Работата е што имаме дрвени врати и прозори (орев), потемна кафена боја, а ламинатот ни е во некоја светла сибкасто-крем нијанса неможам точно да ја дефинирам, и ѕидните плочки во кујна се боја слична како ламинатот, а подните ни се бели. Прво се мислевме за бела кујна и гарнитура ама се откажавме.
Ама бела многу се валка. Може кујната да биде бела, ама гарнитурата сакам друга боја. Ако оставам на него ќе направи се во сиво и метал и стакло, а јас сакам се обратно заоблени рабови, жолта, портокалова боја.
Конечно слики и од мојата кујна, се изначекавте, ама оправдано, не задесија триста малери додека се се среди
А јас ќе ви ставам сега тука последен проект што имав, знам дека темата не е баш за тоа, ама многу сум задоволна како излезе иако е само вежба не е порачан од клиенти.Ем сакам @AngelOfArh да ми даде критика како стручно лице.
Прекрасен индустријален ентериер, преубаво е, ама факт е кај нас ова не проаѓа лесно, кога ќе помислам дека уште сакаат рустикална кујна чудно ми е. Боите си ги склопила перфектно, темно сива или црна не можам да одлучам, со бука, со сива и бела, милина. Само оној дел под скалите си можела малце поубаво да го искористиш, друго се е супер
@1209 и мене ми се допаѓа многу Јас генерално не сакам црна боја во ентериери, ама затоа што остатокот е светол, изгледа одлично. И Noguchi масичката е љубов, си ја имам во дневна соба
Angel duri sega vidov Kakov e toj Anderlej? Probav da najdam slika ama ne najdov, ako mozis da mi pratis.
Фала ви и на двете.Ми значи многу критика од профи личности стварно. @crimson јас пак ја сакам многу ако е комбинирана со дрвени дезени и посветли бои, посебно мат црна кујна ми е желба за во иднина.
devojki, se izvinuvam jas mozebi sum dosadna ama ve molam za uste eden sovet. vo kombinacijata belo-venge koja treta boja bi mozela da se vmetne vo smisla da se oboi nekoj zid, nekoi sitni detali so koi ke se razigra prostorot
Архитектки! Сакам шанкче да ставам меѓу кујната и дневната. Вака ми е поубаво, ама ме нервираат невоспитаните што без прашање ми се шетаат низ неа. Дајте некоја фотка за идеја Сакам бела да е, на едната страна секако ќе имам фиоки (делот што ќе гледа накај кујната), делот што ќе гледа накај дневната бел (евентуално некој сив елемент). За страничните делови: едната ќе биде до ѕид, другата се мислаж дали да е бела или да има граничници за пијалок. Тенк ју
Здраво феминки, ви праќам повторно цртеж и слики од нашата дневна соба,и цртеж како планирам да ја направам, моментално е во изградба, секој предлог е добредојден! Трпезаријата и дневната ми се испланирани, трпезаријата ке биде со бела маса, за столици уште се мислам дали цели од еко кожа или комбинација, а за во дневната земавме тросед двосед и фотеља во сива боја (од еко кожа целата) и бела клуб масичка, и планирам да ставиме бела ТВ комода. Купивме бел ламинат, за кујната се двоумам во која боја да биде, дали цела бела или во боја.Исто и за плочки во куната сум во дилема дали да ставам бели или сиви со цветови, подните ке бидат бели како ламинатот? Преградниот ѕид има лице кон дневната и ке биде украсен, во длабнатините ке има светло,огледала залепени. и стаклени полички. Шанкот е висок 1.2м,исто во длабнатините ке има светло, огледало и на високиот дел стаклени полици. Ве молам за Ваше мислење и совети околу боите? Дали ако ставам тапета на некој ѕид ке биде пренатрпано.Не ми се свиѓаат бели ѕидови, сакам да биде во боја дневната, се мислам за виолетова, темно розова (накај црвено,марсала),што мислите вие? Последната кујна на зелено ја прикачив бидејки токму по тој распоред ми се планирани елементите во мојата кујна.Во првата половина има оставено централно светло за лустер (над дневната), а во втората половина (кај трпезаријата и кај кујната) има оставено светло над трпезаријата и на средина на кујната, во иста линија се светлата од кујна и трпезарија симетрично поставени во центар на двата делаОчекувам Ваши совети и препораки.Благодарам!
Можеш која боја сакаш да ја искористиш, зелена, жолта, ќерамида, лилакова... Само треба да кажеш која боја ја сакаш. Најдобро би било да најдеш рал карта од некоја продавница за бои или молер да викнеш да ти покаже боите па во просторот да видиш што ти одговара. Ти препорачувам топли бои и тонови бидејќи веќе ти е ладен просторот од белата. Исто и тебе би ти рекла, да ставиш топла боја бидејќи премногу ладно ќе делува, многу бело имаш. Со бело иде супер темна сива, иде жолта, иде бука, погледни го ентериерот на 1209, баш убаво е прикажано. Мене лично не ми се допаѓаат кривините во шанкот и ѕидот, ми се малце кич, ама ствар на вкус нели. Убава ти е идеата со шанкче и елемент за вина, алкохол... Види го моето острово, од внатре имам фиоки и елемент, а од надвор полички, кај мене е бело со ванила и даб плотна, сивото на површината што се гледа е уствари штекер кој на притискање излегува надвор и има 3 штекери, по употреба се враќа назад. Јас сум презадоволна од мојата кујна, многу ми е функционална, поготово овој елементов, сигурна сум и кај тебе ќе се постигне нешто такво како што сакаш.
Го видов дизајнот, супер е, ама некако не ми се допаѓа таа комбинација на бои, и тоа ми делува ладно. Би искомбинирала темна виолетова боја со лаванда или сива.Можеш ли да ми даде поконкретен предлог како да ги искомбинирам боите, дали преградниот ѕид и ѕидот кај што ке стои тв комодата да ги направам во јака боја (виолетова) или да одам на посмирена варијанта? И мене шанкот не ми го прави ќефот некако мајсторите се подзанесоа ама тоа е што е. Барем со боите да ја спасам ситуацијата. Ми теба стварно професионална помош бидејки стварно ми е страв да не утнам уште повеќе. Или да оставам све бело а да одам само на детали во боја, теписи, перничиња, завеси? Би ти била неизмерно благодарна за некој совет.Поздрав!
Е тек белото ќе ти биде ладно и монотоно. Мораш да разбиеш со нешто, ако имаш опција играј со прекривки на гарнитурата, перничиња, ама обавезно и еден ѕид во боја, а останатите не да бидат креч бели туку млечно бели, кажи му на молерот ќе знае да го постигне тоа, се додава малце црна во бојата основна, една капка што се вика и малце окер. Ако одиш на лилакова иди со лилакова накај црвено повеќе да удира, не накај сина, иначе пак ладна ќе ти биде. Инаку мене очи ми вадат лаковите над шанкот и оние каскади на ѕидот кои се ставаа далечните 90сети на шанкови и ѕидови од ламперија.
Маца баш мојот ентериер беше замислен да биде топол и мислам дека го постигнав тоа со жолтата и дрвените завршетоци.Виолетова сива и бела е поладно од што мислиш.Виолетова е ладна боја освен ако не мислиш на пастел лаванда, тогаш ќе биде малку посмирено.Но без темна, јас би искомбинирала лаванда сивкаста некоја мека и зелено пастелни детали.