Епа драги феминки, разгледав по категоријава и видов тема за маски за Први април, за Вевчанскиот карневал, но никаде не сретнав за Струмичкиот. Струмичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери . Единствена манифестација од таков вид во Република Македонија , посветена на армасаните (верени) девојки . Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник после чист понеделник . Во текот на празнувањето после одржувањето на карневалската поворка , маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки каде меѓу маскираните девојките треба да го препознаат својот вереник . Струмичкиот Карневал е многу стара традиција и први пишувани извори се од турскиот патеписец Евлија Челебија . Oваа година е променета датата на главната вечер односно наместо во вторник ќе се одржи во сабота. Па ме интересира дали ви се допаѓа промената на традицијата или не? Дали имате присуствувано на овој карневал? Дали се маскирате? (ако темава е дупла или не поттикнува дискусија, слободно канта )
Ке видиме како ке фумкционира промената на денот...Јас сум оптимист,се надевам на поголемо присуство на гости кои ќе се забавуваат,а при тоа немора да брзаат да се вратат дома.....Мислам дека во вторник вечер на плоштадот ќе се доделуваат наградите на наградените маски,пак ќе има забава,а армасаните ќе си ја остварат средбата со армасниците....значи традицијата си продолжува....Повелете на Струмичкиот карневал....ќе биде лудо и незаборавно ви ветуваме (25.02.2012)-сабота....Почеток 18 ч
Дали ќе одите на Карневалите во Струмица? Ај на нога струмичане, госте ни се соберале http://www.youtube.com/watch?v=8J1ER9gYhhE Не дозволувајте да ви раскажуваат!
Секако не го испуштам нашиот Струмички карневал! Тоа е нешто што не смеете да си дозволите да ви биде раскажувано повелет,ние Струмичане убаво ќе ве пречекаме и угостиме И секако од химната песна на Струмичкиот карневал : Ај на нога Струмичане,госте ни се соберале,егиди бре мале мале идат ного карневале Ехееее
И мене ми е многу криво што ќе го испуштам карневалот оваа година, ама ете не е до мене Ставајте слики и кажувајте како сте си поминале
http://www.facebook.com/RadioStrumicaNet -еве ви линк каде можете да ги видите маските на маскенбалот во Сириус Инаку еве ме мене во улогата на лудиот шапкар од Алиса во земјата на чудата, на средношколскиот маскенбал кој се одржа во четвртокот
Ова ќе бидат принцот и принцезата на карневалот. Инаку струмичани времето ни се погоди... Конечно топол карневал.
Од мала си го сакам карневалчето. Ми предизвикува интересна, позитивна еуфорија. Одвај чекам да одам и оваа година, верувам дека ќе има маски за паметење . Се надевам дека ќе успеам да погледнам барем дел од дефилето (ако не повеќе). Лично, јас, овој пат не се маскирам, но ќе уживам во глетката и забавата која ни претстои .
Немам присуствувано на ваков карневал а баш би сакала да одам. Добро ќе беше во секој град да имаше така. Ама ајде на кој ќе му текне де.
Aууф најубав помин....ма сичко трештеше...Струмичанки мои и вие драги феминки што бевте присутни сношти знаете за што ви зборувам И едно за сите маски што беа