Супер е објаснето Вака сега, прво да ти напоменам, никако немој да ставаш под црвен, пред се од искуство. Кај моите дома ставивме цреша под и се покајавме, се познава секоја прашинка на него, секое влакно и мајка ми да може со заби ќе го исчупа од подот, многу ја нервира, секој ден усисува по два пати и поминуа со џогер бидејќи се познава се. И ние тргнавме по таа логика, да иде со плочките во дневната, аха, се покајавме Овде димензии нема и не се сеќавам дали си ми кажала дали се работи за еден или за двајца собава, така да ако не ти е проблем, допиши во Пеинт само димензии на зидовите и ако имаш некој постоечки елемент кој би сакала да го задржиш пиши ми колкав е и тој. Исто така пиши ми и спалната дали подлежи на уредување, пошто ми ја спомна и неа. Инаку вака според ова најпаметно ти е плакарите да ги ставиш на заедничкиот зид, поради звучна изолација, да се заштитиш од звуците и во едната и во другата соба, ама па тој зид ти е супер за ставање на кревети, доколку би биле два уште подобро во Г. Најдобро пиши ми се ова што ти побарав како инфо па ќе видиме што понатака
Фала ти за советите за подот, вреди да се подзамислам не ми се чисто секој ден, а особено не ако се решам куче да земам Собите се 3.60х3.90 мојата соба таа е само за мене и повремено уште една до две особи (внуците). и 3.60 х4.10 спалната, и двете подлежат на промени. Останатите информации доколку немаш ништо против ти ги напишав во лп,пред се да не ја трупаме темата до мислења, но не ми е проблем доколку сметаш дека треба тука да ги пишам, ќе ги напишам. Фала многу на издвоеното време
можи е оф темата, но да ве прашам колку се движат цените за средување на внатрешен ентериер , мислам се цакум пакум со тоа што би се идело со мене по продавници да дава совети и се да среди Фала
Здраво девојки, ме интересира истото што и феминката погоре, само би сакала да слушнам од архитектките дали би се нафатиле да соработуваат повеќе преку интернет, со слики со идеи, со шетање по салони и сл за клиент кој не живее во мк моментално... Значи комплетно средување на просторот од нивна страна до клуч на рака...
Едно прашање до вас. Живееме во куќа, на втор спрат, кој е поткровје. Просторот е околу 90 квадрати и се состои од салон и две соби. Е сега прашањето ми е поврзано со плафонот. Нема плоча, туку ламперија. Колку би чинело да се смени ламперијата и да се стави плоча и дали воопшто би било тоа изводливо. Значи од прилика колкава сума би била потребна. Или дали би било можно да се надгради за да не биде повеќе поткровје туку нормален спрат и како би одела целата таа работа. Ви благодарам.
@НаталиЛили се е изводливо драга...за да се надгради и да дојде нормален спрат треба да се извади цел кров , па да се надоѕидаат ѕидовите до соодветната висина..потоа ако сакате да ставате плоча па кров ако не може и само кров без лиење на бетонска плоча...а за се ова да се направи - вие ѓе треба некое време да не сте дома..се треба да се извади и вашето поткровје да се претвори во градилиште. а за ламперијата - се вади и може наместо неа да се стави облога со гипс картон плоча на ал.профили - побезболно решение отколку да се лие плоча. се зависи од Вашите желби и се разбира можности...
Цените се движат од 5-10 евρа од κвадρат, за изρаботκа на план во неκоја пρогρама, баρем што се ρаспρашав јас за да имам пρетстава пρед да почнам со ρабота, е сега за условите κои вие ги саκате веρојатно ќе фунκциониρа со договоρ, зошто сепаκ се дополнителни услуги.
Би ве замолила за совет а воедно и идеја за боја на ѕидовите.Просторот т.е. дневната заедно со трпезаријата ми е околу 50 квадрати а одма до нив е споена и кујната.Гарнитурата ми е рно со бело,трпезаријата и столовите црни а кујната црно со сиви елементи.Ме интересира кои бои би иделе најдобро да се кречат ѕидовите.Сакам да напоменам дека во дневната имам и два стуба. Поздрав и благодарам.
Здраво на сите, многу ме израдува темава и им благодарам на инволвираните архитектки. Купивме плац со мојот сопруг па сега сме во фаза каде што ке треба да изработуваме проект за куќата. Ме интересира следново: Сакаме многу да инвестираме во одлична изолација на куќата па би ве замолила за предлог, нашите размислувања се 15-20цм надворешна изолација (веројатно стиропор) и внатрешна изолација од 5цм (веројатно плута). Прашање е каков материјал да се стави измеѓу, дали тула или ISOSPAN блок кој што потоа би се полнел со бетон??? Или дали имате друг предлог за излоацијата??? Исто така која би била најдобра подрумска изолација бидејќи подрумот би го користеле како работна просторија??? Бидејќи сеуште сме во потрага по квалитетни архитекти или архитектки исто така ме интересира колку отприлика се движат цените за комплетен проект без ентериерно уредување (куќата би била околу 300-350 квадрати) подрум, сутерен и два ката??? Ви благодарам однапред за одговорот Поздрав Елена
Имам голем ходник во кој има претсобје и пак останува празен простор.....совет што да ставам,како да го уредам немам никаква идеа????
Здраво Ве молам, сакаме дома да го реновираме станот од корен и имам една дилема. Сакаме од дневната да пробиеме ѕид за да се излегува на тераса, меѓутоа незнаеме дали тој ѕид е носечки или не, дали може да се направи отвор за врата или не? Дали може архитект да го види просторот, ѕидот, и да каже дали може да се отвори врата или? Незнам каде да се обратам? Ви благодарам. Поздрав.
Мене ко што ми кажуваа кога реновиравме, секаде може да се прави ѕид, ама треба да се ставаат некакви држачи, некаква потпора за тоа што ке остане за да може статиката да се одржи. Сепак не е препорачливо.
Да се посоветувам со вас дали е изводливо. Имам желба на син ми да му средам една соба, но таа да му биде најмногу игрална и таму да стојат неговата гардероба и играчки. Значи он е многу мал, ова би ми требало за наредната година да речам. Креветчето му е во спална и таму планирам да си спие, постоњето за пресоблекување исто така. Е сега во собата веќе имам направен вграден плакар за гардеробата, кревет во почетокот не е потребен. Значи тепих и некое катче за играчки и детали како тапети, цртежи некој лустер. Па како ќе потпорасне ќе ставиме и кревет и раб. масичка. Дали е вака изводливо или па да не направам дупла работа во краток период два пати да средувам незнам. А од друга страна собата си стои празна и мислам дека ова не е некоја голема инвестиција. Секој ден се премислувам. Што мислите вие?
Архитекти,мене ми треба онака општ совет,со ваше лично мислење за некои дилеми: (имајте во предвид дека прашањата се однесуваат за градење нов дом) 1.Што би било најпаметно за греење на куќата:централно греење (ѕидно и подно) или греење на дрва со радијатори низ цел простор? 2.Дали би изгледало убаво плочки во дневна,наместо паркет(керамички,гранитни)? 3.Од гарнитури за дневна,дали би одбрале аголна или двосед и тросед со фотелји и табуретки? И знам дека зависи од вкусот на човекот,ама онака ме интересира што е модерно
за греење не знам да ти кажам што е подобро, ние имаме радијатори, за плочки сум за пошто ги имам и мене ми делуваат убаво, плус и по чисто ми е гранитот е многу убав но потежок за одржување бар јас така мислам, секоја капка вода ќе се знае, освен ако не земаш ептен шарен , од гаранитури зависи од дневната дали еголема, дали повеќе ќе ти одговара аголна или тросед и двосед, сепак јас сум за аголна ако јас треба да бирам, п.с сега гледам прашуваш архитект, јас не сум