Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Мат е полесно за одржување, не се познава толку бигор на него, ама обичното калено стакло го отвара просторот повеќе. Кај нас е обично прозирно и покрај маката со чистењето плочките повеќе ми доаѓаат до израз. А кадата е средна висина, едвај ја најдов, зашто мислев сепак некогаш ќе притреба нешто да запереш тука, стазичка некој или сл. а не сакав висока. Сепак ти најдобро си знаеш дали ќе ја користиш за нешто друго.
     
    На kukla21 и joy1 им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.277
    Пол:
    Женски
    Мн е големо купатилото и нема да има потреба од дополнително отварање на простор.Фала на совет.Незнаев што е подобро а токму тоа ме занимаше-начинот на одржување и квалитетот.
     
    На anel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Јас имам мат и сум презадоволна, па на сите препорачувам мат :). Инаку кај нас кадичката е ниска и направена од плочки со параван и екстра е. Мене лично ниско ми е поубаво :)
     
    На macalavica и joy1 им се допаѓа ова.
  4. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    За Ангел, многу ме интересира одговорот :) thanks
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN7455.JPG
      DSCN7455.JPG
      Големина на фајлот:
      270,5 KB
      Прегледи:
      105
    • DSCN7456.JPG
      DSCN7456.JPG
      Големина на фајлот:
      266 KB
      Прегледи:
      103
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.300
    Допаѓања:
    102.795
    Пол:
    Женски
    Najprvo da vi se izvinam za latinicata znaete deka sekogas pisuvam na kirilica ama kompjuterot mi e vo proces na popravanje pa zatoa koristam latinica ;)

    Spored ova shto mi go nacrta mi se sviga nacinot na koj sakas da go sredis prosotorot. Moj sovet e da go trgnes shankot skroz, bez zidovi, bez nisto i vo kosinata da napravish edno ostrovo, em ke ti bide otvoreno kon dnevnata em ke go koristis kako sto mi pisa kako shank, kako masa za nabrzinsko jadenje i slicno, a prostor imas i poveke od toa. Ne kon kujnata, kon dnevnata da ti ide ostrovoto, tamu imas poveke prostor. Ona masice vo kujna da go izbacish skroz i ako moze da se trgne i prozorot, da si bide eden otvoren prosor za kujnata, taka ke mozes duri i vo G da ja napravis kujnata nakaj terasiceto ;)
     
  6. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Тханкс фор евритинг! :* Значи ја бива така, добро! Во делот со шанкот не те сфатив баш, ѕидчето кај касата без врата да остане и на него да направам полуострово, а остатокот од шанкот и така се преградни ѕидови па да ги снема. Тој прозор од кујна ке дава светлина и во дневна, а балконската врата и прозор кој терасичката ке ги нема, така што кујната ке се простира од почетокот на терасата до касата без врата во Г. Пиши колку би ме чинело за овој простор да ми направиш план, така детален :)
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.300
    Допаѓања:
    102.795
    Пол:
    Женски
    E toj del veke vo poraka ke go dogovorime ;)

    Inaku da, se si razbrala, no ako rabotime ke ti objasnam se po red kako treba da odi :* Od ovoj prostor bi izleglo mnogu ubav salon so dneven boravok, kujna i raskoshna trpezarija ;)
     
    На Regenbogen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Секогаш од вас добивам добри идеи, затоа сакам сегашната дилема да ја споделам со вас.
    Кујната ,трпезаријата и дневната се отворени и поврзани.
    кујната со шанкот е крем сјај,
    трпезаријата- маса бела , материјалот на столчињата нешто бело i светло кафено на линии
    софите се нешто потемно од капучино. Паркетот е даб а зидовите се бели
    Се мислам за комодата и клуб масичката.
    Гледав во Симпо , има сега некој попуст од 30% .Тоа што ми се допадна (Frame) го има во светла(светол бор) и темна нијанса.
    Што мислите , што би одговарало повеќе?
     
  9. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Феминки ако може и за мене сличен совет како тој погоре. Кујната и трпезаријата гледаат накај дневната. Се мислам каква боја да ја направиме кујната со оглед на тоа дека плочките се прљаво бели. Дајте некоја идеја за комбинација на бои или една боја за потоа лесно да ја вклопам и дневната. :)
     
  10. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Епа и јас да се приклучам на овој дел од форумот, долго време следам, ми давате мотив и желби за промена! Во план ми е голема промена на собата но не знам за распоред каков да поставам со оглед на фактот дека ми треба гооолем простор за плакар, и за складирање на книги и работно ќоше би го нарекла :) За сите професионални познавачи на ентериер на форумов им симнувам капа за несебичното давање на совети, девојки секоја ви чест! Во нареден пост, откако ќе успеам со цртање да го доловам распоредот и димензиите ќе поставам слика и ќе ги очекувам вашите предлози, искрено се надевам дека ќе ми помогнете :)

    Од друга страна, сакам да кажам доколку ви е потребен столар може да ми се обратите, дечко ми работи професионално и приватно со тоа. Ќе ви дадам број доколку ве интересира па вие консултирајте се после тоа. Дечкото не да ми е дечко, но навистина е посветен на работата (ќе прочитате на некои мои постови како се жалам токму заради тоа, дека кога има работа дури ме става на второ место после неа :( )
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.300
    Допаѓања:
    102.795
    Пол:
    Женски
    Зависи од тоа каква боја е дневната, ако веќе се работи за еден споен простор нормално нели. Ако одбереш црно бела треба во тој манир да одиш и кај кујната или пак да одиш со некој контраст за да разбиеш, зависи тоа од желбите. Ако ти е опремена веќе дневната прикачи слика за да знаеме кон што да советуваме ;)
    Ајде нацртај нешто па да видиме за каков простор се работи, а за соработка, не се сеќирај ќе се најде ;)
     
    На male му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.300
    Допаѓања:
    102.795
    Пол:
    Женски
    Во тој случај сама си одбираш бои. Зависи од тоа какви бои преферираш. Јас на пример иста ситуација сум како кај тебе, ќе имам отворен простор, дневната ми е на крем и стакло, тв комодата ќе ја направам понатака ама ќе биде бела, бела обична софт иверка. Дневната и трпезаријата ќе бидат бело со бука светла и инокс, белата техника ми е сиво со црно, затоа иноксот ќе биде мат. Е сега што се однесува до разигурвање на просторот, ќе ставам лилакови тонови, прљаво лила, не дреч, иста боја ќе бидат и плочките во кујната и теписите. Ќе кречам се бело, ама не скроз туку ќе затолпам со малце крем, ке додадам во белата. Да не си архитекта, ќе дојде ред да реновираш и цели фермани ќе почнеш да пишувам :D Еве ти една идеа, јас сакам светол отворен простор, така да ти пиши ми каква идеа за просторот имаш ја ќе ти скоцкам нешто ;)
     
  14. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Исто и јас сакам светол и отворен простор, белата боја може да ја има, ама да не е доминантна. Црна боја никако. Идејата за бојата на кујната ми е да биде во светли тонови, не сакам темни, а за во дневната идејата ми е биде венге или крем со зелени детали. :) Се надевам дека ќе може да ми помогнеш. :)
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.300
    Допаѓања:
    102.795
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да вклопиш зелена боја тогаш одбери зелени плочки за кујната и зелени елементи за трпезаријата. Венге ти е темна, но можеш да ја вклопиш и во дневната кај ТВ комодата, во трпезаријата може да вклопиш венде столици. Идеално за отворен и светол простор ти е стакло, пример стаклена трпезариска маса, клуб масичка во дневна и слично. Не би ти препорачала зелена за елементите во кујна, не знаеш како во иднина ќе сакаш да ти биде.

    Еве ја мојата замисла за кујна, мада што ќе бидат мат површините на лицето, значи не сјајно и ќе биде иверка не медијапан. Иверката ќе биде со текстура која ќе оди по хоризонтала и кај долните елементи ќе биде малку потемна, ама не крем туку накај розе да мава, она песок боја. Подор ми е бука така да нема да ми биде проблем да вклопам. И нема да бидат вака заоблени елементите, а ова што е како шанк ќе биде баш островски поставено на средина.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Во вториов пример само горните елементи не ми се свиѓа што се стакло, иначе тој е тој стилот.
     
    На MiA-1 и MissDaisy им се допаѓа ова.
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, ви праќам цртеж од нашата дневна соба,и цртеж како планирам да ја направам, моментално е во изградба, секој предлог е добредојден!
    Кујната и трпезаријата ми се испланирани, дневната не ми е, што мислите вие,аголна гарнитура или класични тросед двосед фотеља, тв комодата на кој ѕид да ја ставам?
    Сакам бел ламинат, бели елементи, кујната ја сакам во боја,се двоумам помеѓу виолетова , темно розова(помеѓу розово и црвено) или портоколава, и еден ѕид би го обоила во бојата која ке ја одберам а останатите бели? Преградниот ѕид ке има лице кон дневната и ке биде украсен со некои полици,
    Шанкот сакам да биде висок 1.30, и внатрешноста да му биде функционална, а од надворешната страна 2 столчиња.Плотната на шанкот да биде поширока за да има простор за нозе. Во шанкот сакав во лицето да вметнам од оние анимирани слике што работат на струја, на пример со мотив аквариум,само незнам каде да најдам ваква слика?
    Ве молам за Ваше мислење и совети?
    Последната кујна на зелено ја прикачив бидејки токму по тој распоред ми се планирани елементите во мојата кујна.Во првата половина има оставено централно светло за лустер (над дневната), а во втората половина (кај трпезаријата и кај кујната) има оставено светло над трпезаријата и на средина на кујната, во иста линија се светлата од кујна и трпезарија симетрично поставени во центар на двата дела.Во кујната за подни би избрала бели плочки слични на ламинатот, ама незнам какви зидни плочки да ставам во кујната.Каков е тој плексиглас, скап ли е многу, јас прашував за калено стакло со апликации и ми рекоа 8500 ден м2, тоа е многу скапо.Не располагаме со многу пари, многу потрошивме на градење, нова ни е куќата.Очекувам Ваши совети и препораки!
     

    Прикачени фајлови:

  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.300
    Допаѓања:
    102.795
    Пол:
    Женски
    Овде најубаво би било да ставиш тросед, двосед и фотеља, свртени со грб кон кујната да биде троседот. Телевизорот со тв комода да оди на тој краток ѕид паралелно со троседот. На тој начин позади троседот ќе се створи простор помеѓу него и преградниот ѕид, таму можеш да поставиш библиотека, па во иднина да си купиш некоја убава фотеља која нема да биде иста ко гарнитурата во дневна и да ти биде како детал во просторот, со некоја убава подна ламба, баш штосно ќе дојде. Плексиглас прочитав некаде 3 метра должина дека е 50 евра, не би знаела да тврдам колку е, ама е поефтино од калено стакло ;)
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Добро ќе ми дојде некој совет :D Собата ми е 4х4 м2 и ми е цела црвена освен плафонот бел. На една страна имам врата, огледало и вграден шкаф има малку ѕид само над вратата. Спротивно од вратата ми се прозорите, имам 3 и завземаат 80% од просторот, од двете страни на прозорите има ѕид кој е црвен. Ѕидовите од двете страни на вратата и шкафот се скроз празни. Немам слики, полици, ништо. Се надевам ме разбравте :lol:
    Купив тапети за малку да ја освежам собата, но не сум сигурна како да ги поставам, сакав хоризонталнo, од телевизорот до плафонот има околу 1.70м и мислев во таа средина да поставам еден тапет и на спртотвниот ѕид исто. Но дечкото ми вели дека би било како да сум ги нафрлила. Тапетот е 10м долг и 50см широк. И мене ми делуваше како добра идеја. Појма немам како да искомбинирам, и плус сакам да ставам врамена сложувалка на ѕид. И како јас да го вклопам сето тоа? Би ви била многу благодарна за било каква идеја. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_7575.JPG
      IMG_7575.JPG
      Големина на фајлот:
      232,4 KB
      Прегледи:
      31
  19. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки... дали можете отприлика да ми кажете колку би ме чинело местење на плочки доле и горе до половина ѕид во кујната (кујната е 3 м долга и 1 метар широка)
    Цената на плочките би ја одбрала некаде отприлика околу 800-900 денари за м2...
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.300
    Допаѓања:
    102.795
    Пол:
    Женски
    Мене црвена боја не ми оди со оваа боја на лилаков тапет воопшто, црвено и лилаково не можам ич да ги спојам. Ако собата ти е со димензии 4х4 а два спротивни ѕида ти се скроз празни треба да размислиш во кој правец сакаш да ја издолжиш собата, ако сакаш визуелно да ти е подолга тогаш треба да ги ставиш во хоризонтален правец, а ако сакаш визуелно да го извишиш плафонот тогаш стави ги во веритикален правец. Но пак ќе те советувам да размислиш за бојата на тапетот.
    За ова најдобро би било да си прашаш мајстор, но мислам дека местење плочки одеше некаде од 3-5 евра по квадрат со твои плочки. Ова ми е одамна многу слушната цена така да не би знаела точно да ти кажам. Најдобро да си прашаш плочкар, ама мислам дека треба да очекуваш сума тука некаде, околу 5 евра од квадрат ;)
     
    На macalavica и kjukli им се допаѓа ова.