Ако абрибот е штетен тогаш треба и глетот да е штетен, што е абриб? Малку покрупен глет кој се влече во разни насоки со глетарката за да има украси. Реално мене абриб во ентериер ама ич не ми се допаѓа, моите ставиле и ми личи ко да е премногу. Јас сега глетував и искрено кога разговарав со молерот за абрибот исто ми го кажа и он. Е сеа, што е лошо од аспект на изведба кај абрибот, недајбоже ако ти треба една шајка, ја дупнеш па излезе дека не ти е на право место, мораш после да преглетуваш цел ѕид, затоа што шарите не се повторуваат скоро па никогаш. Моите кога ставиле не предвиделе дека ќе им се скрши прозор, кога веќе се скршил татко ми го заменил за нов од пластичниве, сега цел дел околу прозорот е глетуван мазно, и воопшто не е убаво на изглед, ко некое дете да си пуштил да си игра е. Треба многу да се внимава на тоа, ако си решил абриб, таму веќе интервенција никаква, нема ставање шајки, нема редење ништо, си стои само ѕидот. на крајот се е ствар на вкус. За штетен не е штетен сигурно
Од штетните материјали, со сигурност е штетен азбестот, т.е. неговите честички при вдишување се многу штетни за човечкиот организам. Не верувам дека абрибот во својот состав го има тоа бидејќи од пред неколку години почна повеќе да се внимава на употребата на азбестот во градежништвото, но и јас мислам дека е штетен, поради испарување на одредени материи додека се суши, па и потоа. Не од мајсторски муабети, туку, пред неколку години присуствував на предавање од Кнауф, каде се водеше дискусија слична на оваа, се начнаа некои теми околу ова и најјасно ми остана во сеќавање дека вакви структурни малтери не се користат во институции како болниците, повторно, поради штетните материи кои ваквите ѕидови ги испуштаат во континуитет. Сепак мислам дека само производител може да даде најточна информација во однос на ова прашање, а ние останатите можеме само да даваме претпоставки и да споредуваме состав.
Ова не е сосема точно. Абрипот е завршен фасаден слој и представува синтетички малтер. Во себе освен минерални компоненти има и синтетички компоненти кои често се произведуваат од нафтени деривати. Секој материјал кој се употребува во изградбата на објектот има сертификати за безбедност по здравјето на луѓето и би требало да може да се употребува и внатре и надвор. Сега дискусијата е како фирмите ги набавуваат сертификатите и дали навистина ги почитуваат нивните ограничувања. Во секој случај се сложувам со Ангел дека абрипот внатре е многу тежок за употреба. Тој материјал е наменет да се нанесува врз примарен фасаден малтер и мрежица. Потребна му е структура да му го сочува интегритетот. Слојот во кој се нанесува е многу тенок и при најмали интервенции на неправилно нанесен абрип може да дојде до одлепување на цело парче од 30-тина см.
Ве молам кажете некоја добра програма за уредување на ентериери. Купивме нов стан па треба се од почеток да купуваме нов мебел. Дали ќе може јас да го нацртам станот во програмата со точни димензии и да проектирам тоа што имам идеа, да постирам слики, па вие да ме дополнувате ?
Јас кога го опремував мојот стан многу ја користев оваа програма. http://www.roomsketcher.com/ Мене многу ми се најде за да добијам претстава колку и како ќе одговараат работите во просторот.
Здраво жени. Сега едно прашање шо ич не го разбирам, ама веројатно некоја од вас ќе може да сподели искуство или совет за парно (куќа на два ката). Дали некој има котел за парно Центрометал, или можеби знае дали е во ред? Ќе земаме модел од 30 kw, ама не знаеме дали ќе постигне да загрее простор од 220м2. Радијатори ќе има доволно, само се мислевме за котелот, можеби има и подобри од овие од Центрометал?
Ангел што би ми препорачала како надополнување на претсобен простор освен орманче за чевли???И едвај чекам да видам слики
Колку ти е големо предсобјето. Ако имаш место уште некој плакар секогаш е потребен. Јас во моето тазе реновирано предсобје собрав цела колекција од форма-нова (форма-идеале). Високо плакарче со полици, широк плакар со закачалки, голем фиокар со огледало над него и едно сетче за ходник со долен дел за чевли со перница за седење над него а нагоре продолжува во позадинска даска со закачалки. Фиокарот одпорано ми беше купен па многу се израдував кога ги најдов останатите парчиња во иста иверка, а ми одговараа димензиите и плус на попуст А од квалитетот сум презадоволна со оглед на цената.
Имам голем плакар во претосбјето и со закачали и за чевли и имам место и за алишта,огледало,значи преку цел зид ми е.....но другиот простор останува празен и пусто ми е...
Тогаш можеби 2 табуретки, или ако е поголем просторот две фотељички со масичка и ламба меѓу нив. Во некој ќош голема вазна со гранки. На ѕидот слики, многу слики. Ние имаме 20-тина рамки со различни големини но во иста боја и во нив семејни слики. Можеш и уметнички слики да ставиш ако имаш добро осветлување.
Oд Југoекспoрт ни кaтaлoг не би пoгледнaлa, не пa мебел дa купувaм. Нa сaемoт зa мебел 2015 (крaј нa мaрт) плaтив еден кревет и ми гo испoрaчaa нa 12.08. Пo грешкa ми дoнесoa и душек (имaв плaтенo и душек, нo веќе претхoднo ми гo испoрaчaa). Сaкaв дa ги мaјмунисувaм кaкo и oни мене, дa гo зaдржaм и дa им гo врaтaм вo јaнуaри, aмa жaл ми пaднa зa дечките штo испoрaчувaaт.
па добра си ти! На едни мои клиенти сега во петокот им монтираа плакарчиња во дневна- исто на саем купени. Ама мене не би ми било жал за нив многу, ептен безобразни монтери се погодија (Читај дупка во таркет!)
@mal.ecka си добила ептен добар совет, само во делот кај слики ти препорачувам семејно стебло на тој ѕид ако е цел празен и едно масиче со една зедничка фотографија кај што има поголем дел од фамилијата. Кај една пријателка го искористивме овој мотив и сум пресреќна, многу убаво излезе, ко дрвото (кое го направивме од колаж хартија) да излегуваше од масичето (мало масиче од Икеа од 5 евра) а на масичето прекрасна рамка во големина колку А3 формат и слика од цела фамилија од нејзината свадба, а на семејното дрво закачивме мали рамчиња со слики од семејството, од едната страна нејзината фамилија од другата страна на маж и. Излезе за 5ка, штета што е премногу скромна и не дозволува да ја рекламирам, затоа што идеата беше и нејзина делумно
Одлична идеа Ангел. Еве и готоа варијанта за не толку DIY умешни, нормално ако имате време за чекање. http://www.aliexpress.com/item/Late...onf&s=p&ws_ab_test=201407_2,201444_5,201409_2
Ми се допадна идеата со дрвото и две фотељи,има доволно простор и за масичка.Исрено ви благодарам,немав никаква идеа.
Мило ми е што ти се допаднале советите, повели и друг пат. Алмак земи си нема да се покаеш http://www.almak.com.mk/ На мојава душа и извадивме, гости нон стоп, деца скокаат по неа. 4-та година нема мрднато. И ние на саем ја земавме и то со над 30% попуст, така да ако имаш време чекај го саемот
Сакам во детската соба да нацртам нешто на ѕидот, некое мече или слично. Кои бои се безбедни и погодни за тоа? Јас помислив прво на темперни боици затоа што само со такви сум работела. ( Не сум нешто стручна во тој поглед, само малку надарена за цртање, а мн креативна ). Совет? Ги гледав и овие на Wall Stickers на Ali Express, можат ли на мебел исто да се лепат? Пример на креветчето.
Земи си поликолор, едно литро и земи си тонери за боја. Темперните не се баш толку еко френдли. Јас досега сум цртала така. Стикерите може слободно да се лепат на ѕид, на мебел, на стакло
Која варијанта ми е поекономична и поуспешна? Јас мислам ќе излезе таа со стикерите. Ми се допаднаа 3 стикери за околу 16 долари со се достава. Тонерите би биле поскапи? Не сум купувала досега.