Ние сами си го нацртавме. Мислам дека нив им треба висината на поткровјето и распоредот и намената. (дали ке биде простор за живеење или деловен) ке си платиш убава сума и ке ти ддат дозвола. Е сега ние малку почекавме демек процедура било... Со среќа
Да, треба проект и тој проект може да го направи секој архитект кој има овластување и фирма со лиценца, а чини зависно од архитектот, но сигурно нема да биде помалку од 5 евра по квадрат, а со сите фази и до 10 евра по квадрат, зборувам за најниските цени
Да, и дополнително се плаќа комуналии, кои за поткровје се 20 посто од редовната цена по квадрат, за градски реон тоа изнесува некаде околу 100 евра по квадрат, значи за поткровје би било 20 евра по квадрат
Здраво. Ве следам постојано, па еве и јас да се исконсултирам малку Реновираме стан кој треба да го опремиме комплет. Дневната, кујната и трпезаријата се споени па се мислам какви бои на мебел да искомбинирам. Би сакала нешто како бела со венге или крем со венге ... За во кујна ме интересира дали би можело горните елементи да ми бидат светол крем со сјаен медијапан, а долните некоја дрво боја, еве пак да ја спомнам венге (дури може и посветла), но не со сјаен медијапан??? И како да ги искомбинирам боите во дневната ... мислам некако клуб масата и трпезариската маса на венге, а комодата за тв посветла - крем или капучино со малку венге од страните ... Сакам сиот мебел во кујната, дневната и трпезаријата да го искомбинирам во некои од овие 2 бои, а со некоја трета да ја разбијам монотонијата .. пр.завеси и теписи во друга боја. Просторит не е голем, па сакам да има посветли бои. (како пример за бои ја ставив сликата) Се надевам ме разбравте што ми е замислата Би сакала да ми дадете некоја идеа и да ми ја олесните работата, зашто веќе искрено глава ме боли од толку разислување и барање идеи по нет Ви благодарам
Оваа боја потемната не е венге, нешто ко орев ми стои ама не сум 100% сигурна. Крем и венге ми се свиѓа како комбинација ама ептен светол крем, имаш иверки кои се речиси бели ама кога ќе се приближиш се познава дека не се она баш бели. Мој совет ти е за во кујна да не користиш медијапан, подобро дај пари за него за во дневна, некако ми е нонсенс за во кујна скап материјал. Убава ти е замислата и супер ти се идеите, ми се свиѓа што така ги групираш елементите и боите, мислам дека супер ентериер ќе излезе од ова.
Еден мал добронамерен совет од мене. Јас имам моментално венге и црн мебел и ви каувам дека го мразам од дното да на душата. Ако сакате да сте нон стоп со крпа во рака слободно купете венге или црн мебел.
Се сложувам со горниов пост. Никако темно венге, ужас за одржување. Јас и за кремот би додала да не се зема мазна иверка, туку некоја текстурирана. Далеку полесно е за одржување.
А јас пак сум запнала за медијапан во кујната, зашто нели е поотпорен на вода од иверката и поотмено изгледа, ама да, поскап е, а не прававам само кујна, треба се ... Е сега пак сум во дилема А за боите, ќе ставам нешто посветло од венге, тоа сигурно Инаку фала за советите
Медијапанот, да, отмено делува, ама ќе се дупнеш од чистење, затоа што при секој допир ќе ти остануваат прсти, а замисли си ситуација со мали деца
Kombinacijata ti e super. Sum dizajnirala mnogu miljonski kuki ( vo stranstvo) so reconstructive wedge and foil. Foil se cisti so vlazno i petka e, ama zatoa prsti na reconstructive wedge tesko se cistat (toa ne e priroden materjal samo igra uloga na wedge). Inace pravo wedge e mnogu skapo i ne veruvam deka moze vo Makedonija da se kupi. Najblisku do nego e Oak. Bez razlika koj cut go imas, horizontal, vertical, 45 stepeni, grain directions mu se isti kako oak. A bojata se postignuva so prime and top coat. Od tebe zavisi koja boja sakas da bide ofarbano. Jas doma sekade imam high gloss foil cabinet doors i tocno e toa deka prsti se poznavaat, ama se brisat so vlzna krpa. Tamu kade sum dizajnirala takva kombinacija nemozam da ti kazam iskustvo, zatoa sto tie kuki se poveke za calamenje nego za sekojdnevno ziveenje.Nieden od niv ne gotvi, jadat po kafani. Izvini za terminologijata sto ja koristam, ama toa ti e koga fakultet ke zavrsis doma a nikogas nema da rabotis na toj jazik. Site izrazi sum gi zaboravila. Prasaj sto treba ke ti pokazam na slika ke se razbereme.
@toogood ме збуни малку со со терминологијата, да ... па морав да прочачкам малку по нет за да те доловам Значи вака, сакам во секој дел од мебелот во домот (кујна, дневна, претсобје) да вметнам некоја боја на дрво, нешто посветло од венге, нешто меѓу венге и орев (како што напомена @AngelOfArh погоре) и плус сјајна светло крем боја или прљаво бела. Нешто како на сликиве слично. Но не би сакала да претерам со темната боја зашто просторот не е многу голем, па да не го затворам многу. Некако бојата на дрвото ми го прави потопол амбиентот во домот ... барем јас така го чувствувам Па ако имате некоја идеа пратете ми слика да видам
@toogood ќе те замолам да ја сведеш терминологијата на македонски изрази и македонски јазик, а се разбира и на кирилица. Како еден од создавачите на оваа тема ми е многу битно да им доловам женчињава мили на наш јазик и наш стандард што е ОК а што е џабе фрлени пари. Ми се допаѓа многу твојот начин на размислување, се гледа дека имаш искуство но да не ги збунуваме, тие во моментот поминале преку триста страни за ентериер и мебел и веруј многу им е збунувачко се тоа. @MiA-1 оваа комбинација која ја имаше постирано погоре за во дневна мене многу ми се допаѓа, тоа е нешто што е далеку од венге но е полесно за одржување, а сепак во изведба од иверка е многу ефтино. Точно е дека бојата на дрвото домот го прави потопол, но венгето не, венгето ќе му даде студен тон на целиот ентериер. Јас би одела со таа орев нијанса во комбинација со некоја светла ванила боја, тоа веќе е многу топло и смирено, додека венге и бело, па макар и бледите нијанси како белен јасен или бела бука само ќе го оладат просторот бидејќи ќе му дадат малку повеќе формален изглед. А се слагам со @toogood се се чисти и високосјајните елементи се одличен избор за големи и пространи кујни, дневни и трпезарии, а со убаво средство и памучна крпа се чисти се, тоа е само изговор за мрзливци, ете згрешив не земав светли нијанси па не можам да исчистам. Имам еден ентериер кај што клиентите бараа 100% ентериер во висок сјај, црна кујна, црни елементи од техника, со бела сјајна плоча од плексиглас на ѕидот наместо плочки, на под исто висок сјај плочки во шах црно бело, јас никогаш потоа не видов прсти на елементите или пак прљавштина, а жената тврдеше дека само еднаш во денот пребришува и тоа само околу садоперот и долните елементи, кај што повеќе се допирало, додека еднаш во месецот ја чистела кујната комплет од надвор, значи тој изговор паѓа во вода, не само од овој пример туку и од мој личен пример и елементите од сјаен медијапан дома што ги имам. Инаку првата слика што си ја постирала е според мене ОК, мисалам дека е некое дрво кое не е карактеристично, не ми се свиѓа како ги искомбинирале шарите, но тоа е нешто што се решава, според мене многу поубаво би било ако одат сите во една линија, пример хоризонтално. Другите се венге и бело.
Јас незнам дали ви се пофалива ама и ние купивме стан па здравје треба да го уредуваме и за сега имаме во план најмногу да користиме дрво, сакам бела кујна и дневна со некои крем /дрво орев нијанси. Медијапан ич не сакам и не сакам да ми свети ништо дома. Сакам некој рустичен стил ... ќе видиме, многу идеи во глава па што ќе излезе на крај не се знае. Станот не ни е многу голем па сакам секој простор да го искористам максимално и да не употребам бои кои би го намалиле визулено просторот.
Па, па, па.... Не си се пофалила, дека треба да частиш Ајде со здравје да си седите, дечиња да ви трчкаат по него и само убави моменти. За уредување во секое време, само пиши ми ќе ти помогнам, може нема да ви се верува ама многу форумски станови имам уредено токму вака, по порака, па на ФБ, па на кафе и на крај остануваат пријателства засекогаш
@AngelOfArh фала ти за советите ... па ако имаш некоја слика од твојата замисла прати ми Уште малце имам време за размислување, ама дефинитивно мислам дека ќе искомбинирам некоја светло крем боја со не толку темна дрво боја
Честитки за новото станче joelle, слатки маки ти следат. Јас потврдувам за советите и помошта што ги добивав овде во темава и во приватни пораки пред се од Ангел и по некоја феминка, многу ми значеа во тој момент, ми се наоѓаа и помагаа. Иако завршив со уредување на главното и сега повеќе време поминувам во некои други теми на форумов, редовно овде се враќам чисто да ги читнам. Јас бев малку специфицна во уредување на просторот и сето тоа можеше да испадне многу смешно, НО на крај сме многу задоволни од резултатот. Просторот ми е бело, црно, сиво и зелено слично вакво. Поздрав до архитектите овде, ве гушкам.
I jas bi ve zamolila za mala pomos. Dnevniot prestoj ni e povrzan so kujnata I trpezarijata,cel mebel e bel so dve nijansi na kafeno, kujnata e cela bela,garnitura kafena, masa bela so 4 kafeni I 2 beli stolici. Site nogarki,i na garnitura I na stolici se srebreni kako inoksni, i lusterite I stranicnoto osvetluvanje e isto inoksno, problem imam pri odbiranje na tepisi I zavesi, dali da bidat svetli beli, dali nekoi nijansi na sivo, ili pak da vmetnam nekoja druga pastelna boja?I sto mislite za koznite tepisi I nivnoto vklopuvanje vo celiot enterier? Se izvinuvam za latinica od mob sum
Можеш и појака боја, не мора пастелна, некоја лилакова, темна, со оглед на тоа што е на бело се. Имаш простор за играње, се ти е во бело и дрвени нијанси така да имаш простор за играње со бои. Не знам со пастелни да не го смириш многу просторот и да ти биде достадно.
Fala ti angelofart! Od toa I se plasham da ne bide navistina dosadno, moram da vmetnam nekoja boja, dobra ideja e temna lila,a temna tirkizna? I uste nesto me interesira, dali za podobro da izgleda treba tepisite I zavesite da se ista boja,ili razlikata da bide samo vo nijansi? Ako stavam lila ili tirkizna ke mi ja odzeme I taa mala svetlina sto mi vleguva vo stanot!