Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Плановите малку забегаа па наместо цел спрат ќе имам само една соба небитно ќе биде уредена по мој вкус па ми требаат совети.

    1. Сакам ѕидовите на собара да ми бидат праска боја па се мислам дали да бидат два во таа боја, два бели или цела соба таа боја само таванот да си биде бел.

    2. Се мислам за комода собава не е многу голема па ако ставам голем плакар ептен ќе се затвори, половина соба ќе ја зафати. Око ми фати комодава, само наместо сликата да има замаглено стакло. Ќе ја прави мајстор нема да ја купам готова. ама од друга страна гледам нема некој простор за гардероба не дека јас имам кој знае колку ама пак, се мислам дали ќе ја собере целата или додека е со време да барам некој модел мал а повеќе да собира. Ме разбирате нели? Исто и бојата, која боја на мебел би одговарала со ѕидовите да не бидат 100 бои во толку мал простор, Најмногу две бои во цела соба.
    [​IMG]

    3. Имаме двосед и тросед од оние старите на спуштање што се, мислам дека знаете на кои мислам. Тие дефинитивно ќе се прават на ново, едни пријатели правеа исти во Струмица им ги направија ко нови и за многу евтина цена околку 10.000 двосед, тросед, футелија и две табуретки, јас планирам да ги правам само двоседот и троседот и една табуретка се мислам за бојата и материјалот не сакам кожни затоа што сум многу несмасна и за 3 месеца ќе ги уништам, не сакам ни светла боја.
     
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Стави како план од собата со димензии гледана од горе па да може да се замисли поубаво. И нема да сакаш кревет за спиење во неа?
     
  3. atlantida1

    atlantida1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Здраво
    Би сакала да прашам за совет во врска со боја на кујната,морам да посочам дека се работи за нов стан во кој има само еден тросет во крем и црвена боја ,дрвена маса -бука изработена ептен убава и столови во бела боја со бука ногарки.Е сега треба да се работи кујната .Јас мислев да биде во бела боја со плотна од бука -боја ..Ама би сакала предлог вас ...некако многу сакам некога друга боја малце да вметнам.И какви би требало да бидат теписите и завесите.Многу сакам ваша помош оти овој мајсторот ме брза со одлуката ...
     
  4. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Ако веќе имаш црвена на троседот слободно продолжи со неа и во кујната. Црвено-бело -бука добро ќе оди, буката и онака си има црвенки тонови. Сега не знам каква ти е точно нијансата.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. atlantida1

    atlantida1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Да,ама пак од друга страна кујната е ептен мала и мислам дека црвената боја ке ја намали усте повеќе.А и децава викаат со црвена боја е доста...Морам усте да казам дека во ходник се направи плакар со малкууу сифкаста нијанса (една нова боја во солопром)..и да ..оддделени се една од друга просториите и кујната не е отворена и ходникот го направивме сам за себе..А нијансата па ???прилично црвена ни вишна ни бордо ни ...
     
  6. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Ако е посебна просторијата слободно оди со сосема нов колорит. Ако сакаш ефект на поголемо пробај жолто. Сенф нијанса на жолто е хит годинава, добро ќе оди комбинирана со сиво и бело па дури и со дрвени тонови.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Или пак контра- бела кујна жолт ѕид.
    [​IMG] [​IMG]
     
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Која е разликата помеѓу гранитни и керамички плочки? и кои се подобри за во купатило. Подни и ѕидни.
     
  8. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Гранитните плочки се поквалитетни и поскапи, издржливи се на мраз и се употребуваат најчесто за надворешни површини. Обично имаат погруба текстура и помал избор на дезени. За внатре се добри за подови зошто не се лизгави.
    Керамичките се поефтини, обично со сјаен финиш и со многу поголем избор на бои дезени и декори. Поефтини се и полесни се за чистење.
    По мое за бања слободно бирајте керамички освен ако е надворешна бања од оние во стари куќи доградувани во двор. За керамичките инсистирам само за балкони, тремови и ходници.
     
    На 1209, Mishela и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  9. Aerial

    Aerial Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Потребно ми е ваше мислење :)
    Имаме голема соба која ни е предвидено да биди кујна, трпезарија и дневна,
    дневната е одделена со скали.
    Нешто во овој стил
    [​IMG]
    Се премислуваме во врска со зидчето што е позади седмоседот, дали имате некој поинаков предлог?
    Најпрвин мислев да биде поставена некоја фина ограда но се премислив затоа што седмоседот е повисок од рамништето на подот и сметам дека целата прашина од подот ќе паѓа врз него.
    Се надевам дека ме разбравте што сакам да кажам ;)
    Секоја идеја е добродојдена :*
     
  10. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Можеби полутранспарентна библиотека, со повеќе отвори кон кујната а само 3-4 кон дневната.
     
    На Aerial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Јас сум за ѕидчето во секој случај, прво е многу практично, на него можеш да редиш нешто, да си приседнеш, да ти користи ко полица пример ако го направиш ѕидчето и после една полица над него и ко библиотека кон дневната да го користиш, а кон кујната ко полица за украси, за такви ствари. Настрана од прашината, таа лета и едно ѕидче нема да ја спречи, ама многу поубаво ќе изгледа со ѕидче и во иднина ќе ти биде многу практично. Стави си неколку корпи и во нив пример една за овошје, една за клучеви, една за весници, некоја скулптура убава, нешто интересно и така ќе го пополниш.
     
    На irenna, Umbrella22 и 1209 им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.278
    Пол:
    Женски
    Во веке наместен стан може ли допрва да се стави звучна изолација на таванскиот ѕид?
    Ако може каква,од каде ,колку чини?
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Има повеќе видови Кнауф акустик-системи за сува градба, па може да се наместат Кнауф акустик-панели на неколку начини според вашите потреби.
    Мислам дека не би требало да биде проблем тоа што станот е веќе наместен, само што проблем би бил „хаосот“ при имплементацијата, ама не е нешто страшно.

    Во ЛП ти пуштив каталог, разгледај и слободно обрати ми се за дополнително инфо. :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ме интересира колку им се движат цените на архитектите за детален план да ти изработат ,надворешно и внатрешно-мене еве конкретно ме интересира за надоградба поткровје.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Од 5 евра нагоре, за архитектура, фазите се по 2 евра отприлика, нормално по квадрат, така да искача 10 евра некаде по квадрат. Нормално збориме за квалитет, не за никаков проект некој ради реда.
     
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Фала !!!
     
  17. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Во кујна плочките на земја и на ѕид ми се ЦИГЛА боја, а кујната е малце потемна нијанса. На мое незадоволство, пошто и од двете ми се повраќа, ама и не ми се ни вложува во моментов. Со која боја може малце да се освежи на декорација? порфавор..
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Некоја светла капучино, крем, нешто ептен драстично за да отвори малце.
     
  19. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Аквариум по нарачка. :D
     
    На eliesaab и mims-89 им се допаѓа ова.
  20. Summer 2015

    Summer 2015 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Значи вака со дочко ми планираме да живееме заедно во неговиот стан. Заедно ќе го бираме мебелот, но боја по мој избор. Значи ставивме ламинат даб боја. Сакам кујната да биде сива исто како шпоретот и фрижидерот (ѕидните плочки се бели со виолетово, а подните виолетови). Потоа масата да биде крем. Планирам тепихот да биде сив, но некоја посветла нијанса. Завесата сакам да биде црвена со реси. Е сега какви столови сиви или црвени? И да ѕидовите планирам да бидат нешто или бело со сиво или бело со црвено, но може и црвено со сиво? Што мислите какви?
    Кујната и дневната се споени. Сега дневната сакам да биде нешто како кујната ламинатот е иста боја. Планирам или гарнитуа сиво со црно или виолетов петосед, црна масичка, сива со крем комода за телевизор ѕидовите и пердињата исти како и во кујната и тепихот ист, или може зелена лимон боја? Да не е премногу темно, нешто дали можам да осветлам? Пр: Нешто да биде лимон зелена боја исто ми се допаѓа, барав такви столови но нема никаде. Благодарам однапред. :)