Стручни совети од архитектки!

Discussion in 'Дом' started by AngelOfArh, Dec 10, 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,661
    Likes Received:
    109,150
    Gender:
    Female
    Мила не се сеќирај, ќе си земеш основна завеса светла, а по краевите ко драпери во таа боја што ќе ја одбереш. А шарени не ти препорачувам, или земи си шарен тепих и во една боја нека ти бидат завесите, нека биде во најдоминантната на пример. И не сум AngelOfArt туку AngelOFArh :)
     
  2. Mila987

    Mila987 Истакнат член

    Joined:
    Nov 23, 2014
    Messages:
    148
    Likes Received:
    82
    Gender:
    Female
    Fala ti za sovetite! Izvini za imeto ne sum obratila mnogu vnimanie :( nema da se povtori :)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,661
    Likes Received:
    109,150
    Gender:
    Female
    Ма уживај не се замарај, на зезање ја тоа :D
     
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Joined:
    Oct 2, 2014
    Messages:
    2,126
    Likes Received:
    12,331
    Ne sum te zaboravila. Imam nekoj obvrski koj ne me ostavaa da sednam i da objasnam. Za upcoming weekend so sigurnost ke napisam.
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159
    Како се движат цените за архитект да ти уреди ентериер? Дали ти дава неколку предлози па да си одбереш или како одат тие работи? :)
     
    joy1 likes this.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Joined:
    Aug 14, 2012
    Messages:
    20,023
    Likes Received:
    328,127
    Gender:
    Female
    Не знам дали е соодветно прашањето но ке се обидам.
    При купување на нов стан ( нова градба) што е најбитното на кое треба да се обрне внимание?
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,661
    Likes Received:
    109,150
    Gender:
    Female
    Цените се движат од 5евра па нагоре, до кај 10 евра, во зависност од тоа што и како бараш. Инаку секако добиваш повеќе варијанти од кои ја одбираш најпогодната за себе и потоа се обработува таа варијанта. Јас работам така, давам повеќе варијанти и таа која ќе ја одберат клиентите ја обработувам, со нацрти за струја и вода, греење, климатизација, детали од ентериерот, обработка на под и плафон, осветлување....
    Многу е важна изолацијата, надворешна на фасада но и помеѓу станови звучна изолација. Доколку ја фатите зградата во рана градба убаво е да имате некаква идеа како сакате да ви се распоредени собите, колку порано се одлучуите за станот толку повеќе удел ќе имате во распоредот на станот, можете да поместувате ѕидови и инсталации како ви одговара. Ако е веќе готов станот обрнете внимание на квалитетот на паркетот и квалитетот на плочките, како се залепени, да не се чукнати, поткршени... Обрнете внимание на вратите и прозорите, дали убаво се затвараат, дали дихтуваат, дали се ОК. Исто така и на водата и струјата, ако имате познат електричар нека ви провери со тоа едно апаратче струјата, како е, дали е ОК, водата исто, дали истекува во одводите во купатило, дали се ОК подните плочки, дали има добар пад и на подот но и на кадата, оти ако нема ќе се задржува водата на едно место. Ако е на градско парно проверете го и парното, дали убаво загрева и слично, мада мислам дека нема многу нови станови кои се на градско парно. Исто ако станот е невселен, отидете во време на викенд кога се дома соседите за да видите како е во однос на звучната изолација. И многу и најбитно, ориентацијата, никако стан на североисток, со темни соби и со малце прозори, цел ден ќе ви биде темница, најубава ориентација ви е југозапад според мене, најдолго се задржува сонце во станот. Тоа е што мислам дека е најважно, ако ви треба нешто тука сум за совет ;)
     
    MacenceEna, maja8 and joy1 like this.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,942
    Likes Received:
    36,877
    Gender:
    Female
    Ова е цена за метар квадратен, така? Да не сфати некој дека цел проект е олку ефтин :lol:
    Вака со овие цени, стан од околу 50-тина квадрати би дошол од 250 до 500 евра што воопшто не е скапо. Исправи ме ако грешам некаде во проценкиве Ангел.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,661
    Likes Received:
    109,150
    Gender:
    Female
    Да, извини Ана, ама и муабетов е правен наназад па веќе ко од ракав тресам информации. Да толку би чинело, толку наплаќам јас за ентериер а се зависи од квадратурата, од нивото на кое сакаат да биде разработен ентериерот, од ангажманот. Има луѓе кои сакаат ентериер со детали, со сите работи на нив и 3Д и дополнителен ангажман околку мебелот и опремата, па затоа и цената е поголема.
     
    joy1, ennaz and maja8 like this.
  10. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Joined:
    Oct 9, 2013
    Messages:
    269
    Likes Received:
    414
    Еве уште еден Архитект со добра воља да ви помогне при вашите реновирања.
    Многу поздрав до AngelOfArh за отворање на темава! Многу ми се допадна и темата а и советите!
     
    AngelOfArh likes this.
  11. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,253
    Likes Received:
    6,027
    Gender:
    Female
    Јас се двоумам во врска со поставеноста на огледалото. Значи единствено место каде што може да се постави големо убаво огледало е спроти влезната врата од станот. Не дека многу практикувам фенг шуи во уредување на домот, ама некако од малечка ми е всадено во главата дека огледалото не треба да биде поставено спроти влезната врата бидејќи ја одбива енергијата и таа излегува надвор.
    Па сега се мислам дали да ставиме таму огледало или не. :^)
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,661
    Likes Received:
    109,150
    Gender:
    Female
    Mayyya ај пушти слика од претсобјето или пак некое основче па ќе видиме ;)
     
  13. informacija

    informacija Истакнат член

    Joined:
    Jul 29, 2013
    Messages:
    30
    Likes Received:
    2
    Многу се израдував кога ја најдов темава, се надевам дека ке ми помогнете.
    Купивме стан за кој што незнам кои бои(сакам топли бои) да ги одберам и каква да биде позицијата на мебелот.
    Просторот е целиот отворен кујна , дневна и трпезарија(околу 35м2). Сакам кујната да биде сјајен медијапан бела со шанк, за кој што незнам со која друга боја да го искомбинирам.Станот е офарбан бело со дабов паркет.Дневната е со југозападна ориентација со големи прозори-врати околу 3м.Би сакала да не се гледа вратата од купатилото. Се надевам дека ќе имате предлог за мене :) Stan_72m2.jpg
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,661
    Likes Received:
    109,150
    Gender:
    Female
    Искрено на оваа основа ги замолив и колешките од работа да погледнат бидејќи многу чудна основа ко за 70 квадрати, но добро. Влезот од купатилото може да го скриете со некоја библиотека која нема да биде скроз затворена, нека биде транспарентна, така нема да изгледа како натрапник во среде дневна. Шанкот би го ставила на овој ѕидот накај дневна што гледа, не накај претсобје, трпезаријата би ја ставила таму, во оној простор од влез накај кујна што се иде. Тв елементот со телевизорот би ги ставила на ѕидот од спалната а карши неа гарнитурата, позади гарнитурата би бил шанкот нели. Боите зависат од мебелот, на постојниот опис ко што напиша би одговарале сите бои но јас би одела со светла кујна со инокс елементи, мебел во орев и светли лилакови тонови во дневна и потемни во претсобје, повторно белата да си биде застапена. Во спалната би одела со топли и земјени тонови, а во детската со живи шарени бои, односно зависи од децата, колкави се и кои се нивните омилени бои.
     
  15. informacija

    informacija Истакнат член

    Joined:
    Jul 29, 2013
    Messages:
    30
    Likes Received:
    2
    Благодарам за опширниот и брз одговор. Имам уште неколку прашања
    Што би било подобро ако Тв елементот е на ѕидот од спалната
    - да оди аголна гарнитура која ке биде свтрена кај библиотеката,
    - да бидат две софи кои ке бидат нормално на Тв и во просторот пред шанкот да оди фотеља
    - или пак да оди класично тросед, двосед и фоеља.
    За библиотеката не сваќам како да биде транспарентна, дали мислиш да биде висока 1,5м или пак на материјалот од која ќе биде изработена (околу изгледот ако имаш некои слики би било добро да се видат).Ако ја направиме кујната бела со инокс елементи ,работната плоча и завршната плотна кај шанкот да одат во боја на орев(лилакови тонови не се мој избор).Гарнитурата да биде нијанса од истата орев боја. Клуб масата да биде во потемна боја и комодата за Тв.И да има малку посмел тепих со бои од крем до портокалова.Незнам пак каква боја да биде трпезарската маса со столовите.Сигурно ти изгледа конфузно моето размислување :(
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,661
    Likes Received:
    109,150
    Gender:
    Female
    Верувај ништо не ми е конфузно, навикната сум јас ;)

    1. Мој избор се секогаш аголните гарнитури, поготово за вакви простори.

    2. На транспарентна мислев од под до плафон полица во вид на коцки но да нема позадина, односно коцките да бидат отворени и од двете страни, нешто налик на фотографијата што ќе ти ја постирам под текстов, со тоа што овде имаш поголем отворен дел кај тебе нема потреба од него.

    [​IMG]

    3. Доколку одиш со бела кујна и инокс елементи ти препорачувам боја слична на паркетот на плотната, или види како ќе ти одговара некоја посветла нијанса, но немој сива или темна.

    4. Боите, тоа се отприлика мои идеи за дневен боравок кој би се споил со кујната, но секако твоите омилени бои ќе преовладуваат во целиот простор. Би одела со лилакова или ете оваа некоја лешник боја како на сликата кај библиотеката и сивкасти тонови за гарнитурата, но останатиот плочест мебел, ТВ комода, библиотека, трпезариска маса, полици, клуб масичка би оделе во бела боја додека тапацираниот мебел и столчињата би играле заедно со деталите низ ентериерот разигрување на просторот, тука влегуваат завеси, теписони, расвета, декоратива....
     
  17. informacija

    informacija Истакнат член

    Joined:
    Jul 29, 2013
    Messages:
    30
    Likes Received:
    2
    Ок, благодарам за сега :)
     
    AngelOfArh likes this.
  18. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    943
    Likes Received:
    621
    Gender:
    Female
    Еве ме мене пак.
    Девојки имаме во план да доградиме уште една просторија веднаш до дневната соба за да можеме да изведеме врата за во задниот двор и да ја намениме како спална соба со мало ходниче. Е сега проблемот е што собата ќе биде долга 6ипол метри а широка само 1,9метри и нема да има прозорец (гледа од трите страни во ѕид) Јас своерачно нацртав за да имате ориентација од прилика.
    Прашањето ми е како да ја поделам просторијата?: Ако ставиме ѕид во спалната воопшто нема да има светлина, а ако остане така ми иде како тунел и плус несакам утре преку спалната соба да ми поминуваат гости за да излезат во дворот. Секоја идеја е добредојдена.
     

    Attached Files:

  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,661
    Likes Received:
    109,150
    Gender:
    Female
    Уф ова е исклучително тежок проблем за решавање, 1,90 не е соба, тоа е клаустрофобија за мене ама тоа е тоа. Би ти препорачала ако има некаква шанса да ја пренамениш собава за нешто друго, за спална е премала, т.е. претесна, нема да можеш кревет да наместиш асално, и најмалиот да го земеш, од 1,60 ќе имаш само 30 цм за пролаз. И би те прашала, дали 1,90 е чиста ширина внатре или во тие треба да влезат и ѕидовите, затоа што ако е така рачунај -20-25 цм за ѕид. Во врска со одделувањето, зошто таму не ставиш плакар, светлина секако нема да имаш, освен ако не направиш плакар кој ќе биде понизок, не до плафон и од горе да ти се осветлува собата, колку толку де, исто и проветрува, тоа ти е многу битен момент исто така. А нормално дека не сакаш низ спална да ти проаѓаат за да излезат во заден двор, не е во ред тоа секако.
     
  20. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    943
    Likes Received:
    621
    Gender:
    Female
    Знам дека е претесна но толку е нема можност за пошироко. 190е чиста ширина а лежајот ни е 160. Ептен ке биде тесно ама сакам да им направиме одделни детски соби на малите, т.е сегашната спална да биде втора детска соба. Ако ја оставам празна ке стане како шрајз се непотребно таму ке ставаме а тоа ме плаше како ке го одржавам, најискрено.
    Оваа идеата не ти е лоша со плакарот, јас мозгав нешто у стил драпери бели ама не ми фаќаше око некако. Фала мноогу што ни помагаш Angelofarh.