Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Ако сакаш да работиш на таков сличен проект,зошто да не те видиме и тебе во таква емисија? :)
     
  2. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    А на која програма ја даваат емисијата и во колку часот?
     
  3. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Ако мислиш на емисијата Ајде дома,таа се емитува секоја недела во 15:35 на Телма
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Лејди, мислам дека нема млад архитект кој не би посакал таква работа, мислам дека концептот е супер, предобар, мислам дека е многу забавна целата таа работа, но еднаш пуштив CV и не добив никаков одговор и не ни знам како би влегла во емисијата. Додуша да се пофалам и камера ме сака и имам желба, само уште некој да ми ја оствари де :lol:
     
    На lady2013 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Имам еден мал проблем, ако може помош.
    На терасата би сакала да ставам масичка, но за жал просторот каде што единствено може да се стави масичка е тесен, и исто така ако масата биде статична нема да може да има премин до местото за пружање алишта. Не знам колку добро ја објаснив ситуацијава :tmi: , но ако некој има совет ќе приложам и слика.
    Всушност, сакам масичката да биде само една даска или плоча :?: која би се повлекувала накај ѕидот или би се извлекувала нанапред при што не би заземала простор кога не е извлечена.
    Прашањето ми е, дали ова може да се изведе?
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Може, за мобилна ќе ти треба мајстор, треба да намонтираш шарки како за врата на даската кои ќе се спојат со оградата или ѕидот и плус ногарки кои ќе бидат на расклопување и ќе се отвараат кога "масичката" ќе се отвара. Се надевам ме разбра, ако не ќе треба да нацртам да ти испратам :D
     
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ја гледав вчера, ама не догледав и мислам дека не ни заврпи.Опремуваше стан од 140м2 со фури 4 спални.
    И мислам дека не успеа се за во една емисија.
    Искрено ме привлекуваат ваков тип на емисии, но не ми се допаѓа многу тоа што таа го прави со боите, бидејќи ја не сум љубител на шаренило.И се на едно место и во боја зидови и тапети и стикери и...шарениз авеси и принт на плакарите...сепак е премногу.
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Фала ти на одговорот, супер е. Мислам дека ќе се снајдам. :D
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    И без ногарки може :D . Како на сликава. Потпора на зидот, две ментешинки за масата да може да се спушта.уште две за тоа што ја држи, се свиткува рамно кон зидот и масата паѓа надолу за склопување. Икеа ги продава готови, ама малку од малку мајстор некој, лесно ќе ти скове една за поевтино. И ако ти ја прави некој да вдлабне и кочница за потпирачот да не клиза лево десно кога масата е во употреба, маса пери носи.

    [​IMG]
     
    На AngelOfArh и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  10. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    дома сакаме да ставиме нов под зошто имаме штици обични и над нив теписони од најстарите. Сакав да прашам дали да ставаме на нив паркет или да ги вадиме па да циментираме па после паркетот. Собата ни е 5x4 метри огромна е.не знам колку пари ке не фати ако ги извадиме штиците па подлога да се направи?знае ли некој од прилика колку би испаднало?
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.492
    Допаѓања:
    42.679
    Пол:
    Женски
    Мислам дека мора да се вадат штиците и да се става цементна кошулка(така се вика) за да се стави паркет.Поинаку не е изводливо, може штиците не се ни рамни.Јас учев само еден предмет за тоа и не сум толку согурна, ама распрашајте се убаво, за после да не утнете со паркетот.А за пари сигурно нема да ве фати многу зошто ако така треба да се направи сигурно ќе биде вклучено во цената на мајсторот, а ако веќе сами си местите нема што парите да ве загрижуваат.
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Доколку сакате да лепите паркет класично, како што на времето се лепеше со асфалт, мора да оди цементна кошулка. Но доколку сакате да ставате Таркет или Ламинат нема потреба, оди изолација од филц или стиропор и плочите се редат. Е сеа што и да се одлучите ќе ве фати исто, ако вадите штици па да ставате кошулка и паркет да лепите и да ставите Таркет или Ламинат, со тоа што вторава варијанта е многу побрза и нема потреба од чекање да се исуши, да легне, да се залепи, па после паркетот да се струга, па лакира... Јас сум секогаш за Таркет, за разлика од ламинатот е поскап малку ама затоа е многу подобар и има изглед буквално како паркет ако е убаво наместен и нема потреба од стругање, лакирање и чекање ;)
     
  13. Shtipjanka

    Shtipjanka Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво! Мене ми треба некој добар архитект или некој за внатрешно уредување, да може да ми помогне околу бои, плафони, преградување и слично. Ве молам ако има некој од вас што работи ова или имате искуство со некој добар, пишете ми контакт. Ви благодарам многу.
     
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Девојки архитектки, сакам да прашам дали е лесно уништлив светлиот (бел, сив) ламинат?
    Како реагира во контакт со штикли, чест негов контакт со течности ( било при чистење, било при истурање) и слично?
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Ламинатот има демек нешто поиздржлива фолија од паркетот, а бојата не игра улога. Најголем проблем кај ламинатот е прашината, ако не бришеш секој ден по ќошовите ќе се нафати една прашина во вид на волна и се гледа, е сеа таа е сивкаста па кај оваа боја не би имало проблем, проблем е кај темните, Венге бои или Црешово дрво. Во врска со издржливоста, па познат е по тоа демек не е толку осетлив како паркетот, има нешто поголем праг на толеранција, нормално ако истурите вода која нема да ја избришете или ако се потопи од голема количина на вода ќе се оштети. Се зависи од тоа како ќе го заштите самите, дали ќе се гази на него постојано со штикли, дали ќе биде на место каде постојано вода ќе биде во добир со него, а нормално и од тоа како е наместен, и од каде е набавен, си има и тој класи ;)
     
  16. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Сакаме да правиме нова кујна, па размислуваме дали да земеме предузимач кој ќе ни ги заврши сите работи или сами да си бараме мајстори. :?:
    Како иде постапката, односно кои профили на мајстори ќе ни требаат? Мене ми текнуваат овие:
    1.демонтирање на старата кујна
    2.ставање на гипс картон
    3.ставање на нова врата
    4.преместување на парно
    5.кршење на плочки
    6.лепење на плочки
    7.менување на прозор
    8.водоинсталатер
    9.електричар
    10.изработка и монтирање на кујната
    11.кречење

    Ќе ни треба ли уште некој мајстор?
    Вака ли оди процесот или грешам?
    Дали е потребно архитект да ни ја нацрта кујната пред било што да почнеме да правиме или се може да ни нацртаат тие што ќе ни ја изработуваат кујната?

    Се извинувам за поставените 100 прашања, но навистина многу ни се потребни овие информации пред било што да почнеме да правиме.
    ФАЛА однапред за одговорите!
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    На дел од прашањето сама ќе си одговориш, бидејќи не може да ти одлучи никој дали ќе викнеш или не архитект. Во принцип јас би ти рекла да, побарај архитект, но тоа ако не се поклопува со твоите сметки нема да си земеш. Архитектот може да ти ја нацрта кујната и да ти ја испроектира, да ти помогне во изборот на бои, на облоги, да ти даде некоја идеа, а мајсторите ќе ти ја направат но естетиката нема многу да ти ја добираат. За останатите работи ќе ти треба друг мајстор, гипсар, плочкар, водоводџија, електричар, молер... Може не е лошо да земеш предузимач, ама они обично не се нафаќаат да работат мал обем на работа, си сакаат да си работат поголема работа, не им се исплати вака. Најубаво е да си побараш сама, поефтино ќе те фати така да си најдеш две-три екипи, да си ги изорганизираш и готово, обично плочкарот и работи гипс, често имаат и водовдции и електричари, па и молерисуваат. А за архитект ти се нудам јас :D Ветувам Фемински попуст ;)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.820
    Допаѓања:
    176.359
    Пол:
    Женски
    Купив нов стан на кој му треба комплетно уредување.
    Сеуште сме на почеток, околу подот... треба наскоро да одговориме дали сакаме паркет или ламинат. Скоро сите со кои се консултирав ме советуваа тоа да биде паркет.. но слушнав за некој си германски ламинат водоотпорен и као демек бил поквалитетен. Па кој може, ако не му е тешко да сподели мислење и тука, со оглед на тоа дека овде има стручњаци :D
    Туку уште нешто...погоре прочитав "Таркет" и да бидам искрена прв пат слушам за тоа..
    Ќе може ли совет што е најдобро да се стаи?!
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Ако имаш избор јас би одбрала Таркет, тоа е тоа што тебе ти кажале германски ламинат, тоа е всушност нова техлогија на местење на паркет, не се струга, не се лакира и не, паркетот не е подобра варијанта од ламинатот. Како прво и основно е поскапа варијанта, а потоа и рачунај дека сака стругање, лакирање, па ако не е убаво одбран и ако не е дрвото квалитетно ќе се истроши, црв може да го нападне или да се исуши и дупчиња да ти се направат на крај, цели процепи. Јас би одбрала квалитетен ламинат или Таркет ;)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Феминки ќе Ве молам да ми кажете каде во Ск има убави салони за столици трапезариски? :*