гради нов транзитен пат! И ова морав да го цитирам за да кажам дека градот СР не баш мал град! напротив,доста се проширува па дури селата што беа блиску да градот веќе се споени со самиот град (зборам за Добрејци и Дабиле (струмичани ме разбраа сигурно)) Можеби СР е помал од Битола, Скопје но е поголем од Радовиш, Гевгелија, Виница... па затоа би го ставила во градови со средна големина! Цените исто така од година на година растат, па според моите проценки наредните неколку години ќе имаме многу високи цени,ама тоа е! Оффи ма, колку промени има направено од тогаш до сега треба само да видеш! Стариот мермерен плоштад го нема, спомениците на ѕид се преместени а фонтанката е срушена! искрено ми недстига стариот плоштад! Сега имаме нови споменици, нова модерна фонтана, многу нови кафичи! Се надевм ќе имаш прилика да не посетиш во скоро време!
Струмица е држава, па како е среде центарот за мерак.Да го занемариме фактот со одпадот и циганите на влезот, во целост е преубаво. Струмичани се многу гостропримливи луѓе сите продавачи ти се обраќаат со срцка, со тетичка, се насмеани дотерани браво за Струмичани. А од магазини и продавници да се заборавиш од шетање.
Кој ќееф ми се прави на душата не сте свесни! И ај стига веќе за влезо у Струмица, ви кажах јас ќе се среде и тава! (морав ова на Струмички да го ,,кажам,,)