не споредувајте светски метрополи со нашава Струмица,значи прво и основно овде е сеирски менатлитет,па на фб веке имам видено 2 слики од девојчиња (околу 21 год) како се паднале и овие сеир им пукат....низ земјиве никој не стои само да слика кој паге овде глупердиве Струмички ДА.... И уште нешто не е работава (само да се мрчи) па у пм и јас сум од Струмица сигурно нема да напаѓам ако сум во право,зошто за некои други работи не мрчам а? Ке дојдете еднаш двапати овде и мислите во Ср се е розево е не е богати....
Zoza не би да се расправам,ама од далеку се гледа дека си тежок вмровец кој сака да плука по градоначалникот Што му фали на градот? Овде дискутираме за градот а не за народот во него. Струмица е еден од најубавите градови во Македонија после Скопје,ама очигледно се што е наше не чини.
Во Струмица до сега сум одела само на карневали или на брзинка на поминување па не сум имала можност да разгледам.Ама последен пат кога бев и кога имав прилика малку повеќе да прошетам искрено се изненадив...градот многу ми се свиѓа и убаво е среден.Широк плоштад,подземниот премин е исто добар,тесните уличиња накај дискотеките...и што е најбитно многу е чисто,јас едно ѓубренце на улица не видов.И на крај за јадење многу пријатно ме изненади и пицеријата Дукат.Убав амбиент,пристапни цени и стварно вкусно јадење.
“Струмичкиот карневал“ нема да го промени периодот на одржување на карневалот, останува за време на “прочка“, го менува денот на главната карневалска вечер, наместо во вторник ќе биде во сабота, а Маскенбалот ден пред тоа, во петок. Карневалските празнувања ќе траат седум дена, започнуваат во четврток на 23-ти февруари со “Концертот под маски“ на Музичкото училиште “Боро Џони“ од Струмица. Во петок е традиционалниот Маскенбал кога ќе се изберат принцот и принцезата на “Струмичкиот карневал 2012“, кои ќе ја предводат долгата поворката од разновидни маски. Главната карневалска вечер или како што велат организаторите, Интернационалната карневалска вечер, ќе се одржи во сабота, започнувајќи од 17:00 часот. Зборното место, формирањето на поворката и почетниот старт остануваат исти, од ЕВН Македонија, покрај хотел “Илинден“, главната зграда на “Македонски пошти“, по должината на Булеварот “Маршал Тито“ од кај “Тинекс“ до Трговскиот центар “Глобал“. На главната раскрсница се свртува лево кон хотел “Централ“, па десно до Собранието на општина Струмица и продолжува десно кон плоштадот “Гоце Делчев“, каде ќе се изведуваат карневалските точки. По завршувањето на триминутниот настап, секоја од маските продолжува кон “19“-ката, покрај Струмичката библиотека, а кај Домот на АРМ маските се одделуваат од поворката. По претставувањето на сите маски, околу 22:00 часот во подземниот паркинг простор од плоштадот “Гоце Делчев“ ќе се одржи целовечерна карневалска забава, “Гаража парти“. Детскиот карневал останува на сам ден “прочка“ во недела од 11:00 часот, а на 27-ми февруари, “чист понеделник“, на плоштадот ќе биде организиран “ручек на отворено“ на бел грав или како што велат струмичани “фасуљ“, додека вечерта во 19:30 часот во Центарот за култура ќе биде отворена изложба на карикатури од наградниот конкурс за карикатура посветени на карневалот и доделување на наградите од конкурсот за афоризми на тема “Карневал“. Организаторите, поместувајќи ја Главната карневалска вечер, (во организирана форма) од вторник во сабота, кои ја иницираа младите од “Младинскиот Совет“ на општина Струмица, ќе го поттикнуваат некогашниот начин на одржување на “Струмичкиот карневал“, во вторник вечер, кога и секогаш се одржувал карневалот, маскирани лица да одат во домовите на армасаните девојки. “Не сакајќи да ја изгубиме традицијата, ќе дадеме посебен акцент на обновување на посетата во домовите на армасаните девојки, со традиционалното “карневалско корзо“, кое ќе го направат наградените маски од Главната карневалска вечер, кои ќе имаат обврска, облечени во своите маски да дојдат на бината да ги примат своите награди, потсетувајќи на времето кога “Струмичкиот карневал“ се одржуваше на Струмичкото корзо“ – рече на денешната прес конференција претседателот на Организациониот одбор, Александар Цицимов. Тримерските обичаи во домовите на армасаните девојки, како составен дел на “Струмичкиот карневал“, остануваат како и секогаш во среда, со кои завршуваат годинашните седумдневни карневалски денови во Струмица. Превземено од http://strumicanet.com/component/co...-02-02-22-27-39/1644-2012-01-12-01-46-37.html Па народе, повелелеееееееееееее!!!!
Е јас мнооооооооооогу ви ја сакам Струмицата ! Сум била само 2 пати, се на карневали, и имам само едно да ви кажам - луѓе, вие знаете како да се забавувате!!! Многу ми се допадна ноќниот живот, сите играат, мнооооооооооогу убави девојки (за оние кои не биле, верувајте, не зборуваат џабе за ова), цените топ! Јас почнав да си ја припремам мојата маска, така да за разлика од лани, ова година НЕМА ШАНСИ да го пропуштам карневалот
Може ли некој да ми каже Кој е најдобар хотел за престој во струмица за два дена, да биде луксузен и обавезно со џакузи и колку се движат цените за престој за 1 вечер Ве молам
Младинскиот Совет на општина Струмица во соработка со Средните општински училишта во вторник, 14-ти февруари, на “Денот на вљубените“ и “Денот на виното“, организираат забава на Градското лизгалиште во Струмица, со почеток во 12:00 часот. Како што ни рече Петар Божинов, претседател на “Младинскиот Форум“, по повод овие два прекрасни празници на љубовта и виното, сакаме да направиме меѓусебно дружење меѓу нас младите, но и повозрасните кои ќе бидат таму. Ќе се избира “највљубен пар“, “најдобра порака“, а ќе има и “гратис гушкање“ за оние околу лизгалиштето. Планирана е и декустација на колачиња и вино. Превземено од http://www.strumicanet.com/europe/item/2387
колку ни е само убавооо уф мори мајкооооо би дала милион евра (да имам) за да си дојдам на карневалот но нема фајда
http://www.youtube.com/watch?v=8J1ER9gY ... r_embedded Само еднаш сум учествувала на Струмичкиот карневал и тоа пред 2години. Ама секоја година сум присутна на карневалите по Струмичките дискотеки.
Девојки за време на карневалот, во кафичите и дискотеките под кои услови се влегува? Не сум била едно добри 5-6 години, па сега не знам како е. Знам дека е невидена гужва...
Cрцето ми плаче да одам во Cтрумица Oд кога не сум била, а мноооогу си ја сакам јас Cтрумица ќе одам за илинден годинава, па што сака нека биде, многу многу многу ми е убаво таму Hародот, местото ама баш се
Услов за карневалот е добро наполнет џеп, бидејки таа вечер пијачките се 2пати поскапи за разлика од нормален ден, се перат пари, секаде е скапо, мада и јас сум од Струмица, ама за време на карневалот е лудница, убаво е и нема услови, освен некаде каде што ке сакаш да одиш ке мора да си платиш карта, а дали ке можеш да влезеш... е знак ? .... Како и да е , има неверојатна забава, па ке ве очекуваме сите во Ср
На тоа и мислев, на дискотеките. Може секој да влезе, така? Резервации освен за маси, за влез и не треба. Слушнав некои муабети, затоа. Туку пијачките се дупла цена, како што ме држи сеќавање . За буџетот ми се потребни информациите .
дечки треба карти, картата е 200ден, ако не сакате карти да плаќате резервација на маса е 2000 денари вклучено коњак 4 редбул така нешто... ова е за во кафе бар пинда
Поставив мислење во темата за автобуси и превози ама еве и тука, дали има организирано превоз со комбиња, автобус или слично до Смоларските водопади?