Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.301
    Допаѓања:
    102.796
    Пол:
    Женски
    Зависи колку пари имаш да потрошиш, мене ми се за цената оние во YUSK сосем добри, но се знае квалитет и модели најубави за трпезариски столчиња имаш во Дени Мебел, тие едно време беа исклучиво ориентирани на столици, имаш најразлични модели и изработки. Инаку и во Југоекспорт стил ми се допаѓа изборот.
     
  2. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Благодарам на советот ;)
     
  3. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Ние во станот имаме таркет, предобро изгледа, монденски и дава многу убава свежина на собата. Воопшто не ми е жал за паркет, има добра изолација, супер е за одржување. Го одржуваме 3 години со усисавање и бришење со маслените средства за под, како нов е уште. :clap:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Има ли некој начин на иверица да и се смени бојата? Некој вид „лепенки“ ? Не знам како да ги наречам ама нешто да се залепи врз иверицата?
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.947
    Пол:
    Женски
    Да има, се лепат слично како тапети, само им го заборавив името, ќе се распрашам и ќе ти кажам, а може Angel знае, ќе се јави во темава.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Мајка ми ми вика дека гледала во Џамбо ама тоа било одамна, не знам дали има сега.. Инаку на кое друго место да барам?
     
  7. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Епа вака, мојата дневна соба е со бела кожна гарнитура и со комода бела со црно . Ѕидовите се бојадисани бели сиви и потемно сиви. Поврзана е со кујната која има бел шанк и нејзините елементи се црно бели. Е сега сакам да ставам и друга боја за да го освежам станот да не е толку едноличен но не знам со која боја да бојадисам и да ставам такви додатоци кои би го смениле изгледот до некаде..... Ваше мислење ?
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.947
    Пол:
    Женски
    На бела и црна одговара секаква боја, зошто пред се тие не се бои, но за да избегнеш канцелариски изглед јас би ти препорачала да не користиш бои како црвена, лилјакова и сл на нив.Убаво би изгледало со нијанси на кремава, темно зелена, тиркизна, исто и жолти детали изгледаат одлично иако тоа се малку посмели комбинации, кафеаво и дезени на дрво се препорачуваат во вакви ентериери затоа што ќе дадат топлина, сепак ако остатокот од мебелот е со висок сјај потребно е ептен на лице место да види дизајнер или архитект за да може да најде соодветно и убаво решение.
    Еве ти некои примери
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

  9. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    сите комоди се со висок сјај :) и воопшто нема топлина и не изгледа на дом затоа сакам некоја боја која ќе внесе топлина во овај ладен простор
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.947
    Пол:
    Женски
    Вие сте ја направиле грешката уште на почетокот, затоа збориме цело време дека не секој може да биде дизајнер и проектант.Јас како стручно лице никогаш во дом не би препорачала црно-бела комбинација со сиви детали и елементи со висок сјај.Најпрво делува канцелариски и ладно.Јас ја сакам црната и веројатно би ја сместила во ентериер, но во комбинација со некои топли бои и дефинитивно со парчиња мебел во дезен на дрво.Ти го кажав решението, бидејки не планирате да купувате нов мебел ти останува да смениш боја на ѕид во некоја од боите што ти ги кажав, може да вметнете некој стол во друга боја како на сликиве што има, уметнички слики во некои јаки и топли бои, завеси, пернички, подни прекривки и сл.
     
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    126.694
    А која боја би ја вметнале во комбинација-лилаво,бела,сива комбинација???Ставивме слика во тие бои + нијанси на зелено,тиркизна.Остануваат завесите и најверојатно тапета на еден зид.Совет?
     
  12. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Јас ѕидовите би ги фарбала виолетови,ама онаа темна виолетова мислам дека најубаво би било :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.002
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Во Бриколаж или Хубо.
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.947
    Пол:
    Женски
    Со темна виолетова ќе биде многу затворено и ладно, најдобро завесите да ги ставиш бели, а тапетите може да бидат со нијанси на зелена(како на сликите), зошто ако ставиш уште некоја боја ќе настане една каша.Тапетите нека бидат еднобојни, евентуално ако имаат шари и тие да бидат за нијанса посветли или потемни, најдобро ѕидот да го исфарбате во боја место тапети, зошто тапетите се тешки за отстранување ако некогаш посакате да промените.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.301
    Допаѓања:
    102.796
    Пол:
    Женски
    Се зависи од тоа каква е иверката, дали е сјајна и мазна или е рапава со текстура, додуша и едната и другата ќе се залепат, ама кај мазната е многу полесно, додека кај рапавата може и да се одлепи со тек на време или пак да не се залепи воопшто. Фарбањето исто, но и кај едните и кај другите може да не заврши работа бидејќи треба претходно да се обработи со шмиргла парчето, а фурнирот не се обработува никако. Обиди се, не знам што да ти кажам.
    Јас најмногу се “плашам“ да работам со монохроматски бои. Изборот ќе биде твој, бојата што ти се допаѓа, но ако преовладува повеќе црната од белата внимавај многу, да не биде премногу “шарено“ со употреба на некоја боја, кај посветлите ентериери во монохроматски израз јас секопгаш давам прилика на жолтата, на тиркизната, на портокаловата или на боја на егзотични дрва, оние дезени на фурнири кои ги рекламираат како егзотични дрва од Азија или Бали, лупетам, ама убаво делуваат кај бледите ентериери.
    Мислам дека веќе многу бои сте вметнале па да се држите за една малку подоминантна што е, за да оди целиот ентериер на таа боја, да не се двои многу.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Ми треба совети за станот, бидејќи порано ќе заминам на породилно, па во план сум да си пречекувам мајстори дома :)
    1. Станот ни е нов, 3 години од изградба. До пред 1 година немавме комшии и звучната и топлинската изолација ни изгледаше перфектна. Откако се всели комшивката нема мир од 6 саат сабајле (кога станува да се спрема на работа, а се враќа од работа после 4 со нас). Да не должам, се слуша кога ќе влезе во тоалет и како моча (пШШШШШ) и како се тушира, абе низ цел стан брмчи! Срам ми е кога ќе дојдат гости попуштам тв! Тоа што се слуша како брмчи е вентилаторот од тоалетот, а се слуша низ цел стан - бидејќи вентилаторот е поставен помеѓу двата стана. Нашата дневна со ходик и нејзиниот тоалет се граничат.
    Прашањето ми е, бидејќи може да поставиме дополнителна врата и да го затвориме ходничето, дали брмчењето ќе се слуша повторно до спалната (ѕидот до спалната и нашиот и нејзиниот се граничат исто така)

    Незнам дали сум јасна, ако неможете да помогнете дајте предлог за добри мајстори што фино и културно ќе ме дружат периодот за одмор. :rofl:
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.301
    Допаѓања:
    102.796
    Пол:
    Женски
    Доколку ставиш врата нема да го решиш проблемот, зависи додуша каква врата ќе ставиш ама тоа нема да го реши проблемот. Најдобро да си ставиш изолација и покрај тоа што ќе ставиш врата. Не е до комшиката да се разбереме, до инвеститорот кој ви ги продал становите е, парите за изолација завршиле на некоја плажа во Грчка. Мој совет, изолација и врата!
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Благодарам Ангелче, а мислиш дека велнтилаторот во тоалетот е со можеби лош приклучок. Познаваш некои мајстори што тоа можат најпрофесионално да го завршат?
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.301
    Допаѓања:
    102.796
    Пол:
    Женски
    Мајстори не можам да ти препорачам, немам, порано работев со едни дечки сега некако не ми се врзува со мајстори пошто вистинска уметност е да најдеш мајстор на денешницава, ужасни се. А што ти значи тоа можеби лош приклучок? Не работи или? Мислиш дека брмчи ради лошиот приклучок? Не разбирам. Инаку најдобра опција ти е да си поразговараш со комшиката и заедно да делувате, не знаеш па како е кај неа дома со звуците од кај вас и ако се делува на ѕидот од двете страни е поголема веројатноста да се постигне саканиот квалитет ;)
     
  20. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Мислам дека брмчи од лош приклучок или лош тип на вентилатор.
    Знам дека добри мајстори нема ни за заби, ни за плочки, ни за чешма да ти стави, а не па изолација.
    Благодарам на одвоеното време :*