Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    81.297
    Пол:
    Женски
    1. Јас пре би одбрала централно греење-ладење, меѓутоа имај предвид дека имплементацијата е доста поскапа во споредба со спроведување инсталација за радијатори. Бенефитот од централното греење мене ми е неспоредлив со радијаторите, без разлика кој извор на енергија се користи со нив, но факт е дека никогаш не можеш да затоплиш простор подеднакво добро како што би успеала со централно.

    2. Мене лично не ми се допаѓаат плочки во дневна, секогаш кога цртам проект, во дневниот боравок вметнувам паркет. Ми делува најприродно, најтопло и најадекватно за таков простор.
    Гранитот е тежок за одржување, посебно во внатрешен простор каде протокот на луѓе е зачестен.
    А искрено, мене не ми изгледа на тип на под кој би сакала да го имам во мојот дом и не би се чувствувала пријатно.
    Можеби ќе изгледа убаво, но одржувањето би било малку потешко и мора да се внимава на целиот избор на деталите околу мебелот и обработката за да не делува ладно.
    Мене секогаш ваквите подови во дневна ми делуваат ладно, така да, во мој дом не би одбрала плочки во дневна.

    3. Зависи од големината на дневниот боравок, па и од желбата на клиентот. Тоа е веќе работа на вкус, иако мене лично најдобро ми изгледа двосед и две фотелји. Многу ми е слатка оваа комбинација, но ете кај нас дома не одговараше вака затоа што собата е многу пространа и одбравме аголна гарнитура и та(р)буретки. Мој општ впечаток е дека аголната гарнитура го крати просторот, но тоа најмногу би зависело од нејзините димензии.

    П.С. Не знам што е модерно, листам списанија, литература итн. но секогаш околу ова прашање се водам по интуиција. :D

    Изводливо е, зошто да не. И не ми изгледа дека ќе те чини многу, бидејќи штом не ти треба кереветче и сл. детали, тогаш потребна ти е само малку имагинација. :lol:
    Потоа кога ќе порасне, можеш да му додаваш кревет, масичка и други работи кои дури тогаш ќе си ги докупиш. Мене многу ми се допаѓа оваа идеја. :)
     
    Последна измена: 31 јули 2015
    На do-re-mi, Marossa и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Не знам дали прашањево е за тука, не најдов соодветна тема.

    Пред некое време во игротека ги видов столиците
    [​IMG]
    И ептен ме бендисаа, ги имаше во 4 бои мислам.
    Е сеа прашањето ми е дали би одговарале вакви столици за во трепезарија.
    Бидејќи просторот не е многу голем мислев трепезаријата и кујната да бидат заедно, па планирам да има маса и 4 столици
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    81.297
    Пол:
    Женски
    Одговараат Чадорче, мислам дека баш ќе ти се вклопат во замислата за црвениот ентериер со некоја фина и ненападна трпезариска маса, ама да знаеш дека многу се неудобни за седење, ова последното ти го кажувам од искуство.
     
    На Umbrella22 и kukla21 им се допаѓа ова.
  4. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Купи си удобни перничиња за седење , да ви биде удобно , извини ама за кај дечко ти ке уредувате или ?
     
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Umbrella22 јас овие столови не би ги ставила во кујна/ дневна од причина што се пластични.
    Во твој случај би одбрала од оние столови со дрвена основа (за седење и потпирање) а метални ногарки. Прочитав дека сакаш црвена- сива кујна, па рачките на кујната би можела да ги вклопиш со ногарките од столовите.
    Сега, ова е моја замисла, па нека кажат архитектите дали би изгледало убаво.

    Столовите се крајно незгодни за седење, а со сунѓери би се изгубил ефектот кој е постигнат.

    [​IMG]
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    81.297
    Пол:
    Женски
    И овие од сликата во спојлер се пластични, со дрвени ногарки или некои фејк-дрвени.
    Не знам баш колку би успеала тука да најде столица која е дрвена со метални ногарки, зашто најчесто дрвените си се целосно изработени од дрво, кај пластичните може да се најдат метални ногарки.
    А и мене пак ми е тотално неприродна таа спојка, не знам колку би и` се допаднало и на Umbrella.

    Сеедно дали столиците и масата ќе бидат пластични или дрвени, тоа не е воопшто битно затоа што постојат прекрасни модели кои не се дрво, баш се некоја имитација на дрво, а пак изгледаат супер.
    Оној црвениот модел е најнеудобниот на кој некогаш сум седела во живот, а и тие од сликата подоле не се нешто посебно удобни, барем мене не ми се.
    Муабетот ми е, ако мислиш дека ќе ти одговараат и ако ти се допаѓаат - сосема се во ред, но имај предвид дека се неудобни.
     
    На Jordanovska-K и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас имам столици кои се дрвени со метални ногарки. Моите се бели, а има и други бои (снаа ми има баш црвени). Ги има во Yуsk во сити мол. Мислам 2400мкд е една столица.

    (На сликата прва, заедно со масата).
    FB_IMG_1439446900071.jpg
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    81.297
    Пол:
    Женски
    Е навистина не ми текна на ЈYUSK, @kukla21 . До душа, не знам дали искуствата ми биле такви, ама имам чувство дека дрвото употребено кај мебелот во ваквите салони како ЈYUSK и IKEA е со дискутабилен квалитет, можеби затоа имам такво мислење и единствено им верувам на докажаните салони за мебел.
     
    На kukla21 и 1209 им се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Не се залетувај по "докажани салони" во нашата ни држава скоро и да не постојат. Опремував стан од нула се видов и доживеав. Замисли југоекспорт демек еден од подокажаните салони, нарачав трепезариска маса од бел сјаен медијапан. После месец и пол чекање донесоа оштетена маса. Оштетени рабови и недостасуваше боја на краевите. После мојата реакција ми ја нудеа со 30%а посто попуст со образложување абе можеш да си ја корегираш. На крај по триста натегања ми ги вратија парите, дојдоа и си ја земаа масата. Јас им викам на мајсторите што ќе и правите сега на масата, ми викаат аааа ќе се репарира и ќе се продаде. (facepalm)
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    81.297
    Пол:
    Женски
    Ма каков Југоекспорт, не нудат ништо друго освен напумпани цени. И ние така прекрасно се зафркнавме со нивна трпезариска маса пред неколку години и ужасно неудобни столици од кои не кичма, ами целиот скелет ќе ти се укочи.
    Зборував за салони од другите градови, со кои сме имале некакво искуство и можам да кажам дека мебелот кој сум го купила бил со завиден квалитет, ама очигледно лошо сум го искажала погоре, затоа веднаш си помислила на „елитните“ салони. :)
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.492
    Допаѓања:
    42.675
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да кажам за столчињата дека се убави и интересно би делувале во современ ентериер и онака младешки, но сепак ако гледаме од страна на функционалност и удобност нема да се удобни.Ако целта не ти да јадеш што побргу и да стануваш, некако диетални ќе излезе дека се :D би ти рекла не.Може да ставиш перничиња, ама тоа нема да е баш практично, дупла работа, треба да ги периш и нив, да ги пазиш цело време, сепак е маса за јадење и така...јас во трапезарија би ставила имитација на дрво, мада не знам каков ти е остатокот од ентериерот.Инаку пластика како пластика е поефтина секако нели, но мене никогаш нема да ми е прв избор за уредување.
     
    На Umbrella22, kukla21 и Mishela им се допаѓа ова.
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Јас барам интересни младешки столчиња и не многу скапи до кај 1000 ден за столче., затоа што не сум при пари а многу мразам така почнато и недосредено :worried:
    иначе си средувам мој простор (кујна, трепезарија, дневна 3во1 и спална плус) за средувањето кај дечко ми заедно ќе си бираме :)
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.622
    Допаѓања:
    35.197
    Пол:
    Женски
    Кога веќе започнавте муабет за салониве за мебел во МК, кажете ми од каде може да се најде убава, практична, удобна, издржлива аголна гарнитура со механизам и пристојни цени (не најефтино, ама не и прескапо)
    Јас ги мислев Југоекспорт, ама гледам негативни искуства имате. За Симпо што мислите?
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.867
    Пол:
    Женски
    За аголни Симпо ми се незаменливи. Контеса ми е многу убава. Не знам како се на издржливост, многу луѓе се жалат од нив во последно време. Плус, штоф картата оваа сезона им е ужас. Ама види ги во секој случај.
     
    На 1209, An-na и Mishela им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас имав аголна и ич не препорачувам. Ќошот останува неиакористен и никој не може да седне таму без кичма да го фати.
     
    На Eli23 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.438
    Пол:
    Женски
    @An-na за гарнитура најмногу ти ги препорачувам Feydom ;) Дома ја имам и несомнено е квалитетна, искористена максимално и со пристојни цени, не најефтина ама не е ни Симпо, ни Југоекспорт, мислам на тој тип на цени.

    Инаку ви благодарам што сте се дружеле додека ме немаше и и благодарам на колешката што ме заменила, исто и на Мишелка и бројчето ;) Јас моментално го правам истото што и го советувам, реновирам дома па затоа ме немаше. Наскоро ќе добиете слики од мојот нов дневен престој, кујна и трпезарија ;) Да ме видите на дело :D
     
    На mal.ecka, 1209, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.622
    Допаѓања:
    35.197
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам @AngelOfArh
    Јас веќе имам Feydom гарнитура и супер е. Секако ќе ги земам и нив предвид. Сакав да разгледам и други опции.
    Здравје има време, најверојатно ќе го дочекам и саемот за мебел :D
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Ние дома земавме аголна гарнитура од Зона мебел. Презадоволна сум. Исто така имаш многу убави аголни гарнитури и во Елит софа. Ние се мислевме помеѓу овие две фирми и ја одбравме Зона мебел.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    19.706
    Пол:
    Женски
    @An-na проверете и во Андро промет. Пред две години од саем земавме аголна гарнитура од каj нив. И ние бевме скептици како ке се покаже со оглед дека претходната гарнитура од друг салон за две години се распадна. Оваа се покажа одлична.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Здраво архитекти. Да ви кажам право многу ви љубоморам на професијата. Да не бев правник, ќе бев архитект ( незнам кој ме завркна во младоста :rofl: ).
    Прашање, еден ѕид во дневната соба, позади телевизорот, сакаме да го украсиме со абриб, да добиеме шара како на фасадата и да го офарбаме некоја интересна нијанса.
    Е сега, сопругот слушнал некои си трач муабети дека не е убаво абриб да се става во внатрешноста на домот. :?:
    Има некоја теоретска издржаност, демек нешто зрачи или такво нешто не постои?
    Битно ми е затоа што очекуваме бебе, не би сакала да го изложувам на нешто штетно.