@suzana177 Дефинитивнo дa стaвиш зебрa зaвеси. Мислaм сo oглед нa тoa декa имaш пoвеќе рaзлични нијaнси нa дрвo....лaминaтoт, кујнскaтa плoтнa и кoмoдaтa, бoрдo не ти е решение. Јaс би стaвилa зеленa, прaз зеленa или пoртoкaлoвa ( скoрo вo еден дoм видoв...преубaвo изгледaше). @Eli23 ...Зa цртaње нa ѕид имa пoсебни бoи. Гледaв дoдекa цртaше девoјкaтa кaј ќеркa ми вo сoбa. Девoјкaтa е шaмпиoн. Ќе нaјдaм линк oд нејзини делa и ќе пoстсвaм. Сегa зa сегa сaмo еднo ремек делo...нaјубaвoтo
Ова со црвените завеси е на затворена тераса/балкон/лоџија, скроз различен пристап од дневна. И мене ми се допаѓа идеата со резеда зелена боја, ќе го осветли многу просторот, но сепак убаво би дошла и некоја појака боја да разбие. Ко што рече Мишелка, ако одиш веќе со кафена држи се до кафената, или трула вишна.
Бидејќи несум многу смела во изборот , најверовато ќе одам со следниов дезен. А пак теписите да бидат пошарени( кафејаво со портокалова или пак виолетова).
Можеби најдобро е да се држам до кафејавата боја . А за ситни детали како вазна, тањир, перничиња да бидат во друга боја.
Ако веќе идеш во земјени бои иди се во нив, не ги ставај теписите црвени. А перничињата нека бидат како и завесите, тоа е некое непишано правило.
Јас сега на овие земјени нежни нијанси би идела со бели детали, односно бели сјајни чинии за овошје, свеќници, некоја бела столна ламба или подна ламба, ќе изгледа класи многу
што мислите дали темна кујна како црна или темно сива е тешка за чистење мисалм, само на вратнички додена плотна и други ствари ке одам со дрво ?
Vo princip temnite nijansi polesno se prljaat, ama vratichkite pa najmalce gi prljash. Mene mi e nesekijdnevna kombinacijata crmo so drvo ama ako ti se sviga shto da ne
Мене многу ми се допаѓа црно со дрво, но црната да е мат во иднина планирам мојата да е таков стил.Инаку за кашкање се се кашка, мора да се пребришува, кујна е сепак, прашина на црно се познава, ама пак кујна не е место што фаќа прашина оти нон-стоп се мие и брише.Еве примери црно со дрво, ептен ми е убава.
Како што пишав ќе додадам во салонот две фотељи и масичка.Е сега престобјето ми е венге со бело и тепихот сиво,-црно-бело.Имам фотељи и сакам да ги претапацирам само незнам во која боја.Сакав некоја која ќе разбие монотонија...совет????
Ми треба совет во врска со станов. Би сакала да се прегради трпезаријата и да се добие работна соба. Што мислите? Нема ли многу да се затвори просторот? Приодот кон кујната? Нам ни е неопходна работна соба. Ова е една од опциите или да ја жртвуваме спалната, па да спиеме во дневна (што ич не ми се допаѓа) Пари за поголем стан немаме. Станов е во изградба и никако не можам да си доловам како сето ова би изгледало. Го цртавме и во 3Д, ама пак не сум сигурна. Ептен се двоумам. Совет? Или ако имате друго решение? Предлози?
Размислувавме и за таа опција. Јас не сум нешто воодушевена од идејата, сопругот да. Ама... тоа во изградба не може да се направи. Треба откако ќе се вселиме после. А и тоа не е сигурно дали ќе може, бидејќи нели се нарушува изгледот на фасадата итн, итн.
Јас би ја направила трепезаријата работна. И би си купила мала трепезариска маса (оние коцкасти за 4 стола мислам се 90 на 90) и по минималистички мебел за седење, знаеш без страници и потпирачи за рацете, со што не би го оптеретила просторот и ајде со здравје
На местото на фотељата можеш да ставиш помала масичка за јадење, а на место на трпезаријата да си оди работна соба. Да кратиш од спална за работна соба е нонсенс, нема потреба, можеш да ја затвориш во иднина терасата ако ти треба до толку трпезаријата, ама мислам дека сосем доволен простор ти е тој, ќе одбереш помала гарнитура, помала маса за ручање, ќе се повлечеш малце и ќе имаш место.
Супер ти е станчето до сега ептен со вкус. Ама си играла на сигурно се гледа. Имаш сега две можности, или да прснеш со јака боја ваму таму, па и на завесите, или да одиш со оваа кафеава (многу е убава) ама да продолжиш после неутрално и да играш само со тонови. Оваа нијанса ептен ти оди со кујнската плотна, а плотната ти е преубава, Како и да решиш нема да погрешиш. Јас само еден совет би ти дала- ако внесуваш боја немој да одиш со бледи нијанси и никако со пинк и розово, друго се ти е дозволено. Ролетна не би ставила од пректична причина што ролетна од таа димензија е тешка и механизмот ке ти се поквари за месец дена, плус ќе тропа многу на ветер. Прашање сега тука се вашиот животен стил и навики. Мене на пример заедничкиот ручек ми е светост, а за викенд и појадок и вечера. За битни настани и родителите ни доаѓаат на ручек а често и пријатели викаме за ручек. Ако имате вакви навики не уништувајте ја трпезаријата. Ако пак не јадете често дома, или не јадете заедно нема да ви фали. Колку често би користеле тераса? На кој кат е? Имате и други прозорци освен балконските така да за осветленост нема многу да ви смени. Лесно е да се прегради, за еден ден се монтира, мерки може да се земат и на незавршен стан, секој инвеститор ќе ви дозволи во резервиран стан да донесете мајстор да зема мерки. Фирмата ќе ви спреми профили и штом ќе извршите прием на станот и клучевите ќе ви намонтираат. Ако тоа ве плаши ви гарантирам безболност (ќе го боли само архитектот што проектирал- знам од лично искуство, ама ваш си е станот и вие во него треба да добиете максимален квалитет на живот). Јас работната ја селам од детска во спална. Се испостави дека шминкерницата не ми треба толку за шминкање, зошто ми е попрачтично шминкање во тоалет и светлото ми е подобро, па таман отворам простор за компјутерот. Вашава спална пак ми делува тесно за да се вметне биро. Тука се јавува и прашањето дали се работи и касно навечер, па ќе му пречите на партнерот. Ова се прашања кои треба самите да си ги одговорите и да си пресечете. Во секој случај дури и да преградувате трпезарија, препорачувам тоа да го направите го гипскартон откако ќе го постават подот, па во случај да се премислите да можете да го извадите ѕидот.