Стручен испит за медицинска сестра

Дискусија во 'Барање работа' започната од atopic, 14 март 2013.

  1. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    31
    Најпрво здраво би сакала повеќе информации околу полагањето на државниот испит за медицинска сестра дали тоа се одвива само во државна болница скопје или може и во некоја од другите болници? Откако ќе се земат потписите од сите одделенија каде што се одвивало стажирањето каде треба да се обратам за полагање на испитот во деканатот или??? ве молам се што знаете да споделите многу ми е важно :))
     
    На jastaa-anonimnata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    15.360
    Пол:
    Женски
    Не е само на клиника јас полагав пред 3 години во поликлиника Бит пазар,ако си собрала потписи може да одиш таму во администарција незз на 2 или 3 кат беше оставаш податоци и они ти се јавуваат кога ке има пријавено мислам минимум 3 кандидадти :)
     
  3. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    388
    Јас бев на максилофацијална клиника во државна болница кај секретарката.
     
  4. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    15.360
    Пол:
    Женски
    Епа супер и другарка ми таму полагаше пред 1,5 год.и помина мн подобро од мене :)
     
  5. Dakota

    Dakota Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Здраво Феминки, имам едно прашање до вас со темава и доколку некој ми го одговори во најбрз рок ќе му бидам крајно благодарна. Ме интересира на кое ниво е дипломата од средно медицинско за медицинска сестра од Македонија во Европа. Затоа што за работа во Малта ме прашуваат дали е на level 5 и не знам кај да се обратам и да прашам, на интернет ама баш ништо не ми излегува. Help please :(
     
  6. jastaa-anonimnata

    jastaa-anonimnata Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo.Bi mi bilo mnogu milo ako mi pomognete i ke vi bidam mnogu blagodarna. Sakam da go polozam drzavniot ispit za med. sestra ama ne znam so dokumenti mi trebaat kaj treba da se obratam samo znam deka treba da se stazira a ne znam na koi kliniki kolku vreme i koi se procedurite za seto toa. Ve molam za pomos itno mi e!
     
  7. Srce01

    Srce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Здраво. Дали може некој што полагал стручен испит, да ми каже отприлика какви се прашањата што ги поставууваат, и колку треба да одговориш за испитот да биде положен. ?
     
    На bubcence# му/ѝ се допаѓа ова.
  8. saint west

    saint west Нов член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    jas sum od kavadarci ,staziranjeto go izvrsiv vo kavadarci a za drzaven ispit kade treba da se prijavam za da polagam dali moze nekoj da mi kaze?
     
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    5.075
    Каде што си стажирала, нека те упатат до кај главната сестра или администрација и тие ќе ти објаснат дали можеш кај нив (а, мислам дека можеш). Ова доколку сакаш во Кавадарци, иначе не си обврзана да полагаш онаму каде што имаш стажирано.
     
  10. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    здраво... ај некој искусен нека објасни ако може од А до Ш постапката за полагање државен стручен испит.. како и дали може каде било да се стажира и кога било.. и колку време.. како оди полагањето... јас конкретно за прилеп прашувам. благодарам
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    5.075
    @macamaca24 6 месеци вкупно се стажира на хирургија, интерна, детска клиника, инфективно и кај општ лекар. Мислам дека овие се. Ти си определуваш каде и колку сакаш да се задржиш. Можеш о на една клиника да бидеш сите шест месеци, а да земеш потписи од останатите. Во Скопје гледам не се ни појавуваат на стажирање, веднаш собираат потписи.
    Ќе си купиш стажантска книшка и после секое менување на клиника, ќе собираш потписи од кај главната сестра на одделот.

    Материјали или ќе ти дадат од таму или ќе те насочат за материјалот каде би можела да го најдеш. Се уплаќа 6.000 денари (?) на клиниката каде сакаш да полагаш и ти поставуваат прашања од материјалот. Полагаш пред комисија, најчесто е составена од главна сестра, доктор. И датумот за полагање, тие ти го одредуваат.

    Најубаво е да одиш и да прашаш директно. Тие точно би ти објасниле.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    12.478
    Мора ли прво да стажираш пред да го полагаш испитов?
     
  13. bootie

    bootie Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    За со средно медицинско се полага во Битола во болницата, стажираш 6 месеци и собираш потписи во стажантска книшка. Уплатница од 6.000 ден и копија од диплома. Се полага секоја последна недела во месецот.
     
  14. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    12.478
    Дали во тие шест месеци мора и да се положи испитот или има рок една година, т.е датумот кога си започнал. Некој да ми одговори? :)
     
  15. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    24
    имаш право една година од денот кога си завршила со стажот (си ги поминала сите одделенија и општ доктор). пример си завршила на 20.1.2016 важи до 20.1.2017. Ако не положиш во тој временски период ке одеш се од почеток
     
  16. LoretaP

    LoretaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите и од мене, јас имам прашање во врска со стучниот испит за медицинска сестра, кои точно оделенија треба да се поминат? Дали само на хирургија, интерна, детска клиника, инфективно и кај општ лекар? Дали е задолжително идењето на пракса или може да се земе потпис и без присуство доколку се замоли некој од тоа оделение? Бидејки тие најглавните работи како вклучување инфузија, ставање катетар и слично можат да се научат и кај матичен доктор во својата општина, а клинички центар има само на две места во МК, Штип и Скопје, а да не се лажеме не оти дозволуваат да се научи нешто.

    Каде можам да најдам пример од потполнета стажантска книшка? И каде можам да ги најдам прашањата и материјалите за полагање на теоретскиот дел од стручниот испит?


    Ви благодарам многу!
     
  17. Monika.S

    Monika.S Нов член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да прашам може ли некој да ми прати линк од прашања за полагање на медицински сестри. Треба да полагам за вработување во болница. Или ако можете да ми пратите линк од прашањата за полагање на стручен испит (од стажот)?
    Ви благодарам!
     
  18. vlahovska

    vlahovska Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2018
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Каде треба да се обратиш за да знаеш на кои клиники,кога да одиш.Во клиниката,во деканат или средното медицинско?
     
  19. LegallyBlonde00

    LegallyBlonde00 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2019
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Дали мора да се чека 6 месеци за државна матура или ако веќе ги имаш собрано потписите можеш и порано да полагаш државна. Поради заминување во странство прашувам.
     
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.424
    Допаѓања:
    9.199
    Пол:
    Женски
    6 месеци треба за да регуларно собереш потписи, иако сите знаеме дека никој не оди 6 месеца на стаж. Теоретски не би требало да ти речат ништо, ама ако сакаат да цепидлачат може да те вратат, зошто реално не би требало да имаш потписи порано од 6 месеца.