Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ќе ми простите што се вмешувам во разговорот. Не сум стручна на темава, но да ви споделам сопствено искуство. Јас имам кујна бел сјаен медијапан горните елементи, кујната е една година стара. До сега не покажала никакви знаци на пожолтување. А полесно нешто за одржување немам. Горните елементи немаат рачки, туку се со спустови. При рутинско чистење само поминувам со крпчето и си светнува медијапанот.
    Е за разлика од горните долните елементи ми се црна рапава иверка, е тоа е мака. Секоја капка се познава, па неможеш како горе само да поминеш зошто се се рашљакува.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    Ете супер од искуство си кажуваш Ирена, а од тоа нема подобро. Супер, иако мислам дека се си зависи и од квалитетот на материјалот, има медијапан од 2000 табла, има од 3000, а има медијапан и од 5000 табла, разликата си кажува сама. Се зависи и од тоа како е фабан, квалитетот на фарбата, времето на сушење во комора, ред други работи кои сами си придонесуваат. Јас не би одбрала сјаен медијапан, зошто? Како прво е многу поскапо, како второ ќе имам 7 метра кујна и тоа ќе ме кошта многу, како трето сметам дека попаметно ми е да вложам во поскапи шарки и механизми на затварање отколку лицето, има и добра иверка која не е толку скапа а богами има и дезени на избор. Мојот избор ќе биде сигурно бела со бука и сиви елементи, но сеуште сум во потрага по она што ќе ме фати за око па немам никаква разработка направено, но кога ќе направам нешто ќе ви покажам ;)
     
  3. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Бидејќи сум многу неодлучна би сакала да го слушнам вашето размислување за библиотеките од прилозите( со што делумно ќе се покрие вратата од купатилото)

    biblioteka2.jpg biblioteka3.jpg biblioteka4.jpg biblioteka5.jpg biblioteka6.jpg biblioteka1.jpg

    На страната каде што треба да оди комодата има парно од кај прозорот така да зафаќа една третина .
    Незнам дали над парното да оди дел од комодата .
    Дали имам ограничувања за ТВ комодата (околу облиокот) бидејќи е во близина на библиотека.
    Инаку бојата би одела иста на двете работи -- посветол даб.
    За кујната се одлучив за крем боја од сјаен ламинат со работна површина посветла- со изглед на пресечено дрво .Ќе видиме како ќе излезе .
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ми се допаѓа варијантата со пола затворени, пола отворени елементи, така ќе можеш затворените всушност да ти бидат отворени кон дегажманот од купатилото и спалните за да можеш да оставаш работи од таа страна, ако ме разбра де. За комодата, сакаш да биде од библиотеката до ѕидот или? Мора да биде толкава? Не мора да оди толкава, не мора да биде до ѕидот. Бојата ќе ти биде премногу со црнаобелата гарнитура за седење, подобро оди со нешто бело, светло.
     
  5. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Бајата на гарнитурата е од софтверот, размислувам за нејзе да оди во боја на лешник,крем, чоколадо или виолетово.
    Висината на библиотеката ќе биде од 2м до 2.20м над нејзе ќе останат уште 30см, не сум зборувала со мајстор дали може така да се изведе или или ќе мора до плафон.
    За комодата , ќе биде на ѕидот до библиотеката каде што е и парното.
    ѕидот е 3,88м кога ке се одбие 40/50цм што ќе го зафаќа библиотеката и дел да се остави празен значи 1м .Од другата страна е парното што зафаќа околу1.5м.
    Останува околу 1.5м за комодата. Затоа се мислам дали да оди само ниска комода без расфрлени полици или коцкичи по ѕидот.Тогаш незнам со што да го осмислам ѕидот над парното зошто ќе биде мноу празно .
    Или да биде комода со висечки полички и кубуси и над парното, но тогаш се плашам да не дојде премногу пренатрпано. Незнам дали успејав да објаснам добро?
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    Хмммм.... Ако не ти е проблем исцртај го во софтверот парното кај стои со димензии за да имам слика, вака некако не ми е логично. Мада ко што разбрав ти имаш мака со парното кое иде на ѕидот на кој треба да иде и ТВ комодата. Ако го затвориш парното рачунај дека многу од топлината ќе ја изгубиш, а и тука нема да можеш ништо од техника да ставиш или пак слично.
     
  7. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Ок , денес попладне ке го исцртам .
     
  8. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Здраво AngelofArh,
    Нацртав нешто на место на парното само што го оставив во друга боја за да биде уочливо.
    Фајлот неможам да го испратам бидејќиу е поголем од дозволеното.


    untitled.1jpg.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    • untitled.1jpg.jpg
      untitled.1jpg.jpg
      Големина на фајлот:
      77,4 KB
      Прегледи:
      107
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    Леле три архитектки во канцеларија се крстиме на ова на сликава, со кој памет се става вака парно еј. Катастрофа. Ама добро, што е тука е, ќе мораш да се врзеш на овој простор што ти останува или да одиш со елемент во вид на маска праку парното и да изгубиш дел од топлината а и да ризикуваш да си го уништиш елементот. Затоа држи се на тој простор со комода ниска за ТВ и полици или што и да сакаш горе кои може да идат и над парното ;)
     
  10. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Несакам да го затворам парното, ама незнам ако ставам делови од комодата над парното да не биде многу пренатрупано со библиотеката.
    Или пак да ставам да оди ниска комода, анад парното поголема слика.Стварно незнам ???
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    Овде треба да идеш или со минимална комода или со нешто композициски, друг начин не знам. Слика тука баш и не знам, повеќе би идела со некој интересен принт или стикер со саат на пример или слики во рамки од фамилијата, како композиција да дојде.
     
  12. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Ок, благодарам засега :)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Комодата во која боја ќе ја правиш?
     
  14. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Сакам да биде во иста боја како библиотеката ,нешто посветло од паркетот кој е дабов.
    Бидејќи кујната е од сјајен ламинат крем , ова мислам да биде од иверица.
     
  15. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Можеш да направиш низок елемент во иста боја со библиотеката а над него висечки елементи или полички во бела боја. Па висечките да ти дојдат и над парното. Така нема да ти штрчат многу. Ѕидот бел ли ќе ти биде?
     
  16. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Станот е нов, и е кречен бело. За првите година , две не планирам да го кречиме -- нема буџет и за тоа:)
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Значи сакам мислење за дневнава соба моја. Ова е некој груб цртеж како што иницијално сакав да биде, ама не бидна од х причини. Е сега сакам да го направавам.
    Сакам Ангел да ми помогне - сакам бела кожа двосед/тросед или два двоседа согласно просторорот, ама трпезариската маса да биде каде што сум ја замислила (ќе биде помалечка од оваа на сликава).
    Колкави ми се максималните димензии што можам да ги земам и не сакам просторот да ми е натрупан. Шанкот од сликава отпадна, затоа што мислев дека ќе ми го затвори просторот.
    Кујната е бел сјаен медијапан.

    Фала @AngelOfArh
     

    Прикачени фајлови:

    • slika.PNG
      slika.PNG
      Големина на фајлот:
      303,4 KB
      Прегледи:
      83
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    Го проанализирав просторот и можам да ти кажам дека имаш ретко добар распоред на дневна соба. Трпезариската маса ти е топ на тој простор само ќе ја свртиш и со пократката страна ќе ја залепиш за ѕидот под прозорот, така ќе ослободиш многу повеќе простор за дневната. Шанкот не мора да отпадне, одлична идеа ти е, малку од малку да го одвоиш просторот од дневната и за брз оброк ќе ти се најде. Кујната продолжи ја до крај, ако има прозори, таму ќе имаш убава слободна работна површина а не ти треба висечки па ќе ти се најде за сецкање, за одлаѓање, за било што. Во просторот за дневна би ти советувала да си го задржиш Г-то, многу убаво се склопува во просторот, но ќе го повлечеш малку сега бидејќи повеќе простор ќе ти се ослободи. 2 двоседа ќе ти биде проблем да ги сместиш, подобро ти е да одиш со Г ;)
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    јас сега имам Г и не ми се свиѓа како одговара во просторот :( Затоа сакам 2 двоседа наместо Г.
    Инаку тој завршетокот кај прозорите ми е искористен - имам работна површина, а под неа фиоки и цел агол ми е искористен...

    Едит има радијатор под прозорот, па малку ми е проблем да ја залепам баш до прозорот. Ама има опција..
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    Не мораш да ја залепиш, муабетот ми е да биде тука одма, не да се поминува меѓу прозорот и масата. Ти ќе си видиш како е на лице место просторот, да биде таман за да иде нагоре топлината и да имаш убаво природно осветлување. Мене многу ми е свиѓа под прозор маса. Сепак мислам дека 2 двоседи многу ќе ти го затворат просторот, а и двосед си е двосед, немаш баш комоција. Ти ќе си увидиш најубаво, види ја како опција и тросед и 2 фотељи, тоа ми се свиѓа многу во последно време. Ама тесен ти е просторот за експерименти, да не го затвориш дополнително.