Оваа година карневалот беше најлошиот карневал досега. own: Маските се разбира беа супер како и секогаш, ама за џабе им беше трудот на карневалџиите, кога организацијата беше на многу ниско ниво. Многу од маските каснеа поради тоа што оваа година карневалот започна 1 час порано, исто така како што разбрав, поради поклопување на датата со странските карневали, оваа година имаше помалку маски од обично и веќе во 7 часот ја немаше поворката, а многу години дури и до 9 часот сеуште е имало групи по улиците. Така да вие што не бевте ич да не жалите.
Секоја година се повеќе се осеќа кризата,и карневалите не се тоа што беа,сега им е битно по дискотеките да одат маскирани немаскрани небитно
Убави беа маските, ми се допаднаа Мулен Руж, Октоподите, Минионите и имаше едни сини со бело. Годинава не беше толку ладно, ама немаше ни луѓе. Видов една како се отепа на сред пат, една смеа кога ме фати. Инаку ептен се нервирам, секој кој стигне прави карневал. Најмногу го мразам прилепскиот. Тие ако не се замешаат кој дург. Извинете ако навредив некој.
Се спремате ли за оваа година? ОД 18ти до 25ти ќе трае. Програмата уште не се знае. Али би требало да поминеме подобро од лани.
Оваа година е преместен датумот, а и мислам дека подобра програма би требало да има. Како и да е, јас не пропуштам.
Никогаш не сум била, а е многу посетен. Не знам точно кога се одржуваше, ама знам дека многу луѓе одат.
Јас лично, на сите ви препорачувам да си останете дома. Не доаѓајте во Струмица. Има голем број на Италијанци дојдени во последната недела во Струмица. Има потенцијални заболени. Топло ви препорачувам седете си дома. Да го бојкотираме Карневалот. Овие празноглавите, само ќар пресметуват. Нема да го откажат настанот.
Јас веќе резервирав во дискотеките, а и со друштвото. И тоа од поодамна, па глупо ми е сега да откажувам, бидејќи не сме малце (8 души), а одиме со мое возило (осмосед). Дали да си носам течен сапун со мене од оној глицеринскиот (проѕирен што е) и да си мијам раце цело време или како другше да се заштитам?