Брмчи заради тоа што е лош каналот за вентилација, не е убаво измачкан или некаде има дупка па ствара лош проток на воздухот, а лош е и вентилаторот дефинитивно
Многу ми се допаѓаат новите кујни каде што наместо плочки на ѕидовите се става стакло во боја. И јас планирам да ставам стакло, ама ме интересира дали некоја од вас има искуство со вакво стакло? За чистење нема да имам проблем, ама ме интересира дали е можно да се скрши, дали може да пукне од топлината и слично.
Од која топлина Миа? Од готвењето топлината не е толку голема за да пукне, друга топлина не верувам дека ќе стигне до таму. Немаш гајле, слободно стаи си, меѓутоа размисли и за плексиглас, тоа ти е поефтина варијанта. Многу поефтина.
хммммм.......еден другар ме предомислува за плексигласот дека од топлината од шпоретот можело да пукне, (ама кога ќе размислам) тој готви на плин, а ние на струја, така да....претпоставувам ќе нема опасност! Не знам...ќе треба добро да размислиме...
Миа, нема врска таа топлина, плинот башка што развива помала топлина од класичните плотни, на крај најмалку топлина развива рамна плоча. Нема логика да се наменат облоги на ѕид ако топлината им смета, ако има можност да пукне. Немај гајле, слободно ставај облога, тие не пукаат така лесно.
Сакам обично огледало да ставам во кујната наместо ѕидните плочки, па ме интересира како му се движи цената за м2, и дали има можност од пукање или слично? Не планирам класичен шпорет, туку оделна фурна и плотна со само 2 рингли.
Rubi кај огледалото е проблем тоа што има фолија позади стаклото, што уствари го “глуми“ огледалото, од пареата може да поцрне, распрашај си убаво да не те зезнам. Инаку размисли убаво за огледалото, да не се направи каша попара во кујната со него, знаеш дека визуелно игра со просторот огледалото.
Знам знам дека зголемува визуелно простор, ама и естетски ми е многу симпатично, затоа сум на мисла да ставам, а и кујната ќе биде мала, бела, едноставна. Е сега, бидејќи сама ќе живеам, нема многу да се готви, 1-2 неделно евентуално, и мислам дека не би имала проблеми. Ангел, што мајстори ставаат огледало, за да знам да барам? Дали плочките кои се залепени, треба да се вадат или врз нив ќе оди огледалото? Има ли повеќе типови огледало, кој ти го препорачуваш, и како оди отприлика цената за да си направам математика? Фала ти многу!
Не би знаела да ти одговорам за тоа колку чини, но плочкар може да ти залепи сигурно огледало, или пак стаклар, со специјални лепаци од силикон ќе си залепиш или пак со интересни штрафови со капачиња, ќе ти даде совет стаклар, значи барај стаклар најдобро. А не треба да се вади воопшто плочките, врз нив ќе се намонтира. Размисли подобро, се работи за кујна, не е едноставно.
Здраво девојки, би сакала да прашам дали некој има искуство со успешна звучна изолација на ѕид? Се работи за ѕид кој го дели мојот стан од тој на соседите, при што од она што јас се разбирам дел од ѕидот се чини како да е гипс картон (ужас!), а останатиот е само цигла - изгледа без никаква звучна изолација. Може ли да се поправи ова?
Може но за тоа ти треба многу добар мајстор и многу финансии фрлени на тоа, рачунај на доста добра инвестиција. Досега имам неколку клиенти кои ме прашале за ова и сме решиле дел од галамата, но најголем ефект би имало доколку се решава обострано, и кај вас и кај соседот. Асфалтна трака по ивиците и класична звучна изолација, со тоа се достигнува максимумот
Имам плакар од фарбан медијапан и на вратата од плакарот сакам да ставам огледало. Треба да се залепи тоа или да се буши некако ? И кој би го направил тоа стаклар или оние што прават плакари?
Како може да се одвои просторот во една поголема соба за да имаат приватност машко и женско дете на пример? Има еден прозор а нема услови за поделба на собата заради светлината нели, инаку собата е 17 квадрати. Благодарам.
Благодарам за предлогот! Од она што сум разговарала со мајстори, дел од нив велат дека треба да се изолира со стиропор па гипс картон, а други велат со сунѓер, онаков како што користат во студијата. Во мојов случај отежнувачки фактор се и соседите, кои се бучни секој ден до раните утрински часови.
Можеш и двете варијанти да ги употребиш, со штрафови и убави капачиња после за да не се познава на огледалото главата од штрафот или со лепење со специјални лепаци, двокомпонентни за да не случајно му текне на огледалото да се лизне. И двете варијанти стаклар би ти ги средил, треба да си прашаш, веројатно од таму и ќе го купиш огледалото Со полици, значи не затворени туку отворени, може полици во коцки, некои затворени, некои не, интересно ќе изгледа или со паравани, можеш да им ги направиш во интересни бои, мотиви, слики, да им дозволиш ним креативно да се изразат секој на својот дел. Ете ти неколку примери Ако немаш разбирачка со соседите би ти препорачала да ја примениш истата тактика во моментите кога они одмараат, ако не разбираат од муабет, или викај си полиција, после 12 саат не смеат да ве замараат
Koi dimenzii e vratata na plakarot?Imaj predvid deka na metar vrata ne mozes da stavis ogledlo, ke ja optovari i nema da izdrzi.Ako e standard vrati kaj garderiber od 1m so vrata od 50cm ke bide dobro.
Го спремаме салонот и ме интересира што мислите за комбинацијата на крем-капучино (светла крем боја) сјаен медијапан со некој додаток на светло бледо виолетова боја. Дали овие две бои си одговараат? И што друго може да се уфрли во оваа комбинација. Имаме кожен седмосед црн, па дали тоа ќе одговара со него со оглед на тоа што можно е за некое време да го смениме (стар е). Размислував прво за црно бела комбинација ама некако не се пронаоѓам во неа. ЕДИТ: Нешто боите како од сликиве
Со оваа неутрална боја одговараат речиси сите други, но мене лично овој спој на пастел виолетово и капучино ми делува малку ладно, иако станува збор за складни тонови. Гледај нијансата на виолетово да влече повеќе накај mauve (не знам назив на македонски ) и мислам дека дефинитивно ќе добиеш преубав спој кој нема да го има ефектот на „ладно“. Види ги 2097-50 и 2098-60. Дури и онаа Misty Blush изгледа симпатично со капучиното.