Супер беше на карневалот!! маските беа прекрасни!! Но многу беше студено!! Не можевме да стоиме се криевме по отворените продавници!! Но секоја година е вака!! Јас не издржав уште во 9 дома бев од што ми беше ладно!!
да,за греота бевме многу беше студено ,а баш до пред некој ден беше топло.имаше многу маски,околу 600 мислам,имаше многу маски од соседните држави,дента кога излегов да си купам маска видов германци кои ги сликаа циганите и најсиромашните места . многу убаво беше ,само немаше народ како од претходните години,јас отидов да го гледам карнавалот дури на плоштадот,смрзнав .
Сега ја забележав темата, ја прочитав од почеток до крај, ниту едно мислење на пропуштив и можам да си кажам, дека топло сонце ме огреа. На сите им е мило кога други зборуваат убаво за вашиот град, особено кога тоа е вистина. Инаку дијалектот ни е светски, а брзиот говор како додаток стои прекрасно. А, со бугарскиот јазик нема никаква врска. Ја сакам Струмица, особено е пријатно кога ќе тргнеш да прошеташ низ Струмица и не можеш да се разминеш од народ. Градот е полн, од понеделник до недела.
Опен фестивал оваа година ќе се одржи од 11 до 18 август, а како гости за сега се највени хрватската пејачка Северина Вучковиќ, групата „Бијело дугме’’ , Жељко Самарџиќ и ’’Црвена јабука’’
Струмицаааа - според мене најубавиот град во Македонија. Го сакам овој град, ќе си купам еден стан и ќе си се преселам таму
Имам роднини во Струмица.. сум била еднаш двапати, бев и на карневалското чудо - одвратно бе... гужви, пијаници, дрогирани, се крш... по клубовите само голи танчарки.. буквално манијаци им ги теглеа тангите, а тие нели дрогирани си шират нозе само... и едни никакви музики... бутешка, гнасно.. бљак! А опен фестот - копија на прилепскиот селски пиво фест, само не се потрудиле ни изговор да најдат како прилепчани со пивото... простачко Незнам, антипатичен град ми е, како форсирано да е правен демек европски, а владее само кичерај.
Ти си првата што го кажува тоа Сепак те поканувам на уште една прошетка кој знае можи ќе ти се смени мислењето.
Многу ни е убава Струмица Сега ептен е прекрасно летно време да се шеташ низ центарот и паркот, сега има и нов изглед малечкиот парк
http://www.facebook.com/pages/Kompleks- ... 63?fref=ts Нешто ново во Струмица кое вреди да се посети. Цените нормални, како во градот, прекрасно направено.
Викендов имав прилика да отидам во Струмица. Искрено немав отидено скоро две години и премногу се изненадив од тоа како е средено. Паркот, плоштадот... прекрасно, немав можност да отидам до Цареви кули, но дефинитивно наредно одење ќе го посетиме и тој дел.
Сега ја гледам оваа тема..па и јас сум од Струмица..многу си го сакам градот, а и се изненадив колку струмичанки има на форумот хх..