и ние сакаме да кречиме за неколку дена.Мојата соба е темно сина, а мебелот е исто светло син,темно син и сакаме да смениме боја која боја би одговарала
и за кај тебе важи посветла бледа нијанса да отвори малку собата да се исполни со свежина пример светло жолта или бледо лила...може и кајсија ама сосема бледо или резеда Спојлер
Здраво, Честитки за темава. Сакаме да градиме куќа, па ми треба препорака за проектант. Мене ми е поважно идејното решение. Делот со статика, водовод, електрика... претпоставувам дека има нормативи и лесно може да се преконтролира она што е наведено во проектот. Прво ми е неопходно интересно идејно решение. Ви благодарам доколку имате некој-а да ми препорачате.
Ако сакаш да ти помине помине проект во Општина од таму каде што си, и земеш градежна дозвола тогаш вржи си некоја фирма чии проекти поминуваат полесно или отиди во Општина и распрашај се, секој се има повржано со некоја фирма со која соработува :geek: . Архитект ќе ти исцрта според податоци во ДУП и ќе ти даде идејно решение...
И јас барам мала помош за уредувањето на домот.Значи станува збор за дневна трпезарија и кујна поврзани заедно со површина од 30 квадрати.Е сега пред некој ден ја направивме кујната-цела е црвена боја,а во дневната имаме светло крем гарнитура.Па мене ми треба помош околу комодата за во дневна,завесите,лустерите и масата трпезариска.хахаха(знам дека претерувам со барањата).
Многу интересна тема, а и добри идеи од Ваша страна. И ние сега ќе почнуваме да си го уредуваме станот, тој беше започнат со уредување но некој период паузиравме, сега пак му дојде редот, пред да се вселиме во него. Мене ми треба да ми дадете идеја во однос на бојата на гарнитурата (двосед, тросед, фотелја и табуретка). Ние ќе го претапацираме бидејќи гарнитурана многу ми се свиѓа. Таа има дрво на предниот дел од подпирачите за рацете, и дрвен дел на задната страна што изгледаат како уши Тие се темно кафеава боја заедно со регалчето во дневната соба. Она што сакам да ми кажите со каква боја да биде претапацирано исто така каква боја на теписон како и бојата на завеста, додека пак бојата на ѕидовите е праска со бел таван.
јас би ти препорачала да ја претапацираш во праска боја како ѕидот или евентуално крем, додека за завесите и за теписонот да одбериш нешто подречливо и во друга боја на пр. резеда или темно зелена...ќе го отвори просторот и ќе му даде свежина
Јас да ви се извинам што ме немаше подолго но мислев дека нема заинтересираност на темава, гледам колегиница одлично се снашла, а и останатите сте дале совети, ви благодарам што сте ме “замениле“ на кратко, Басс и останатите, А`м бек
Јас сакам да прашам дали некоја од вас има искуство со преградување со кнауф плочи? Сакам да поделам една поголема соба во две детски помали, ама проблем е што на тората соба вратата треба да се стави на преградата. Дали кнауф плочите би го издржале тој терет или треба да барам некој друг начин?
постои детал за монтажа на врати во кнауф ѕид, така да биди без гајле ..секако дека издржува ама за таа цел се става дупли профил
Ај да прашам и јас нешто да не останам покуса Не навистина ми треба помош и совет. Значи реновиравме дневна соба но завеси уште не сме избрале. Па ме интересира некоја од вас да ми предложи какви завеси да ставиме, дали задолжително да бидат еднобојни, дали може за да разбиеме монотонија да ставаме и драпери ( пр завесите да бидат по светла боја а драперите нешто по темно). Не знам, јас самата не се разбирам во вакви работи па за да не бидат џабе фрлени парите барам предлози и совети од вас Ставам слики од собата во спојлер па секој предлог е добредојден
јас ти предлагам да одбериш нешто како во сликите во спојлер а тоа значи проѕирна бела завеса во средина и потемни од двете страни кој ќе дадат еден гламурозен изглед на собата и ќе внесат многу светлина...мене лично драпери не ми се свиѓаат , а гледам собата ви е многу убава и со модерен изглед па затоа драперите не ги ни препорачувам мој предлог е да се внеси малку боја во просторот со на пр зелени детали а исто и завесата од страна нека биде во посветла зелена боја која ќе додади само свежина Спојлер
Басс одговорила и на двата проблема, јас можам само да се сложам со неа, со Кануфот да препорачам само да одберете професионалци, да не работите на своја рака. Кај завесите јас на овие тонови би одбрала убава лила боја, лаванда за средина и потемна за страничните. Немој да одбираш кафени нијанси ќе ти ги затвори елементите а и самата соба.
Супер тема. Уредуваме дневна соба во комбинација на темна кафеава (чоколадна) и бела боја (кафеава гарнитура, бела со кафеаво масичка за телевизор). Сакаме ѕидот кај телевизорот да го направиме во капучино боја. Дали овие три бои одат добро (бела, темна кафеава и капучино)? Остатокот од ѕидовите остануваат во бела боја. Уште се двоумиме и дали носачот во станот да го направиме во темна кафеава боја или и него да го направиме во капучино боја . Носачот е веднаш над ѕидот зад телевизорот. Поздравче
Доколку идеата ви е да бидат такви смирени земјени бои ОК е, но ризикувајте од тоа да ви биде малку помонотоно, нема да има некоја поголема идеја самиот простор. Но тоа пак отвара место за комбинации во просторот во однос на секундарниот дизајн, уредувањето на станот со менливи предмети. Неодамна на еден канал кој разработува вакви тематики даваа една куќа која е целата во бела боја, совршена бела боја и натур бетон во некои делови, е како сега да се разбие таа бела боја, со детали во различни бои кои се менуваат секоја сезона, комплетно нов дух добива домот, ама буквално се, од кутиите за ситнурии на полиците, до вазните и чиниите на пултот во кујна, се се менува, во некоја јака боја нормално, сина, жолта, лилакова, црвена, зелена.... и се така додека не помине некое време па да почнат да се повторуваат боите. Така можеш и ти да комбинираш, иди со овие две бои, кафена и капучуино, белата секако ти се вклопува мада јас не би идела со идеално бела боја туку и таа малку би ја истонирала со некоја бледа беж нијанса, а со остатокот од домот ќе си играш, па така во зима ќе внесеш потопли бои, некои црвени детали, завеси, прекривки на гарнитурата, вазнички и стикери на ѕид, додека во лето иди со весели бои, цветни, такви нека ти бидат и мотивите, така никогаш нема да ти биде досадно дома. Јас би се обидела во секој случај бидејќи сакам промени а овие и нема да чинат колку што ќе чини менувањето на боја на ѕидовите, неколку различни комплета на завеси, вазни и украси, соодветни стикери и секоја сезона ќе имаш различна слика во домот
И јас мислев да одам на тоа, деталите да бидат поразиграни, но партнерот смета дека треба да одиме со некоја појака боја на ѕидот. Твоето мислење е поблиску до неговото, па за да не биде монотоно, со каква боја би ни препорачала да го обоиме ѕидот.Со оглед на тоа дека сакаме да обоиме само еден ѕид, не се работи за некоја голема инвестиција. Се уште не сме ја авршиле работата, па отворени сме за секакви предлози. Пак ке спомнам, мебелот е во бела и кафена боја.
На тие бои можеш да одиш буквално со секоја “жива“ боја, црвена, лилакова, зелена, тиркизна... Ти препорачувам тоа да биде светла боја, сепак на крајот на краиштата бојата треба да го живне ентериерот, но внимавај со изборот бидејќи ќе те ограничи во изборот на детали во просторот. Можеш да размислуваш и за неколку бои, пример, неколку нијанси на лилаково во ленти, подебели или потенки, по целата должина на ѕидот, а измеѓу можеш да вметнеш и од кафената и капучиното, но внивај пак на основата на ѕидот, доколку тоа го правиш на потемен ѕид избери светли нијанси а ако го правиш на светол или бел ѕид имаш повеќе избор, можеш да играш со тоновите Се надевам ме разбра Доколку најдам нешто ќе ти испратам во ЛП и ќе видиш за што ти зборам
Сега започнавме со уредување на станот. Дневната е заедно со кујната 20 квадрати. Во просторот кај што ќе биде кујната, имам и прозор и балконска врата, така да се надевам дека колку толку ќе биде полесно за ветреење на миризбите На саемот за мебел, одбравме аголна гарнитура, така ни одговараше на просторот. Бојата е како на сликата (не е таа гарнитура). Се мислев кујната да биде на светла нијанса, видовме несто на еден проспект, храст, некоја нијанса на бело/сиво е, ко прошарано. Сакам визуелно да го проширам просторот...па некако ги гледам посветлите нијанси. Кујната може и комбинација да биде од 2 бои...елементите ке бидат иноксни, па ако имате предлог, би ми бил добредојден Размислував за малото тепихче под гарнитурата да биде некоја лила боја, такви и завеси прошарани на лила. После деталите би ги направила со појака боја. Од толку разгледување, мислам дека веќе ја изгубив и идејата Нема да биде чудно и сосема десето на крај да испадне
На оваа боја иде се, а 20 квадрати поготово во простор како коцка е многу тешко да прошириш визуелно. Визуелно ќе прошириш со светли бои на ѕидовите, со огледала, пример место уметничка слика на некој ѕид постави огледало, гледај да не трупаш многу мебел, веќе си одбрала аголна гарнитура иако јас би ти преорачала за мал простор убав тросед и некои табуретки поголеми. Значи мебелот да ти биде со помал габарит па ако сака и црн нека е. На оваа боја идат многу бои, така да не се сеќирај за тоа, јас би искомбинирала со некоја темна кујна, да не биде се монотоно и бледо