Да, стикерите ти се најефтини. Тонерите ти се 80 ден парче, ако сакаш 4-5 бои 500 денари те фаќа ко ништо.
Па добро, не било толку скапо. Плус поликолорот околу 300 денари мислам е најмалата канта. Ако сакам да експерементирам и да се забавувам можам и вака хаха. Ама со ризик, не знам како ќе искочи на крајот.
Овде има тонери и по 50 денари, ама ептен се големи после ќе ти останат. Да најдеш некој пријател што молерисува да ти даде некои стари при крај што му се. За темпера за здравје не знам како е, ама нема да ти трае. Ако нанесеш малку подебел слој бргу ќе ти се излупи, а ако ти испадне добро цртежот после ќе ти е мака што се рони. Плус ако дете ти ја фати со рака ќе го измасти. Јас инаку многу сакам на син ми во собата плафонот да му го исцртам со ѕвезди што дење нема да се гледааат а ноќе ќе светат. http://www.aliexpress.com/premium/g...ative_id=AS_20150904000751&isViewCP=y&catId=0 На али има такви бои и не се скапи, ама многу ми е сомнителен квалитетот. И во поглед на здравје и во поглед на трајност.
@danichap има мислам во темата Бебешка соба прекрасни стикери на плафон, погледнете. Иначе литар боја ти е доволна @Eli23, таа е поефтина, околи 100-200 денари мах, јас ја користев место бела во средно.
Да и мене ми е страв од квалитетот. А баш има убавки животинчиња на али, ама ми се чини се е кинеско денес. Во Џамбо да не сте виделе скоро да има мечиња или животинчиња на такви стикери за ѕид? А сум видела цртеж со темпери кај другарка, пола олупен, па пак боен...не е убаво деф.
Ели секаде се кинески, факт е, дури и тие од скапа книжара што ќе ги купиш. Има убави стикери во Џамбо, ама ако не е глетуван ѕидот ич не помислувај, грдо изгледа на рапав ѕид, мора да е идеално мазно. Данка е срце, ја обожавам, со радост и помагав. И сакам на сите да ви помогнам, на драго срце
Мислам ми е глетуван, ама тазе е фарбан син. А девојче носам. Не е битно, може и плава да помине за девојче, ми се допаѓа идеајата. Ама дали ќе испаднат боите од стикерот исти на плаво? Или најдобро е бела основа да имаат?
Сакам да го споделам со вас досегашното уредување на домот,бидејќи досега многу ми помогнавте. Сега сум во дилема околу балконскита врата.Првично сакавме да ставиме ролетни , но испадна дека се големи крилата од вратата( делот што се отвара е 1,60м на 2,20м и иден фиксен дел 0,8м на 2,20м) . Сега размислувам за зебра- завеси.Би сакала да слушнам ако има некој искуство со нив. А се двоумам и за бојата. Што мислите која боја би одговарала на ентериерот?
Мене многу ми се допаѓа, обожавам вакви ненападни ентериери со доза на „канцелариски“ дух. За да ја разбиеш едноличноста, одбери зебра-завеси во повесела боја - во оваа комбинација ти одговара апсолутно секоја боја, нема да погрешиш во никој случај. Па потоа и деталите одоколу ќе ги тераш во некој таков фазон и ќе изгледа одлично. П.С. Интересни се и практични овие завеси, мене ми се и поубави на око од венецијан-ролетните. Не знам зошто овие вториве се толку барани и форсирани, мене лично не ми се по вкус, подобро класична ролетна отколку венецијанки.
Искрено Сузана јас не сум ти помагала, не се сеќавам на твојот ник, може со друг ник си била. Но ми се свиѓа тоа што се постигнало, некако ми е познат распоредот ама ај да не погаѓам. А какви се тие зебра завеси, мислиш зебра дезен? Инаку на вака пастел некоја убава јака боичка ќе развесели многу
Да, и мене овие ми се попрактични и поубави, лесно се чистат, потопли ми се за домови отколку венецијанки. Венецијанките ми се многу за канцеларии.
Да такви се . Размислувам тие да бидат чоколадо боја, а теписите во дневна и трпезарија да се црвени или пак шарени со бои во кои ќе одат и деталите.
Да не ти биде многу монотоно со кафена нијанса, зошто не одиш со некоја исто црвена како теписите, земи си и некоја таква боја вазна, тањир за овошје, некој украс.... Да разбиеш
Не само монотоно, туку и премногу шарено и малку неповрзано. Ако сакаш завеси со некои чоко-нијанси, бирај и теписони со примеси на тие нијанси, во спротивно ќе имаш премногу бои, а тоа понекогаш не изгледа толку фино. Можеби е до мене, но јас со ентериерот секогаш се раководам според тоа како се носам, а во облеката, па и во ентериерот никогаш не комбинирам повеќе од три нијанси. Веќе имаш тука-таму бела (гледам бели плочки) и крем, па ете пробај со кафено. Ќе добиеш убав и смирен изглед. Јас би одела со некоја од нијансите на слива. Нежни примеси на завесата и фини теписони. Или пак, детали како перничиња и украсни чинии во нежна слива. Ако многу сакаш кафено кај завесите или едноставно не можеш да најдеш поинакви, тогаш ти препорачувам некоја понежна нијанса кај теписонот. Класично црвено навистина би било премногу, а некоја загасита вишна можеби би изгледала подобро.
Мене овие ми фатија око, во комбинација со такви детали, како перници, вазна, теписон. Нека кажат архитектите дали би било премногу или не, јас само кажувам што ми изгледа мене интересно. Спојлер
Баш фино изгледаат вака искомбинирани, но мислам дека најмногу се работи за прашање на вкус. Јас би одела со посмирени нијанси во дневна, зашто сакам престојот таму да ми биде релаксирачки, а црвената боја ми е малку нападна и некако хипнотизирачка, па затоа ја избегнувам или ја сведувам нејзината употреба на минимум. Можеби, некоја нежна бордо нијанса би била посоодветна, тоа секако треба да се види и спореди. Јас би играла со нешто посигурно во овој случај, можеби тоа сум само јас. Сум за употреба на весели бои, но не премногу бои на едно место или многу доминантна нијанса покрај смирени тонови.