Здраво, еве ме пак мене за еден мал совет. Веќе завршивме со реновирањето на станот и сега е на ред мебелот, маси, комоди, бои, комбинации. Па би ве замолила за мислење. Аголната гарнитура ми е капучино боја како на сликата, па би сакала да земам комода за тв исто така капучино како на сликата, а клуб маса бела со светло венге-како штофот од гарнитурата (баш како на сликата ). Дали да одам со овие комбинации на бои? Се мислам многу за белиот дел на масата, затоа што немам никаде бели елементи (само зидовите ми се бели) и не знам што да правам...
Јас би ставила бело, затоа што во принцип сакам светли простории, ама мислам дека треба да ги споредиш боите и да видиш дали нијансите одговараат. Мислам дека ако би ставила потемна клуб маса ќе го затвориш просторот и без разлика што ти се ѕидовите бели просторијата ќе биде претемна.
И јас имам прашање. Kind би било детската. Внатре треба да се сместат Шифоњер(158 цм.), комода(108cm) и креветче кое само ќе стои монтирано но нема да биде употребувано барем една година(157 цм ). Проблемот е што сакам да го ставам и креветот од нашата спална да биде во детската до летоска...мајка ми кога ќе дојде на посета да спие таму, а потоа ќе биде преместен. (детето ќе спие во креветчињата на тркалца во спална). Креветот е 160 цм ширина и 200 должина. Сакав до вратата, десно ама ширината е 155, не одговара, и не во голема недоумица сум сега. А тапетите јас сакав џунгла, ама мојов доби идеја едниот зид џунгла, другиот подводен свет...а таванот созвездие.
Дани таа собичка според мене е премала за да организираш толку многу содржини, а и да ставиш толку шаренило на ѕидовите. Е сеа, јас ти советувам плакарот да го ставиш позади вратата кај што има 60 цм простор. Скроз кај ѕидот стави го креветот, сеа малце ќе биде под прозор ама тоа е, и креветчето десно од вратата. Комодата појма немам кај би можела да се смести, пробај во продолжение на плакарот или пак креветчето, мада мислам дека нема да имаш место. Зошто комодата не ја ставиш во спалната, таман ќе ти биде до креветчето и ќе ти се најде. Во врската со шарите, се е ствар на вкус, ама мене со ѕвездено небо најмногу ми одговара џунгла, е сеа подводен свет не ми одговара, ми треба нешто измеѓу, ако разбираш што сакам да ти кажам
Те разбирам јас, туку од пуста радост и он веќе не знае каква идеја да добие... Сега кога му кажав дека и ти го делиш моето мислење, рече џунгла и соѕвездие е добро. Се надевам ќе си остане на мислењето и нема да го меша подводниов свет. Знам дека собата е премала за волку мебел, ама мора како привремено решение сите овие елементи таму да се пикнат. А распоредот најверојатно ќе боде така како што пи,а шифоњер позади врата до зидот, креветот до прозорот а малото креветче од другата страна. Идејата комодата за пресоблекување да стои во спална беше добро прифатена од мојов. Е сега таму место да најдеме. Оваа спална ќе оди таму.(шифоњерите ќе ги нарачав без огледало, ама тоа небитно верувам тука) Еден шкаф со три врати 196 цм, Вториот шкаф со четири врати 253 цм. Две ноќни комоди 48 цм. Комодата што е под огледалото 95цм. Креветот 200 на 200. Идејата комодата за пресоблекуавње да оди во спална е сосема прифатлива бидејќи се од исто дрво и ист модел, само тука што е во комбијација со кафено. Ама и таму пуно ќе биде. Ако имаш време би било супер да споделиш идеја за распоредот таму. Schlafen би било спалната. Ти праќам на ново план каде се гледаат подобро мерките.
Данке сеа ќе ти исцртам нешто набрзинка и ќе ти пратам Ова се приближни мерки, ќе си премериш тоа мерките дали ти се поклапаат димензиите. Помалиот плакар е позади вратава од терасата а поголемиот кон детската соба ѕидот. Ако не ти се поклапаат димензиите ќе ми кажеш ќе направиме нешто друго
Како што сватив кога ќе влезеш од десна страна првен иде комодата со кафено што е дел од спалната, па, па комодата за пресоблекување што е од детската и потоа помалиот шкаф(бидејќи е на мажулево, може позбутан да биде таму, важно мојот е на чело). Зидот е 4,7, а димензиите на елементите се 95цм, 108 цм и 196 цм. Одговара Темно кафено килимче планирам на подот пред креветот, таман пред комодите, а другата страна ќе остане празна за креветчето со тркалцата да си се тркала без проблем. А дрвено огледало на постоје во вертикална положба на зидот помеѓу мојот шкав и едната надкасна...ама тоа ситници. Фала многу
Поради јаките бои на тапети, ги нарачав овие елементи.Ова креветче и постелнинава и подлогава за комодата на беж за да има хармонија на бои...па верувам дека добро ќе се вклопи и во спалната.
Леле колку е слаткоооо.... Јас сум имала ко бебе нешто слично, многу ми се свиѓа и многу ми е мака што мајка ми го дала на роднини кои не и го вратиле. Здравје кога ќе треба и јас ќе си купам вакво
@danichap, еве ти и поинаква идеа, чисто од различна перспектива. Детска соба: - Шкафот позади врата - до него креветот каде што привремено ќе спие мајка ти, напречно или надолжно, зависно од тоа дали приодот од долната страна на креветот ти е отворен или има плоча. Нацртани со црвено и плаво. И надолжно и напречно би го собрало (додуша зависи и од ширината на креветчето), како ќе и е позгодно на мајка ти. - десно од вратата комодата за пресоблекување, или како што е нацртана или одма десно од вратата на тој ѕид. Ќе го бањаш детето во соба? Тогаш ќе ти собере и една кадичка, подвижна секако. - Ако детското креветче навистина нема да го користиш една година, додека креветот ти е во детска, стави го до креветот, мислам дека има место (не знам колку е точно широко). Ќе исгледа натрупано, ама привремено е. За џунглата, размисли убаво каде сакаш да ти стои мебелот во крајната ситуација, кога големиот кревет ќе биде тргнат. Ќе ставате тапети или ќе ви црта некој на ѕидот? Во зависност од крајната положба на мебелот, распореди ги цртежите на ѕидовите за "битните" работи како животните да ти бидат на видливо место, не позади шкаф на пример. За вашата спална, нацртано ти е без комодата за пресоблекување, под претпоставка дека ќе биде во детска, нели. Мене овој распоред ми изгледа по мирно, помалку натрупано. Трите чекори екстра во одење околу креветот јас не ги сметам за голем проблем ако крајниот резултат дава спокој. Башка се будиш со поглед кон надвор (се надевам зеленило )
Po zakon na prirodata (arhitektura, drvna industrija....), krevet ne se stava na udar na dve vrati. Vidi proekt na @Babushka
Планот горе што го постирав, каде што стои Kind е детската. Го сликнав тој дел од спратот каде што се спалните, од страните стојат и мерките.
E ova ti e pametna rabota. Ne citam text. Neznam sto e toa do vratata. kakov element. Kolku e visok? Ako e povisok od tvojata makeup table, ne bi ti trebalo. Daj na sobata da disi. Toa ti izgleda kako mi se svigamaramce na odeloto, ruzicka na rever,..Sega se ke stavam. Seto toa ti e mnogu.
Ne e za otvaranje ili zatvaranje, ima nekoj red vo arhitektura, drvna industrija....blokada na vozduh i svetlina...
И мене би ми бил од помош ваш совет... Си средувам стам од 50тина квадрати и решив боите кои ке бидат искористени во него да се бела, светло сива, небесно синс и жолта со тоа што би одбрала една жолта нијанса која би била искористена за еден statement piece и евентуално некој детал... Ѕидовите како и кујната се тотално бели... и вратите исто. Станот е многу светол. Дилемата ми е со која боја на ламинат да одам? Muchas gracias senoritas
За отварање и затварање на вратие има доволно простор. Тоа не е проблем. За блокада на воздух и светлина баш и не те разборам, освен ако не зборуваш за некои фенг шуи енергии и слично. Баш е и пологично дека воздухот помеѓу две врати полесно може да се проветри отколку ако креветот е во ќош. Тука креветот како главен елемент има повеќе светлина отколку да е сместен на спротивниот ѕид.