Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.728
    Се сложувам дека просторот е пренатрупан, поради тоа ми беше потребно мислење од стручно лице.

    Оваа комбинација ќе биде само привремено решение додека е креветот во детска...потоа се ќе си биде растеретено и ќе ми се оствари првичната желба и идеја.
    До вратата е комодата која стои под огледалото од сликата со спална 95 x 87 x 50 cm(ќе биде користена како обична комода, не за шминки), а до нејзе е комодата за пресоблекување од сликата со детска соба B 108 cm H 103 cm T 50/79 cm (бидејќи бебчето секако во подвижното креветче ќе спие во спална и додека е големиот кревет во детска да се растерети просторот од таму).
    Доколку има некакво значење овој кревет ќе оди во ќошот во детската
    Bildschirmfoto 2015-02-10 um 23.15.23.png
     
    Последна измена: 10 февруари 2015
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Bi sakala da ti pomognam, ama neznam kolku mozam.
    Mojot style i na ovdesnive luge e sto pogolem brisen prostor (prazen prostor). Ti moras da racunas na najmalku 42" = 1066mm pomegu plakarot ( koj spored zakonot na prirodata treba da bide okolu 620mm dlabok) i krevetot. Toa e minimum prostor potreben da izvadis nesto od plakar, da odis na mocanje navecer....a pritoa da nema fatalni posledici. Posle meris natkasna, krevet i pak natkasna, koja ne bi trebalo da bide do zid. Toa ne e dovolen prostor za dvizenje. Znaci od krevetot do zidot treba da ima najmalku edno metro.
    Toa edno metro e za zavesata, za toj sto ke spie na taa strana da ne se utepa....Plus Evpropski parna imaj vo obzir i toa, prekidaci....i dr raboti. Pazi na sistemot za ventilacija, da ne go blokiras ( ustvari neznam kako tamu e reseno zatopluvanjeto, Duva od zemja?, plafon?, obicno makedonsko?, podno greenje?....).
    Svetlinata vo sobata sekogas treba da doaga odleva strana. Znaci strogo leva strana (toa jas ne go izmisluvam, za toa ima mudri glavi sto go izmislile).Znaci ako go izberes resenieto na proektot koj ti rekov OK, pretty much gi zadovoluva osnovnite pravila, sega tvoe e da se premeris i proveris dali dimenziski zadovoluva.
    Plakar (comments):
    Za vakvi pomali prostori preporacivam onoj vid so fioki i sliding doors zaradi prostorot. [​IMG]
    Vo toj slucaj ne ti treba dodatna komoda da ti stoi na pat vo sobata.
    Jas ne citav prethodno; Dali planiras da kupis ili gi imas elementive doma?
    Za ukrasuvanje na zidot koj nema da ima nitu eden element mozes da stavis eden electric fireplace.
    [​IMG]
    Aj sum se raspisuvala. Napisi dali gi imas elementive, oti vaka izlaga jas si pravam fantazija.
    Elementot za presoblekuvanje sega zasega neka sedi kade e po proektot, zosto onaka ke go muvnes koga gostite ke si otidat.
    Daj nekoj feedback za da znam vo koj pravec da ja razviam fantaziava.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    @toogood зошто таа да треба два пати да го пишува истото кога ти можеш да се вратиш назад и да прочиташ убаво?
    Или треба специјално да се пишува за тебе нов фидбек (повратна информација е македонскиот превод на зборот)?

    И какви се тие закони на природата и правила дека светлината треба да биде од лева страна?
     
    На Glasna, Mishela и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.728
    Се е веќе нарачано и планирам да изгледа како што е на сликите, со разлика што се два плакари кај мене во спалната.
    Преселбата ќе биде март, па тогаш ќе стасаат и елементите и ќе бидат наеднаш монтирано заедно со останатите елементи од другите соби.

    Идејата на Ангел ми се допадна, со нагласување дека кога ќе се тргне комодата за пресоблекување ќе има сосема доволно простор во спалната.
    Детската е тесно да, ама мајка ми ќе стисне заби два месеци:(, оти работната соба ни е во моментот многу поважна од екстра гостинска соба.

    Потоа кога ќе се тргне креветот од таму верувам дека собата со само еден плакар, комода и креветче ќе биде добро искористена и ненатрупана.
    Стилот е тој, ландхаус, носталгичен...и до најмал детал ќе се движиме во тие рамки.
    Боите планирам светли гардини со кафени елементи од страните(името им го заборавив ама се надева ме сваќаш), и кафен килим во делот пред комодата.
    Вертикално огледало на постоље од бела дрвена рамка.

    Детската планирам нежни крем/беж гардини и иста нијанса килимче и постелнини. Освежувањето покрај белиот мебел и останатите дискретни елементи ќе бидат зидовите со јаки бои, џунгла тапети(сеуште не сме го нашле вистинскиот избор..но барем ја имаме замислата).


    Тоа ми се идеите. Само мебелот е нарачан, ситнициве сум флексибилна...но да се движи во тој стил.
    Во однос на каминот, доколку примети на планот во просторот помеѓу дневна и трпезарија има како три кругчиња, тука ќе биде ставен камин, па во спалната не верувам дека би дошол таков елемент дури ни како деко.

    Девојки стварно фала ви на сите за одвоеното време.
    И ветувам дека ќе постирам слика другиот месец од финалниот резултат.
     
    Последна измена: 11 февруари 2015
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    @danichap да се монтира креветче не е филозофија, а со оглед на тоа дека ти нема да го користиш во следната година, мислам дека е најдобро решение да си остане спакувано и да го сместиш под креветот на мајка ти.

    + сите ќе се сложат, креветчињата кои не се корисат се корпа за алишта
     
    На Babushka, sesilija и danichap им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.728
    А ние како слеп за стап сме се фатиле да го монтираме од пусти мерак за да го гледам:?::rofl:.
    Креветот е метален и под него има простор да се стави...или во шпајзот, подрум. Иако срце нема да ми даде таму да го ставам.
    Мојов спие, утре ќе го прашам.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    @toogood земени ми се во предвид сите димензии и има простор за се, и јас исто ко и ти ги знам правилата и законите на проектирањето, иначе нема да ја отаварам темава ич. Предвидено е и висината на комодата и сите работи, а ако можеш да забележиш и означувањето е такво.

    @danichap и имаш простор и за креветчето да го ставиш и за креветот но нема да имаш комоција. Ако мајка ти дојде и спие во собата може и повремено бебето да отспие со неа, да се одморите вие, така да креветчето ќе ти биде потребно. Ко што ти кажав, седни провери ги димензиите, собери, одземи и ќе видиш дали ќе имаш простор или не. Според моите претпоставки простор ќе имаш, само ми беше климава димензијата на ѕидчето кај плакарите во спалната, дали ги има доволните минимум 60 см, зборам за она малото ѕидче до прозор/вратата, нема димензија во котите и колку што можев да споредам со другите димензии треба да има простор. Искрено овој камин мене не ми иде во спална, поготово затоа што кај тебе ѕидовите ќе бидат искористени, немаш кај да го ставиш. Всушност иде, ама за спална со празни ѕидови кај што има walking closet, не се зафатени ѕидовите со плакари. Мислам дека супер ќе ти изгледа станчето и дека собата ќе ти биде баш како што си замислила, романтична и смирена ;)
     
    На danichap, 1209 и Sfera им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.867
    Пол:
    Женски
    Prvo izvinete za latinicata :|

    Se mislime kako da ja uredime dnevnata. Prostorot ne e bash golem, pa bi mi koristele predlozi za boi, mebel... 3.80 x 5m (3.80 vo shirina - od levo kon desno na slikata). Mi se dopagjaat neutralni nijansi, bez nekoi akcenti vo jaki boi. Ova na primer e idealno spored mene

    Kylemore_Dublin011.jpg

    E sega, ova e nashiot prostor (kade shto ima cevki planirano e parno)
    10984677_10152972613458280_1790856663_n.jpg

    Vo taa dupkata napred kje ima biblioteka, toa e definitivno :)
    Napred planirame TV so minimalna komoda, pred nego trosed. E sega, pred prozorecot planirame dve fotelji, a nasproti niv ushte edna. Ubava garnitura 1+2+3 ne mozheme da najdeme, se' e 3+3+1. Sakame malecki fotelji vo ovoj stil
    [​IMG]

    SO dvosed kje se zatvori bibliotekata, pred proazrecot ne mozhe, agolni ne mi pravat bash keif, ama stoi kako krajna opcija. Baravme i neshto vakvo za pred bibliotekata
    [​IMG]
    ama ili e mnogu skapo (ova od slikata e 2250 evra (facepalm)) ili za nishto ne gi biva.

    Ako imate nekoi predlozi za ureduvanje, ili preporaki kade da razgledame mebel, epten kje sum vi blagodarna.

    Inaku, vo prodolzhenie (od kade shto slikam) ima kujna koja e gotova - drvena, malku potemna od laminatot.

    Ushte edno prashanje:D Dali nekoj ima iskustvo so ovoj mebel, kako e na kvalitet? https://www.facebook.com/Kilim.Furn...0.1423689287./794731553898530/?type=3&theater
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    81.297
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam, јас мислам дека со тросед и фотелји од двете страни ќе ти биде премногу натрупано и збутано.
    Не е мал просторот, ама според мене, овој распоред би бил во ред доколку наместо тросед се вметне двосед.
    И јас не би одела со аголна гарнитура, не ми се допаѓа како би изгледала во овој случај.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam според мене идеите ти се одлични, и би го испланирала сосем истото и јас за тебе. Во врска со фирмата не сум ја сретнала до сега и не ја знам. Иначе за канабето, би ти препорачала да си размислиш пак, многу е непрактично а гломазно, тој тип на елементи иде во некоја огромна библиотека или салон. Тросед и 2-3 фотељи се сосем доволно ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.867
    Пол:
    Женски
    Фала многу девојки.
    Ќе размислиме уште еднаш, ама најверојатно ќе бараме тросед со помали димензии и 2-3 тесни фотелји.
     
    На Mishela и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  12. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    5.336
    Од изборот на зборови “правила на природата, блокирање на воздух и светлина”, најсериозно помислив дека toogood алудира на фенг шуи и нему слични правила. Од твојов одговор сваќам дека зборувате за правила и стандарди за уредување на простор, како на пример Нојферт стандардите. Иако не директно именувана, приметувам дека во овој коментат се зборува за моето решение, па се чувствувам прозвана да одговорам.
    Секако дека овие стандарди сум ги учела и јас за време на студиите и ми се познати. Но она што веројатно треба да го напоменам е дека овие стандарди јас ги толкувам како релативни, а не фиксни правила. Правец на размислување, а не закон. Си оставам простор за размислување out of the box. Слепо следење на правилата од книга не е следствено за толку креативна професија. Со менувањето на целокупното наше опкружување, наука, технологија и слично, со менувањето на потребите на луѓето, се менуваат и правилата во проектирањето. Па така светло од лева страна не е задолжително ако осверлувањето успешно решено на друг начин (ова во глобала и онака се однесува за работни површини кои се употребувани од деснаци. На леваците би им требало десно светло.) Исто како што се менуваат на пример и мерките, па тука каде што живеам стандардна висина на врата во новоградба е 231цм. Или пак поставување на када под прозор со поглед. Чисто како примери.

    Најбитно е што danichap веќе си го одбра решениото од AngelOfArh како решение кое највеќе и одговара на нејзините потреби/размислувања. А задоволен клиент е најбитно, сепак таа ќе живее во таа куќа.

    Тоа не значи дека сега ќе се оградам од мојата идеа за спалната. Сеуште стојам на својот став дека и дадов решение погледнато од различна перспектива од веќе понуденото. Во тој простор, со толку многу мебел којшто мора да се смести, како што веќе кажав, го гледам тоа решение како најсмирено. А барем мене тоа ми е потребно во спална соба, место за мир и одмор. Шкафови на два ѕида непотребно го гушат просторот. Спалната не е коридор, па не гледам причина зошто би требало да има бришан простор меѓу двете врати, од кои едната е балконска и претпоставувам е за привата употреба на тие што ќе спијат во спална.

    А за детската соба, браво за советот од @sanjaeva , да не го монтираат креветчето. Идеално. Колепката и онака и е на тркалца па може да се преместува од соба во соба.

    Се надевам дека не бегам многу оф топик со коментаров.
     
    На sanjaeva, Mishela и do-re-mi им се допаѓа ова.
  13. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Здраво AngelOfArh,
    Дури вечерва видов дека сум пратила погрешен фајл
    Сакам да те потсетам за дневната со проблематичната комода , секако ако имаш време.
    Ме интересира дали има некои правила кога се прави шанк. Мајсторов нешто ме убедува што за мене не е логично.Сметам дека плотната што ќе оди како ивица на шанкот( за дебелината по негово е 38) треба да биде од медијапан подебел ако веќе кујната е од медијапан. По форумиве прочитав дека кујна од бел сјајен медијапан пожолтува , незнам дали тоа е точно . Мојот избор беше бела , така да сега сум во дилема дали да ја сменам бојата за крем :)

    https://www.dropbox.com/s/b5u0h6kdx7qf8kb/raspored211111.zip?dl=0
     
  14. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    грешка сум направила ( за дебелината по негово е 38) мислев ( за дебелината по негово е 38 )
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    Дебелината на плотната мора да биде подебела и од соодветен материјал, не може да оди во истиот материјал како вратничките на пример, материјалот за плотни е различен од тој за лицата. Убаво ти кажал мајсторот, дебелината на плотната е подебела, 38, 42, 46... Бела кујна точно е дека пожолтува, нормално е тоа, од испарувања, ако се пуши во собата, од самото светло... Каков и да е материјалот ќе пожолти, тоа е моето искуство што не мора да е точно.

    @Babushka мене ми се допаѓа твојата идеа иако не знам колку ти е основата уразмерена, колку ти се димензиите реални, некако не ми идеше ко да ќе ги собере елементите со сите димензии во детската соба. Можеби сум утнала нешто, провери ги и ти димензиите ;)
     
  16. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    5.336
    Хммм, абе не се сто посто во размер, ама тука се отприлика. Набрзинка во фотошоп нацртано. Собата е 3 х 3,76м.
    На левиот ѕид: "Шифоњер(158 цм.)" и кревет 160 х 200. Вкупно 358 со креветот во должина, или 318 со креветот напречно.
    На десниот ѕид: "комода(108cm)" и "креветче кое само ќе стои монтирано но нема да биде употребувано барем една година(157 цм )". Вкупно 265, простор помеѓу останува околу еден метар. Е само просторот меѓу креветчето и креветот не знам колку е, нема ширина за креветчето. Претпоставка дека е околу 75-80цм.

    А во право си дека нема место, претесно е за сите елементи, ама спомнав креветчето е ставено таму привремено, нема пристап до него бидејќи и онака нема да го користи година дена.
     
  17. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Ми треба совет и мислење.
    Тргнав со идеја да направам кујната бела медијапан со висок сјај.
    Во Солопром ми понудија ламинат кој што исто така е сјајен.
    За мене беше ново зошто до сега не знаев дека може да се направи кујна од него.
    Што мислите за ваква варијанта на кујна ;)
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    Нажалост не би знаела да ти кажам но мислам дека со оглед на тоа што ламинатот е многу отпорен материјал веројатно и за кујната би било прилично отпорен материјал. Распрашај се па пиши ни што си одлучила и како се покажал материјалот.
     
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Iako voopsto ne strucna,ne bi posovetuvala laminat i toa sjaen za vo kujna.
    Stom si odlucna za bela kujna,rasprasaj se za laminat kako saren mermer.(belo,sivo)..
    Imam drugarka i e epten zadovolna.Dokolku dojde do grebnatinka,radi boite ne se poznava(a ako e sjaen ke se poznava),plus i prasina,za mrsno da ne zborime.
    Za kujna si se plocki.Od prakticen aspekt.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    Галапче девојчето мисли на ламинат како материјал за кујна ама за елементите, не за подот.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.