Си ме спреварила со веста. Сакав денес да ја објавам, ама браво! Инаку, едвај чекам да го отворат. Сигурно барем еден ден во неделата ќе сум на рекреација. А се надевам ќе ги привлечеме и комшиите од другите градови да идат кај нас.
Конечно и тука ќе имаме лизгалиште. Едвај чекам да се отвори, само, ниту еднаш се немам лизгано, немам појма како ќе лизгам. Спојлер Патем, зборување на дијалектот наш можете да си го продолжите во темата - kafe-muabeti/da-zboruvame-na-dijalekt-t964/3290.html?hilit=%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8 , а договарањето за средби - по ЛП или евентуално во соодветната тема - kafe-muabeti/femina-sobiranka-t3600/240.html?hilit=%D1%81%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0#p709566 За да се задржи прегледноста на темава и да имаме повеќе информации, слики, описи на нашиов мил град.
Мооооооооолам?! Тоа е Струмица?! Од сликите БиЈу што ги стави?! Па вие сте среќни бре девојки што живеете таму! Колку е прекрасно средено, секоја чест! Јас кога бев ви кажав на почетокот од темава на што се сеќавав, ама ова сега како е направено стварно останав спичлес Дури и почекав да ми ги отвори сликите иако ми е нетов тиње само да видам, значи тоа паркот, зеленилото, плоштадот... Секоја чест, навистина немам зборови, ми кажуваше мене сестра ми дека убава била Струмица (за НГ таму беше), ама не сум мислела дека до толку. Значи Струмица ми остана единствена непрошетана во тој дел на земјава. ЌЕ ви дојдам, да знаете, скоро да ја имам надолж и попреку прошетано Македонија, морам некогаш да направам некоја тура натаму, па и до Гевгелија, и таму немам никогаш отидено. Ма не бре, ова мора да се види со свои очи, во живо... Да се почувствувам дека сум некаде во Европа! Е! Ова е Европски град! Ви завидувам, готово
Ај некоја нека стави слики од нашата украсана Струмица,прекрасно е низ градот,се чувствува предновогодишната атмосфера
Во Струмица сум била еднаш, лани на екскурзија. Престојувавме во хотел Цар Самоил. Еве некои слики од водопадите и црквата Света Богородица.
Денес беше отварањето на лизгалиштето. Првите два часа лизгањето беше гратис. Фотки ќе прикачам утре.
Браво за Струмица и за Заев (симпатија ми е ). Блонд чекаме слики да ви го видиме лизгалиштето и сакам да знам колку чини. Чекајте ме после нова година доаѓам да се излизгам
Беше ли ти Блонд?Јас сакав ама бидејки не сум пробала...став ми е Ама утре сигурно ќе одам Инаку гледав јас од ТВ на центарот даваа како се лизгаат...Скрши ли некој нога или рака?
Ајде доаѓај, ќе се дружиме Работи секој ден од 10.00 до 24.00 а цената мислам дека е 100ден час ама не сум сигурна. Утре одам на лизгање, па ќе ве известам. Не седев многу бидејќи ми беше ладно, а не се ни лизгав од истата причина. Ама утре одиме со мажулето заедно да направеме некое кругче. Инаку, претежно мали деца се лизгаа (оние што возат ролери по плоштадот, ги познав ) Еве слики превземени од интернет. Спојлер Овде има повеќе слики. http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10150614095158957.483804.231002903956&type=1
Еве некои фотки што можев да најдам по нет,уште го немам видено пошто сум Скопје али деновите си бегам и ќе го испробам
И мене ми е страв. Башка и не знам ролерки да возам. Како и да е, прекрасно беше вчера кога ги гледав децата како се лизгат. Прекрасно ни е лизгалиштето! п.с. За деца е 50денари иначе едит - Цаци, никој не скрши рака, нити нога. Само оние помалите деца испопаѓаа, ама ништо не им беше.
бев во април некаде месец дена во струмица и мора да признаам дека се воодушевив од тоа како Заев ја скоцкал струмица па сеа и ова лизгалиштево мх мх бидете среќни што го имате
Струмица е преубава!!!!! Знаев дека е убав град, ама денес се потполно уверив во тоа. Леле секоја чест и за украсувањето и за лизгалиштето... Воодушевена сум! Прв пат некој град ваква да ме остави. Како во некоја метропола да бев. Стварно, преубави импресии.
Ааа, Аврилке, срам да ти е, доаѓаш на гости, а не кажуваш. Ах, тоа лизгалиштето колку мерак ми прави...
јас можеби ке бидам нападнета ама оваа лизгалиште е тотален промашај,отворено на сред центар глупост..со еден збор Х особи ке перат пари...замисли паге некоја девојка некој ја виде и ке и пукат сеир....него не сакам да навлегувам на оваа тема,сакам да питам оваа кафето што бидна или од бразил го чекаме да пристигне пресно
90% од лизгалиштата се на отворено, поретки се затворените. лизгалиштето во Аеродром лани во центарот на Скопје А ово сигурно е прекрасно зошто е во New York , таму сигурно не пукаат сеир Ако не се прави ништо зошто не се прави, а кога ќе се направи нешто толку прекрасно како што е лизгалиштето, тогаш и на тоа ќе се најде мана.....само да се мрчи нешто Да не бидам офф, додека бев во Мк, двапатти бев во Струмица и градот е прекрасен, чист и убаво уреден.