1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Струмички карневал 2020

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Компир Манџа, 8 февруари 2020.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Главната вечер оваа година е на 28ми фебруари.
    Одам секоја година, а ќе одам и оваа.
    Еден од најдобрите карневали во Македонија.

    Дали планирате да се маскирате и да одите?

    d77c6c49e8a1d8ad1bf95c2cced01280_XL.jpg
     
  2. kukidi

    kukidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Togas e Procka?
     
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Во исто време е со Прилепскиот.
     
  4. @Iv

    @Iv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    230
    Пол:
    Женски
    Не е во исто време. Прилепскиот е на прочка, а струмичкиот пред.
    Е сега кај мене дома на едниот календар прочка е на 1ви март, а на другиот на 8ми март. Според тоа дека велигден го пишува на 19ти април тогаш би требало прочка да е на 8ми март. Дај некој ако знае нека каже. Забегав малку од темата. Мислам дека порано карневалот беше подобар сега некако послабо ми е. Не верувам дека ќе одам годинава тие што ќе одаат убаво да си поминаат.
     
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Оваа година изгледа ќе успеам да отидам и многу се радувам :party: Прекрасен настан ми е, ниеден друг карневал во државава не се споредува со овој во Струмица, барем според мене.
     
    На tirkenbal, Ambitious, Superlejdi27 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Од година во година е се подобар.
     
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    11.357
    Пол:
    Женски
    На 29ти е карневалот оваа година, прочка е на 1ви.

    Многу ми се допаѓа карневалот како манифестација и како традиција. Ми буди многу убави чувства и имам ептен драги спомени од детството.
    Се сеќавам како со сестра ми ги пречекувавме мајка ми и татко ми од работа секоја година, па ги брзавме за порано да отидеме, да не случајно испуштиме нешто. Потоа седевме во некоја пицерија, секогаш тие неколку што се најблизу до паркот, и не пуштаа да прошетаме малце. Еве се разнежив сега. :inlove:

    Последните 3-4 години, па и оваа, поради студирањето го испуштам карневалот. Секоја година ми е толку мака што не сум дома, па си велам следната обавезно ќе си одам, и пак ништо. ;(
     
    На Blue.Sky и candy.cane им се допаѓа ова.
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    На 29-ти завршува, иначе главната вечер е на 28-ми фебруари. А трае мислам дека 6 дена.
     
  9. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    11.357
    Пол:
    Женски
    Главната вечер е на 29(сабота).
    Почнува од вторник мислам, ама за тоа не можаж да тврдам бидејќи не е нешто што многу се применува. Во четврток има маскенбал за средношколци и петок продолжува општо за сите и од еден потесен круг се бираат крал и кралица на карневалот кои ја отвараат следната вечер.
    Во недела е прочка и утрото се маскираат мали дечиња и шетаат.

    Според традиција треба да си биде во вторник, и долки години беше така. Го сменија во сабота заради поголема посетеност, тогаш луѓето се послободни.
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Па за сабота и јас зборев, ама мислев дека 28ми е сабота. :rofl:
     
    На Ambitious му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам како мали не носеа со сестра ми на детскиот карневал во Струмица преку денот. Ама бевме среќни :) Додека ги гледавме сите учесници потајно ни беше криво и си посакувавме и ние да сме дел од маските, а вечерта гледавме пренос во живо на телевизија од главната карневалска вечер :D
    Како средношколка одев, ама мислам дека имаше поинтересни забави од сега. Сега не би отишла бидејќи го нема тој дух и радост околу случувањата. Возрасните одбегнуваат гужви и излегувања од дома, децата веќе не се радуваат на тоа и имаат други интереси.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.