Јас бев и многу убаво си поминав Вчера цел ден бев во Струмица на улица Имаше многу интересни маски, но имаше и некои глупи еве например во парадата имаше групна маска од Спојлер Две пут*и, улошки искашкани од менструација и во рацете држеа тампони исто така извалкани Многу народ имаше, вриеше, но се на се супер си поминав и секоја чест на струмичани
^^Така е .. секоја година има убави но и некои глупави маски, но се разбира кој како си осмислил. Но , мислам дека оваа година преовладуваа убави маски.
Струмичани браво за поздравување сте.Бев на Струмичкиот карневал одлична организација,убави интересни маски,дружење и насмеани лица.Струмичани се гостопримливи и топли луѓе.Мојата маска беше пиво пијам такви ми беа очилата со шишиња од пиво си ги купив од Веро ми одговараа со периката што ја носев на главата.Цело друштво бевме со маски на лицето многу се забавуваме и супер си поминавме.Во доцните часови си седнавме и во кафанка за да наздравиме.
Јас бев и лани и полани и претходната година. И имам замерка. Последниот карневал воопшто не ми се допадна, во смисла местото на кое се одвиваше целата манифестација. Премногу гужва беше, премногу. Додека беше на булеварот беше супер, според мене. Каде и да застанеш можеш да ги видиш маските, а вака само буткање, гужва, турканици Еден минус од мене за тоа.
Се ближи карневалот во Струмица. Оваа година главната карневалска вечер е на 16 Март, Сабота, така да кој сака да присуствува или учествува , слободно нека повели. Еве ја програмата ако сте заинтересирани. http://strumickikarneval.com/2012/index ... &type=atom
Струмичкиот карневал, ме потсетува на една лоша случка. Само господ го чуваше моето војниче...така да воопшто не се интересирам за овој карневал.
Фати го војничето за рака и дојдете во Струмица, на улица, да ја осетите магијата на таа вечер, ќе се сеќаваш само на убави нешта.
Се спремам за карневал во сабота, одиме секако договоривме друштво од осуммина. Не се сомневам дека ќе биде интересно како и лани
Леле сега баш видов, имале грешка во евентот, така пишуваше. Сега е поправено. Инаку така пишуваше па се изненадив дека е толку рано.
Мора да лобирам, си го сакам својот град. Маскирани, немаскирани повелете! http://strumickikarneval.com/2013/
Добри маски беа, навистина :up: Ама како и секоја година имаше и некои циганарии, како оние со ѕвончињата.. Спојлер А... да се пофалам, една странкиња ме слика Ама секоја божја година МОРА крв да капе.. мраз.. некој не проколнал.
Прекрасен беше карневалот! Имаше преубави маски, како и секогаш. Првите места јас мислам дека ќе ги освојат Мулен Руж, Ѕвезден град и СОУ ,,Јане Сандански'', сепак има и многу други маски кој заслужуваат некаква награда.
ВЕ МОЛАМ НЕКОЈ АКО ЗНАЕ ... Каде можам да најдам маркери или течност кои светат во ТЕМНО !? во спотот има ... http://www.youtube.com/watch?v=uSD4vsh1zDA Благодарам однапред
Го обожавам карневалот. Уште сега почнав да ја чувствувам еуфоријата, едвај чекам да дојде сабота. Струмичани и оваа година ќе бидат љубезни и гостопримливи па повелете. Кој не е бил мора да дојде барем еднаш за да стане зависен од карневалската еуфорија во Струмица.
Повелете утревечер луѓе, минатата вечер на средношколскиот маскенбал беше прекрасно, вечер уште подобро се надевам а утре веќе ќе биде врв