До Смоларските водопади нема организиран превоз. Но има комбиња што возат до Смоларе. Понатаму ако одиш прв пат и не знаеш каде е водопадот, може да прашаш некој па да те упати. Таксито е скапичко, околу 400 ден.
И јас сум од Струмица.Немојте да се лутите ама каде и да одам во цел свет пак ке кажам дека Струмица е најубав град во светот.На секој родното место му е најубаво па така и на мене.
Ако идате за Струмица слободно пишете да се прошетаме низ Струмица и јас сум од Струмица во едно да се запознаем
Прекрасен град. Многу други општини можат да и завидат на Струмица. Ми се допаѓа Глобал, сум била таму на кфе, и ептен е средено, баш модерно. Водопадите, селата струмички се убави, луѓето гостољубиви.
Струмица "Ѕвезден град" И јас сам од Струмица, то бе Џони, сега шо убав ке нее плоштадо тотоототоототото колку многу се радувам
Ајј.. и јас сум од Струмица и мислам дека никаде не е како во Струмица, прекрасен град е.. со многу интерсни рабоди за да се видат, плоштадот, фонтаната, карневалот, Глобал, и се друго е преубаво
Карневалот не го прават пред Велигден , туку после 2 дена од Прочка , а на Прочка е карневалот за деца.
^ Ама прочка се определува според велигден, па нели треба да има Велигденски пост од прочка 40 дена, па според тоа, карневалот ќе е 38 дена пред Велигден
Карневалот започнува на 14 март со концертот под маски на ОМУ "Боро Џони", потоа на 15 март е маскембалот, па во саботата на 16 март е главната карневалеска вечер и карневалите завршуваат во недела на Прочка со детскиот карневал.
Јас досега имам само еднаш отидено во Струмица и тоа по невеста доста интересни обичаи имате вие Струмичани тоа ми се допаѓа.Од Струмица си зедов неколку дрвца од банана и ден денес растат..едното е околу 4м со огромни листови а другото е помало Само јазикот ништо не ви го разбирам...тогаш се почуствував дека се наоѓам во Бугарија а не во Струмица
* дијалектот Јуле, не јазикот! Два различни поими се, струмичкиот дијалект и Бугарскиот јазик. Иако се „слинчни“ ко што викате, немаат врска едно со друго. Ама баш ич.
Прекрасен град морам да си го пофалам ,иако не сум права струмичанка ама пак мажена сум таму .Чуството помегу мене и Струмица е љубов на прв поглед .Само пофалби за Струмица