Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Сега ме стави во мисла - јас мислев дека подобро ќе ми дојде така. Ама ќе видам и тросед со две фотељи како би било.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Slika 1.jpg Slika 1.jpg ]
    @AngelOfArh
    Еве ја сликата од кујната. Ова е цртано кога не знаевме, каде се точно инсталациите. Значи каде што е фрижидерот тука е приклучокот за шпорет и аспиратор, а каде што е шпоретот е приклучокот за садоперот. Прозорот не е толку блиску како што е на сликава. Дали по твое мислење би било паметно, ѕидчево што е на левата страна кај што треба да биде шпоретот да се продолжи, со цел да се добие на фунцкија, односно на некој начин да може да се стави уште некој елемент, а шанкчето да иде од прозорот до некаде повеќе од средина? :)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.436
    Пол:
    Женски
    Вака како што изгледа скроз е поразлично тоа што ми го прати во порака и ова, некако премал е просторот за кујна во споредба со основата, мислам дека имаш нешто сменето, нешто со димензиите во овој 3Д приказ. Поготово што ѕидчето до прозорот е многу поголемо од ова овде прикажаното. Мој совет да ги провериш димензиите. За фрижидерот единствен простор би ти бил тој до прозорот. Не знам дали планираш мал фрижидер како на приказот, али не ти го препорачувам, мал е многу за фамилијарен стан. Ѕидчето не го продолжувај, не е така едноставно од линиска кујна да направиш кујна во Г на овој просотор, мислам дека треба да ја продолжиш кујната кај прозорот, значи на тоа ѕидче ;)
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.784
    Допаѓања:
    325.092
    Пол:
    Женски
    Каде може да најдам таква програма?
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.961
    Допаѓања:
    81.295
    Пол:
    Женски
    Има од самиот Google Chrome. Ќе кликнеш на Apps на статусната лента кај Bookmarks и програмот за онлајн едитирање е Autodesk Home Styler.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ако ми дозволите да ви се смешам во муабетов, мојата кујна и исто волкава и со ист распоред на приклучоците и на иста позиција има прозор. Замисли стан од 75 квадрати, а кујна од цели 3 :D. Можам да ви кажам ние како ја изведовме, со милион и една консултација со мајсторите и стопати досаѓав овде на форумов. Значи од лево на десно, прво шпорет со аспиратор 60 см, па вагонетка од 25 см, па машина за садови 45 см, следи садоперот кој е мислам околу 45 и има коше каде што стојат сите мали апарати (посебно се правеше таму инсталација т.е штекери и осветлување), и вртиш на фиоки мали некаде околу 40 см и уште фрижидерот кој е рамно до прозорот. И многу важно гледавме просторот во висина до крај да се искористи, односно горните висечи се буквално до плафон, и го купивме највисокиот фрижидер кој го најдов 201 см. И после една година користење моето искуство е дека кујната е скроз функционална. Имам и мала скаличка на дофат за поткачување за најгоре да дофатам.;)
     
    На MissDaisy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Може да ми препорачаш некој столар од кој си задоволна за кујната? Кај нас истата е 4 м2, а станот е 52 м2. Така да ќе мора да ја правиме по мерка. :) Исто да те замолам ако можеш да ставиш слика од твојата кујна. :)
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.784
    Допаѓања:
    325.092
    Пол:
    Женски
    Кои плочки за купатило се најдобри за чистење,мислам на боја?
    Еден куп прашања имам уф.Од кирија сега одиме во наш стан и имам стотици дилеми.
    Исто ме интересира бојата на ѕидовите.Која е најпогодна за дневна,детска и спална.Се повеке налетувам на ѕидови во боја.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.436
    Пол:
    Женски
    Joy според мене најдобри плочки за чистење се сјајните, буквално се паѓа од нив со слаби средства, додека гранитните си сакаат поагресивни хемии и повеќе триење. Но тоа од лично искуство, е сеа, за под некако сјајни не ми се ставаат, деца утре задутре ќе летаат ко пердувчиња по подот, најверојатно ќе ставам гранитни и јас. Бојата со чистење нема врска, на темните ќе се познава бигорот, на светлите ќе се познаваат флеките, и двата вида ако не ги исчистиш ќе се познаваат прљавштини.
    Боите ти зависат од сопствените желби. Но основно правила, во дневна било каква боја стави но во спалните топла и смирувачка, пастелна боја.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Извини MissDaisy не објавувам лични фотографии на форумов, кујната горе е бел сјаен медијапан и е буквално до плафонот, а долните елементи црна иверка. И за столар е тешка работа, јас можам да ти дадам контакт од мојот, но не можам да ти го препорачувам. Мислам крајниот резултат е добар, ама до крај охоооо, влечуга невидена, за кујна од 3 квадрати чекав со месеци, па вамо бил па таму, па утре, па нема да дојде а не се јавува на мобилен. Среќа па и ние не брзавме со вселување, ама иритира, и се ти е поврзано едно со друго ;)
     
  11. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Те разбирам Иренче :) Сите столари се влечковци, чудна работа, досега кој да прашам, сите одговараат ќе ти сработи ама дур ти сработи..... А кога си ограничен со простор мораш по мерка. :) Ќе видиме ние нешто мора да смислиме, за да го искористиме убаво просторот. :)
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.436
    Пол:
    Женски
    Јас се имам на неколку пати изгорено со препорака и од тогаш не препорачувам, ако имам своја екипа да, ќе работам, ќе го буткам јас, ама вака не. Мојот столар беше брз, ама страшно скап, ќе се договорам ја една цена со клиентите, друга он ќе ми стаи, страшно ме нервираше тоа. На еден ентериер го закрпи 5 000 евра повеќе инвеститорот, за цел стан мебел, епа не се малце, а инвеститорот да не ми каже дознав на крај, од тогаш раскрстивме со него, не работиме повеќе заедно.
     
  13. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Имам прашање околу замена на парно, електрична инсталација и паркет.
    Бидејќи ќе го реновираме целиот стан, не знам што да правиме со парното-дали да купиме нови или овие да се извадат, да се исчистат, да се префарбаат и да се вратат назад? Каква е процедурата-дали ова може да го изврши Топлификација или треба мајстори да си бараме?

    Во врска со електричната инсталација-дали мора да се менува или може да остане истата (немаме никакви проблеми).

    Паркетот е стар, оштетен, на некои места кога ќе згазнеш-крцка. Не знам дали скроз да го менуваме или само да се иструга и излакира.

    Ве молам за совети, стварно не знаеме што да правиме! Секој архитект и мајстор би рекол се да е ново-затоа што така им е полесно, плус е поголема заработката, ама стварно не знам дали има потреба.
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.784
    Допаѓања:
    325.092
    Пол:
    Женски
    Дали има некаква врска на која страна е сместен брачниот кревет?Ми кажаа не требало со главата запад да биде.Вистина е?
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.436
    Пол:
    Женски
    Тоа според мене се суеверни мислења, не е до толку до правила. Најдобро е да биде со главите кон ѕид кој не е фасаден заради ладниот воздух, да не ви биде ладно во зима, иначе друго нема врска. Мене на пример ми е филм под прозор, ама тешко дека ќе го ставам под прозор, некако ми нема логика убава просторот. Единствениот убав простор ми е кон север, ама па тој просор ми е измислен за плакарите и никако не си :D Кога работам ентериери за клиенти е толку лесно што си мислев ех кога ќе дојде мојот ентериер на ред, штоооо? Лудило, главата ми исчури додека да го скоцкам како што сакам :/
     
    На Mishela, crimson и joy1 им се допаѓа ова.
  16. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ми треба совет за уредување на соба со ширина 3м а должина 4м. Собата е моја и на сестра ми, значи како за две поголеми девојки. Милион пати сме ја преуредувале ама бидејќи не располагаме со голем простор никако да погодиме соодветно уредување. Оваа пролет сакаме се да купуваме ново и да ја уредиме, но никако да најдеме соодветен распоред на нештата, како и да ја наместиме пак ни е тесно.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.961
    Допаѓања:
    81.295
    Пол:
    Женски
    @Oneo, просторот е тесен за двете да бидете во една соба и да имате се` комплет, ама може да се направи некоја компактна и пријатна верзија.
    Објасни каде се сместени отворите од вратата и прозорите, па ќе видиме што и како може да се направи. :)
     
  18. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Да стварно е премал, ама сите други соби се зафатени така да немаме друг избор. Вратата испаѓа некако во ширината кај што е 3м, скроз на крај, а прозори има 3, исто во ширина од спротивна страна на вратата.
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Мене за мали простори ми се супер оние кревети кои преку ден можеш да ги претвориш во софи, за да може да ти дојде некој во соба и да не ти седи врз постелнината. Види на страната на домиталиа, малку се поскапи, ама барем за инспирација.
    Ако имаш место во ходник или некоја друга просторија, стави го таму плакарот, во соба стави некој фиокар или помал плакар, колку за долна облека, пешкири и други неопходни работи.
     
    На 1209, joy1, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.961
    Допаѓања:
    81.295
    Пол:
    Женски
    Супер би било да ги средите некако за да дојдат во „Г“, а во средина да вметнете клуб-масичка. На местото од просторот откај прозорите кој ќе ви остане, можете да ставите тоалетна масичка, штом сте две девојки и те како ќе ви биде корисна. :)
    Наспроти тоалетната масичка, на подолгиот ѕид, обидете се некако да вметнете некои комоди со фиоки.
    Во моментов не ми текнува некој друг распоред, ќе напишам уште нешто повторно ако ми дојде некаква идеја. :D
     
    На Oneo му/ѝ се допаѓа ова.