Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Не те разбрав баш, имате нешто веќе готово освен гарнитурата црна кожа? Мене искрено крем-капучино и лилаковава не ми идат со црната гарнитура. Ако ја имате само црната гарнитура сакала нејќела ќе мора според неа да се ориентираш, сива, тиркиз, темна лилакова, бордо, но светла лилакова многу многу тешко. Најдобро би било да си најдеш рал карта, со боите па да видиш како ќе иде, ама на црна кожа би ставила сиви тонови и тиркиз, ќе изгледа професионално, па со беличко и сребрени детали, ќе имаш класа ентериер, но се со усул. Јас искрено би идела со посмирени тонови, но кај тебе веќе имаш јак елемнт од црна кожа, еден вид фокус ти е гарнитурата, централна точка. Би идела вака, црната гарнитура во дневна со сиви тонови по ѕидовите и тиркиз елементи, тапет, мурал или слично, бели елементи со сребрени кантови и рачки. Не знам дали и кујната ти е отворена, ако е во тој случај и кујната прави ја бела, со сиви или сребрени елементи, црна бела техника :lol: и ако имаш дополнително трпезарија удри на сиво/црно за да направиш малку баланс.
    Наскоро ме чека реновирање, ќе ви постирам слики од пред и потоа за конечно и мојот личен стил да го видите :D Ако ме прашувате мене за салон би одбрала ванила, лешник и светли лилакови нијанси, на нив можете како сакате да играте, со кујна од бела иверка и натур елементи, со пескарено стакло и без рачки, лиена плотна и најбрекрасните плочки за кујна кои ги најдов во една продавница во Драчево, мали ситни коцкички 3/3 со кујнски елементи и зеленчуковци :D
    И во меѓувреме и Мишелка пишала, потполно се согласувам со неа, тие се боите кои ги обожавам и кои ги преферирам кога работам ентериери :D
     
    На NoellePage и 1209 им се допаѓа ова.
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Епа вака значи салонот е целиот отворен кујна, трпезарија, дневна. Се ќе биде ново, освен седмоседот кој засега немаме финансии да го смениме, но после некое време на план сме. И кујната и се ќе биде ново па каква ќе биде кујната таква и комодата во дневна. Кожената гарнитура всушност не е црна ама така личи, инаку е многу темна кафеава која се забележува само на дневна светлина. А некако крем и лилјакова ми се убави за очи. Размислував и за црно бела комбинација ама некако не ми се допаѓа.

    Ангел се надевам сега ме разбра. Значи нема да биде складно тоа шо сакам? Да потенцирам гарнитурата наскоро ќе ја смениме.
    Додај уште некој совет, ќе правиме кујна, во дневната масичка и комода, а гарнитурата ќе остане.
    Да не заборавам и трпезариска маса и столици ќе земеме накнадно сега не.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Ана, тие две бои ич не ми идат, не знам, ако тебе ти се убави ОК, сепак ти ќе живееш таму, ама мене не ми фаќаат око. Обиди се со тоновите кои ти ги постираше Мишелка ;)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам за малкуцка помош. Која би ја ставиле како трета боја на оваа комбинација. Сакам да додадам островче во кујната бело со венге боја. Ке биде ли таа работа? Да разбијам монотонија малку оти белово и лилато ме утепаа. Предлог, помпош. Шо било, се прифаќам 2014_11_06_23_09_47.jpg
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Архитект не сум, ама бело со венге ќе ти биде баш како островче. Пред да ставиш/додадеш елемент прво експериментирај со боите. Гледам дека на полиците имаш украси во бела боја (мене ми се допаѓаат - отмено ми делува). Тргни ги. Стави на пример зелени украси, портокалово ...експериментирај. Малите детаљи ќе го променат изгледот и ќе ја заживееат кујната. А потоа комбинацијата која ќе ти легне искористи ја за островче.

    ...и да од одбраната боја, можеш да земеш фолија и да ставиш на некоја од фиоките десно.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Моментално имам ставено саат бело со лила и рамки во дрво боја.. Потемно од бука, незнам како се вика бојата не е лошо ама не ми се вклопува некако. Немам идеа која би била третата боја..
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    81.301
    Пол:
    Женски
    @peperutkaa , можеби би поминало со венге, но сметам дека ќе добиеш премногу затворен и темен простор. Лилавата е доста темна и венгето дополнително би ја затворило.

    Вришти просторот за некоја жива боја за да се отвори и да му се даде топлина, ама навистина не ми текнува која би ја вметнатала. Можеби пак, доколку би одела со венге остров, би додала некои окер детали, кои сметам дека убаво би одговарале и не би било многу контрастно во однос на лилавото, доколку се одбере позагасита нијанса на окер, не онаа дречот или сенф.

    Нека каже и некоја поискусна, јас досега сум имала прилика да решавам некои поедноставни ентериерни склопови, ова ми изгледа малку комплицирано. :$
     
  8. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Комплицирано е до тука се бива. А замисли кујната да беше лилјакова а. Да го послушав маж ми. Ова е компромис бела кујна лила ѕид. Зелена ми се допаѓа ама како би изгледало зелено островче незнам.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    81.301
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна колку би одговарале овие две бои. Да го немаше виолетовиот ѕид, преубаво би изгледало зелено островче покрај белиот чист простор.
    Спој од овие две бои (лила и зелена) би можела да си замислам единствено ако кујната има некој ретро дизајн, па да се вклопат, како ова на пример.
    [​IMG]
    Елементите и островчето да си бидат бели, а нападноста на виолетовото да ја разбиеш со зелен ѕид. Изгледа симпатично, но не сум сигурна која нијанса на зелено би била добра за темната виолетова. Можеби некоја форест грин, со малку сива основа би изгледала добро и би го освежила просторот.

    А така да се оди директно со зелен елемент, сепак мислам дека би било премногу и по некоја моја логика од лично мене и од она кое сум учела, најдобро да пробаш да вметнеш „природна“ боја, која ќе делува топло. Па макар била и зелена, иако не делува топло, делува природно. Само треба да се внимава што ќе се искомбинира.
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не сум архитектка, ама би сакала да дадам мое мислење.
    Сметам дека оваа нијанса на виолетово е претемна и те сфаќам дека поради неа се чувствуваш неубаво, да била неколку нијанси посветла, се би изгледало поинаку.
    Да сум на твое место, ќе го префарбам ѕидот во некоја посветла и потопла нијанса, па потоа би правела островче.
    Верувај ќе ти се препороди кујната, вака се гушиш секој ден, а со островче во венге боја и оваа нијанса на ѕидовите кујната ќе ти биде бетер, ептен ќе го задушиш просторот.
     
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    8.556
    Пол:
    Женски
    Кога би можела да го осветлиш барем малку, за нијанса, две виолетовиот ѕид би било идеално.
    И таквата нијанса да ја искомбинираш со дрво во ваква боја како на сликава, не знам баш точен назив за нијансава
    [​IMG]

    Според мене зелено островче само би ти ја искомплицирало ситуацијата, затоа што виолетовата сама по себе е јака, да беше некоја попастелна нијанса на виолетово ќе одеше со зелена да комбинираш ама вака ке биде ту мач.
    I ми се допаѓаат белите украси на горната полица, баш елегантно делуваат, би додала такви и на долната полица место чиниите :)
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    За кречење сега нема шанси, вселени сме само една год и нема никаква шанса дека ке го натерам мојот да преваросува во друга боја. Јас всушност имам бело островче и сакав да додадам на него шанкче зеленикаво или кафено малку од малку да ми разбие монотонија. (Од оние како П буквата што се. )После ке сликнам како сега изгледа сето тоа (сега на раб сум) и ке ставам слика. Сепак ви благодарам од се срце за советите. :angel::l:
    Едит: Ова изгледа како и јас незнам што сакам а? Сакам да ја разбијам монотонијата тоа ми е приоритет сега, а догодина има шанси да го сменам зидот во боја по мој избор.
     
  13. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    WP_20141108_002.jpg
    Еве моментално како е. На воа белото островче да му додадам шанкче во друга боја би требало малку да живне просторот. И на прозорот има бели завеси од страните,само на перење се сега. Идеа некоја?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    81.301
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека вака е добро, нема потреба од шанк во друга боја. Убаво изгледа иако го има тој „канцелариски“ изглед.
    Пробај да разиграш простор со детали по полиците во друга боја или пак завеси, микс од нежно зелено и портокалово би изгледало добро.
    Деталите му даваат живот на просторот, со шанк во друга боја мислам дека не би го постигнала тој ефект, туку во тој случај тој би бил центарот и некако ми се губи смислата на целиот простор.
    Убаво е вака кога белите елементи го даваат клучниот ефект.
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Јас на новиот форум никако да се навикнам па не можам да ја најдам темата па едно па друго... Конечно да се просветлам и јас :rofl:

    Вака сега, на овој склоп на бои и нијанси мене не ми иде зелено ама ич, ич. Вака како што ти е воопшто не ти е лошо, не знам кај би го ставила тоа шанкче, не разбрав, ама мислам дека ќе биде премногу. На овој склоп мене иноксот ми иде многу, доколку сакаш да разбиеш со плотна која ќе продолжи во шанк или поголемо острово на кое од една страна ќе може да се седне за јадење би идела со инокс, плотна која на едната страна ќе се потпре на елементот постоечки а на другата страна ќе се потпре на две ногарки или една некоја поинтересна, извиткана, или во вид на V. Секоја друга боја во склоп на оваа виолетова и бела би била многу напорна. Нели се зависи од останатиот ентериер и тоа кон што гледа оваа кујна, трпезарија или дневна, каков е мебелот таму? Венге ќе ти го утепа просторот кој е многу елегантен според мене и многу убав, зелено нема на ништо да си се совпадне, дури ни како контраст, кога би бирала боја за да дадам малку живост би ја избрала оваа ;) Мене во моментов многу ми фали боја дома, но јас ќе играм со топли бои, со розеникаво кафеави, со бела кујна, бука детали и инокс и сиви елементи. До пролет здравје ќе ми дојдат и пројдат уште мал милион идеи, се мислам за лилаково и јас, ама светла лилакова, се мислам и за плава грчка кујна со многу светлина и многу бела боја, се мислам дури и за скроз бела кујна со сиви детали и сиви елементи, ама уште не сум ја осмислила :D
     
    На simoncelicius и 1209 им се допаѓа ова.
  16. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Eve, тоа што го болдирав кај тебе, тоа ми беше идејата само незнаев како да ја претставам. Само ја измислив да не бидат ногарки класични туку од истиот материјал како плотната и иста ширина со неа да се направат ’’ногарките’’ да дојде како П.
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Е тоа де, ама не ни венге ни зелено, со тој тон кој го имаш ти би идело само бело или инокс. Јас би одела со инокс ;)
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Инокс да биде и материјалот? Или би можело со иверка? И знаеш ли каде би можел да порачам плотна од инокс. Фала ти ангел, ми даде прекрасна идеја и шо е ногу битно му се допадна и на мужот.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Можеш и иверка најобична да ја обложиш со инокс, да не биде целиот инокс материјал за да не ти излезе скапо. Не би можела да ти понудам производител, не знам кај би имало затоа што одамна не сум работела ентериер.
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Femina89

    Femina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво, не сум многу активна но ве следам на форумов, па и јас имам едно прашање поврзано со архитекти, иако не знам дали е за оваа тема :D За добивање на дозвола за надградба на поткровје треба проект од архитект. Е сеа ме интересира дали знае некој колку отприлика тоа чини и дали секој архитект може тој проект да го направи или треба некоја посебна лиценца да поседува? Фала ви :)