Со добиените идеи од тебе, размислував и успејав нешто да нацртам и сакам да видам дали ке ти се допадне. Правев комбинации со аголна гарнитура, и заклучив дека ако сакам да ја задржам комуникацијата за на балконот најдобро ќе одговараат две софи поставени како на фотографијата подоле . За бојата размислувам да биде светло сива. А пред библиотеката би ставила некој интересна фотеља што би била друга боја -- незнам која боја ( чоколадо боја) и не мора да биде од истата линија како софите. Кујната дефинитивно ќе ја направиме бела со инокс елементи, работната маса и оквирот на шанкот со боја на орев несто слично на паркетот. За библиотеката пребарував многи, и некако ми легна идејата од фотографијата само што овој случај ке бидат боите бела и орев и висока да биде околу 1,5м . Незнам со ова дали треба да оди едноставна ниска Тв комода што би ги имала истите две боји или пак да има и нешто разиграно (полички ) по зидовите. Клуб масичката би била во бела боја. За сега толку стигнав. Како ти изгледа ?
Со библиотека од 1,5 метар нема да го постигнеш тоа, мој совет е да идеш со библиотека до горе, но на другиот ѕид не да затвара вака туку да биде паралелна со вратата на детската, мислам детска ти беше таа соба. Во овој случај тв комодата може да ти биде многу посмела и повеќе да играш со формата. Доколку сивата и црната ти се тонови кои ти се допаѓаат во тој случај оди во таа насока, јас мислев дека сакаш нешто потопло
Не ,дефинитивно мои бои се потоплите .Сивата мислев да оди да оди само на софите. Ако библиотеката се стави до горе на позиција како што е на првата фотографија да не го затвори целиот простор, тогаш највероватно би требало се во комодата да биде отворено инаку таа е паралелна со влезот од бањата. Околу позицијата на софите и фотељата, што мислиш?
Мислам дека позицијата на библиотеката во моментов не ми се допаѓа, и таму дефинитивно ќе го затвори просторот ако оди до горе, затоа велам да оди на другиот ѕид и пробај го како опција во софтверот во кој работиш, пробај зошто да не. Позицијата на софите ми се допаѓа многу, но вака како што е фотеља многу ќе ти го затвори просторот, ќе биде пренатрупано, пробај стави во софтвер па ќе видиш. Ако сакаш во лп испрати ми го софтверот во кој работиш со основата твоја ќе ти помогнам
Ок, послепладне ќе ти го испратам(бидејќи ми е дома) инаку е во Блендер. Ќе видам дали ќе може и во некој друг формат ти го пратам. Извини ако сум досадна
Ги имаш во два формата.Па види дали можеш нешто да направиш. Инаку сакам биоблеката да оди на таа позиција затоа што со тоа би се сокрила вратата од бањата. Поздрав
Еден мал совет за ТВ комодата. Мене вака како што е поставена, ми боде очи празниот простор кој се јавува во аголот помеѓу софата и комодата. Не знам, можеби е добро, но мене лично многу ме мачат ваквите неискористени простори. Јас би ти предложила да пробаш да вметнеш комода од овој тип како на сликата, по можност да оди од крај до крај, за да не ти останат такви "fill in the gaps" зафркнати места. Овој тип на комода не ми е како оние класичните кои само го полнат просторот, баш мислам дека дава поубав ефект на слободен простор со начинот на поставеност. Moжеш и сама да си измислиш каков ќе ти биде распоредот со кубусите, а потоа во ваков сличен стил да ја направиш и библиотеката во улога на преграден ѕид, од под до плафон. Мислам дека нема да доаѓа толку до израз ако е во сличен стил со комодата, баш ќе се вклопи во решението и не би било толку апла затворено.
Сакаме дел од балконот да го заградиме, односно една соба да прошириме. Дали некоја од вас знае дали за тоа е потребна согласност од станарите, дали е потребна дозвола (каква е процедурата: дали се изготвува елаборат, каде се поднесува, колку време се чека за дозволата и сл.)? Што би се случило ако ја заградиме на диво? Мора ли да се легализира? Се плаќа ли казна ако не е легализирана? Каде, во кој закон е тоа регулирано? ФАЛА однапред за одговорите.
Миа ептен сум овде компетентна да одговрам бидејќи работам во општина, на диво ако ја заградиш ќе те бутнат, додуша зависи и каде е зградата, под која општина ама скоро сите градски населби се држат до законите. Инаку ти треба и елаборат и дозвола и комуналии ќе платиш, разликата од пп до ст, од помошни простории до станбен простор, и потписи од соседите се разбира. На диво ако изградиш ризикуваш ем да те бутнат, ем да платиш казна, не ти треба таа работа. Да легализираш не можеш бидејќи законот за легализација опфаќа се што е изградено до Март 2011 година, односно до стапуваење во сила на законот за Легализација, и по поднесено барање за легализација но пак ќе речам за објекти или тераси изградени до Март 2011. Во врска со ТВ комодата на Информација, мислам дека ни она не мислеше на таква комода туку на поинаква само што во софтверот тоа имало и тоа ставила. Е сеа, мој совет ти е библиотеката да не ја ставаш до висина од 1,50, поготово ако немаш во план ништо со тој простор над библиотеката, некое осветлување или слично, затоа што визуелно нема ништо да направиш така. Да видам што можам да направам со фајлот па ќе ти пишам Информација не можам да отворам нажалост бидејќи се работи за некој формат кој го немам јас, некој софтвер кој не ми е инсталиран а не ни можам да го инсталирам. Се надевам вака ќе помогнам колку можам
DWG, ќе се обидам да најдам онлајн некој софтвер за да исцртам нешто, во секој случај ограничена сум бидејќи на работа сум а администраторот не ни дозволува да инсталираме ништо.
Може ли да ви се умешам во муабетот Ептен имам мерак за уредување ентериери, па еве ви и едно аматерско мислење. Зошто не ставиш аголна гарнитура, а телевизорот да го ставиш кај библиотеката. Убаво би било да биде слична како таа што Ангел ти ја предложи, со тоа што делот каде што ќе биде телевизорот да не биде транспарентен за да не се гледаат кабли и сл. Вака ми изгледа најпрактично решение и нешто што јас би направила, а и просторот е најискористен. На ѕидот од спалната соба можеш да ставиш тапети и ептен убаво ќе дојде.
Ан-на, не е практично да се става ТВ карши прозори, ништо нема да се гледа од светлината, чинам западна ориентација спомна Информација, затоа најпрактично е на тој ѕид а и некако ќе се одвои од претсобјето и ќе има целина дневната. Вака е отворено кон влезот и некако е некомплетирана целина дневната. Не велам дека е лошо, таман работа, ама мислам дека опција ТВ карши прозори е последна варијанта. Инаку би можела да го стави и на ѕидовите од бањата и вц-то, ама па на сонце заоѓање ништо нема да се гледа, а реално тогаш најмногу гледаме ТВ
Здраво AngelOfArh. Вака. Пред неполна година купивме нов петосед. Сега земавме стан и сакаме да го искористиме истиот петосед. Петоседот е со две страници страните се темно кафена кожа а делот кај што се седи е како нежен материјал светло кафеав и перниците на петоседот се тврди од едната страна кожа темно кафена а од едната незна кафеава -материјал. Се надевам ти доловив мала претстава како изгледа отприлика. Епа, сега се друго ќе купиме ново освен петоседот и фрижидерот ( тој е светла сива боја) Те замолувам дај ми совет кои бои би можела да ги ускладам во просторот (кујна, теписи,завеси,комода, маси, столчиња..) сакам да има и некоја боја кога ќе му даде свежина на просторот, воедно топлина. Благодарам однапред. ПОздрав
Moже јас да ти помогнам освен Ангел, Мила?Мој предлог е сите останати делови од ентериерот а бидат во твие две бои, најпрво зошто не се препорачува да се мешаат повеќе од 3 бои, дури и тоа се многу освен ако дизајнерот или архитектот нема некоја идеа која може супер да ја изведе, овие две бои се супер за ентериер, јас лично земјени бои обожавам.Овие бои секако му даваат топлина на просторот, можеш да ги комбинираш со елементи во дезен на дрво, денес има многу убави фурнири, така што и елементите од иверк а можат да делуваат како да се изработени од првокласно дрво, а притоа се многу поевтини.Јас би одела на оваа варијанта, мебелот не ти препорачувам да биде од сјаен медијапан, во комбинација со кожна гарнитура мене лично ми делува многу нападно и канцелариски.Деталите како теписи, завеси, украси можат да ти бидат во зеленишкави нијанси, белис.Кујната нека ви биде од фурнирана иверка, исто во дрво дезен, бојата на фрижидерот нема да игра многу улога зошто сива и кафеава одговараат.Притоа елементите нека не бидат цреша или во такви тонови, туку нешто посветли или ептен темно дрво.Зависи колкав е станот, ако просторот е поголем може да одиш со темно, ако е помал, светлите фурнири се добредојдени.Исто така и со црна боја можеш да играш, ако сакаш попрефинет изглед, но внимавај како комбинираш, зошто може да излезе сосем спротивно од она што си сакала. Еве ти некои примери, а Ангел нека ти каже нејзин совет, сепак сите дизајнери имаат свои лични решенија и идеи.