Во близина на гарнитурата ќе биде и трпезариската маса, затоа и не ми идеше да земам тросед и двосед....А гарнитурта е релативно ниска, петосед е, нема да ми го натрупа просторот, и има 2 табуретки. Ми се допаѓаат земјените тонови и топли бои, но не сум доволно храбра за да направам црвен ѕид,или зелен ...се гледа и по бојата на гарнитурата што ја имам одбрано
Амалтеја кога имаш мал простор и не мораш баш толку голема гарнитура да земеш, многу чуден ни е менталитетот искрено, балкански, што да ти зборам кога и јас би избрала гарнитура пред некој добар тросед. Муабетот ми е, не мора да биде двосед+тросед, можеш со убав тросед да завршиш работа и 2 табуретки или една табуретка и фотеља и готово, и тоа фотеља не мора да биде некоја огромна фотеља, има сега многу убави, поготово во Пункт, преубави ги има. Како и да е, Г-сед е подобро него ли одвоено, мене ич не ми се свиѓаат така. А за ѕид, не мораш да имаш ѕид во боја, играј си со деталите, прекривки, вазни, слики.... Играј со бојата на кујната, на пример, некој дел обој го во јака боја, ама под услов останатите сите да ти бидат во овој тон, додај и таква боја детали и готово
Ова е распоредот на станот. Гарнитурата, како што кажав, не е голема, иако е аголна. Сакав да изведам некое мини шанкче за да ја одвојам кујната од дневната, веднаш до оџакот да го поставам, ама се плашам дека многу ќе го затворам просторот за поминување од дневна кон кујна. Целосно се збунив кога го видов изборот на иверки во солопром (зашто ке правиме кујна по порачка) Подобро да немам избор, отколку толку многу....па ми се отворија очите за нови комбинации Од светла кујна....сега размислувам за потемна ...како венге што е. Ќе се решам во солопром дирекно, да ги видам на поголемо иверките, да добијам пореална претстава.
Во план сме да почнеме да средуваме детска соба. Е сега, како што е правена, има само еден прозорец и е прилично темна. Знам дека за осветлување на просторот треба да се користат светли бои. Дали може да ги користиме интензивно жолтата или светло зелената освен бела боја за ѕидовите? И какво решение за дополнително осветлување (освен таванско светло) би можело да се искористи?
Аннатх јас не сум многу стручна, но имам доволно знаење за ова со двете години факултет досега, така да ќе ти дадам совет како иден професионалец.Жолтата и зелената боја го осветлуваат просторот исто така тие добро ја рефлектираат светлината така собата ќе изгледа поширока и поотворена.Мислам дека за детска соба овие бои се одлични, жолтата е топла и го крева расположението, весела е и доста практична за комбинирање со други бои, како интензивна може да се користи но да не биде ептен јако жолта зошто може да даде спротивен ефект и да делува нападно.Зелената е исто така одлична боја, смирувачка и одлична за машка соба, мада и за девојче би била сигурно добра, може да ја комбинирате со бела, најдобра нијанса би била жолто-зелена, барем лично мене најмногу ми се допаѓа.Исто докажано е дека овие бои влијаат на сонот, зошто го намалуваат стресот, мада децата(зависи од годините секако) немаат стрес во животот. За осветлување може да ставите ламбички покрај креветот, огледалото исто така ја рефлектира сфетлината...препорачливо е и од оние лабите на ѕид но да биде светлината свртена нагоре за да се одбива од плафонот и да се рефлектира на поголема површина. Се надевам ти помогнав.
Ќе се согласам со идната колешка, боите ти се одличен избор, поготово жолтата, дополнително ќе го зголеми просторот фатот што е топла боја и ќе ја исполни собата со светлина. Доколку влегувате во поголема инвестиција би ти препорачала да му направиш на детето ѕвездено небо. Огледала со мали деца не ми се баш добра варијанта, играат маваат со играчки, се прави поголема мешаница и голем е ризикот, во иднина кога ќе потпораснат можеш да размислуваш на таа варијанта, сега засега ти е доволна жолтата боја и исклучиво бел мебел за оваа нијанса на ѕидови
Ах... Пред некое време купивме стан (и тоа е YEY! ), но штом почнавме малку од малку да го реновираме, онолку колку што ни се можностите: малку електрична инсталација, прозори во дневна... во план беше само лакирање на паркет и молерисување ѕидови... арно ама, се испостави дека и пододт ич не ни го бива , особено во две простории, од кои едната е дневната соба . 1. Моментално како подна облога има паркет, кој е многу квалитетен (од пред 30 години - а не мрда, грее), но за жал основата под паркетот не е рамна воопшто. И сега прашањето е: дали може да се извади паркетот, да се израмни подлогата и истиот паркет повторно да се нареди? Ова од причина што само за во дневната соба би ме чинело дополнителни 600 евра за нов паркет (а моментално тоа е надвор од рамките на буџетот), а ламинат некако ич не ми прави ќеиф (иако сопругот е согласен да става ламинат ако е потребно). 2. Втора работа, гледам овде има членови кои разбираат од материјали: за изработка на плакар (со лизгачки врати), лежај со фиоки под него и наткасни (за спална соба, погодувате) од кој материјал е подобро (попрактично) да се изработи? Мене ми покажуваа парчиња иверки, парчиња медијапан (обоен, не обоен, пластифициран...) и мене ми беа сите исти . Можеби на поголема површина друго ќе е, но вака од мали парчиња...ништо не разликувам. Е сега единствено што знам е дека медијапанот е поскап. А дали иверката не е доволно квалитетна за да се изработи плакар и лежај (лежајот сакам да биде цврст, истраен и долговечен)? Или медијапанот е само за лице на мебелот (за естетика)? Молам некој да ме советува за овие два проблема?
Благодарам 1209 и AngelofArh за советите, јас ги сакам тие две бои, и затоа мислев да ги обоиме така ѕидовите, уште подобро за да биде посветла собата. И да, бел мебел сакам или барем со светла боја, ама дете како дете... ај ќе видиме. А за ѕвездено небо ми се допаѓа идејата, ама на мм не баш. Ќе направиме некој компромис. Огледала никако, не ми се во план. Сметам дека е доволно што имаме огледало во претсобјето и бањата, доста е. Што се однесува до инвестицијата, прво мора да се среди ѕидот кој се рони поради појава на влага (пишував во соодветната тема). А можеби во нашиот случај најдобра опција би била со хидромал, но сепак, ќе видиме дали ќе мора дополнителна изолација, оти сепак не сакам детето да ми спие во соба со влага.
Миднајт и на двете прашања ДА, но прво со среќа да си седите во станот и само дечиња да ви трчаат по него. Поефтино ќе ве фати ламинат да ставите него ли да ставате кошулка, прашајте си мајстори и што ќе ве фати поефтино тоа одберете, сепак паркетот е малку позахтевен материјал да си знаеш, си бара одржување, ламинатот е малку поедноставен а сега има и многу убави материјали за ламинат, со фуги, без фуги, со текстура, да ти штукне паметот. Но добор е да си знаеш дека имаш и опција да го извадиш паркетот, да ставиш нова цементна кошулка и да го наместиш повторно. Материјал за плакар, дефинитивно иверка, поефтина е од медијапанот и поисплатливо е, немаш потреба од медијапан за плакар, тој се става во кујна, во бања, малку е поиздржлив на влага медијапанот. Анат, за влага само стиропор, убаво одработете го ѕидот, премачкате со хидромал или било какво друго средство и врз тоа стиропор, покриено со глет маса, офарбано во бојата што ја сакате и мирно ќе си спиете
ас не сум архитектка ама сама си замислив како ќе ни биде издизајнирано новото место на живеење Стан од 52м2 вака изведен - мало претсобје ќе има шах црно-бели плочки и бел со огледало лизгачи плакар дневен простор со кујна заедно (инаку има огромни прозори одозгоре до доле во дневната 3 дупли што значи многу е светло) ќе биде со бели мазни горни висечи и орев долни, маса трепезариска од орев дрво со црни обични столчиња, гарнитура Г на светло сиво, клуб масичка стакло со дрво моменти одоздола, на спротивен ѕид библиотека бела, шкафче бело и едни плочки како дрвца залепени на ѕид. купатило со плочки како мермер ама сиво, крем, бело нијанси и подни и ѕидни исти ќе бидат, со тушкабина изѕидана со призмите проѕирни спална исто во дрво - бел стил.
Благодарам Ангел, да ви се врати што ви душа сака! Благодарам и за одговорот. Кошулка ќе мора да се става, бидејќи како што кажав причината за нерамниот под не е недобро наместен паркет, или подуен од влага, туку токму нерамната основа (ептен фушарски изработена) под паркетот. Значи без разлика дали ќе се оди со паркет или ламинат, ќе мора прво да се израмни подлогата. Денес треба мајстор да дојде да види на лице место дали ќе може и како ќе може тоа да се изведе (многу зависело од тоа како и со што е лепен паркетот кога е ставан пред 30 години). А за плакарот, значи и само со иверка може да биде и личен и функционален. А за креветот? И тој ли ке биде издржлив ако е само од иверка изработен? Спојлер Да скока човек, а да не се скрши! Та нели ќе се селиме, млади луѓе - сами ќе живееме . Здравје Боже, утре задутре и деца ќе рипаат на креветот
Миднајт, на сестра ми беше од железо и се расклати, нема гаранција, од иверка обично ги прават многу поцврсти од самиот факт што се мисли дека е дрво и се прават појаки врски. Најдобра варијанта за иверка ти е дупла иверка, Дормео мебелот е направен на тој принцип, две табли иверка лепени и се користат како една, се врзуваат со спојки поцврсти и нема гајле. Мебелот на мајка ми е цел од иверка, да после 30 години се разјаде иверката, ама не се расклати, а преживеа најмалку 3-4 селења
Бела, нема љутиш ама овде не постираме слики со идеи туку совети даваме, во иднина ако сакаш да прашаш нешто само стави ги сликите во спојлер и нема гајле. Мебелот кој си го постирала е модернистички, бојата дава многу можности и плус имаш многу одличен вкус. Имам само еден совет, внивај со изработката, се работи за бела боја и ако нешто изгледа лошо на белата боја ќе штрчи. И уште еден совет, ова ќе те чини многу да си бидеш спремна, ваква бела боја можеш да постигнеш само со високосјаен тон на фарбан медијапан, бела боја. Ако онаа слика на која имаш залепено како сакаш да изгледа е од твојот стан не знам колку ќе дојде до израз овој ентериер, нема да изгледа како на овие слики со оглед на тоа што на таа слика не ми стои како да има многу простор, а овој тип на ентериери си бара простор богами, за една ваква дневна ти требаат бар 30 квадрати само за дневен боравок. Можеш да искомбинираш само доколку ги редуцираш парчињата, многу мебел сакаш да ставиш на мал простор, зборам за она од сликата што се гледа
Благодарам на одговорот, и да има простор тоа е најмалиот ѕид од станот, вратата што се гледа ќе води кон мало претсобје и десно ќе е малечка спална и лево тоалетот. Инаку дневниот простор заедно со кујната е толку, 30м2, спалната е доста мала има место само за кревет и лизгачи плакар. Станот е во изградба затоа е таков...
Ако имаш основа од станот направи ја ЈПГ и стави ја во спојлер да ја видам, вака не можам да ти кажам многу. Можеш да постигнеш сличен ефект на ова што си го постирала само со помалку парчиња мебел. Инаку изборот ти е убав
Да, се ќе биде минималистичко и обично... благодарение на тебе од Пункт си бендисав перфектно нешто : http://www.punktmebel.mk/kubo