И мебел и ѕидови? Девојката ја разбрав дека дома се и е бело сиво, ѕидови, под, мебел... ама се, тоа е премногу според мене. Но секој со вкусот, мое е како професионалец да кажам како би изгледало убаво, нејзино е да прифати или не.
Се мислам да им кажам да го отстранам сводот над шанкот и наместо тоа да ставам од висечки лустери? Што мислите, високиот дел од страна да го оставам ли, некако се вклопува со ѕидот? Преградниот ѕид неможе да се менува, изглетуван е,ама за шанкот мисламдека сеуште може.
Па можеш да го направиш право, да не биде сводесто, рамно да биде и на тоа да закачиш висечки лустер, погледни го кај кујната моја, над островото имам, нешто такво да биде или пак 3 исти висечки. Мене искрено овие каскадите на ѕидот најмногу ми бодат очи, ама ако ти се свиѓаат тебе уживај Можеш да ставиш таму нешто ама немој огледало, ќе изгледа како во бордел уште бордо ѕидови ти фалат и готово да отвориш кабаре. Да беа прави тие каскади супер, ама вака заоблени не одговараат ич.
@AngelOfArh, мислам дека архитект би требало да има повеќе разбирање за различни стилови. Конкретно од @macalavica - не е кич, туку е нешто што и’ се допаѓало и сакала да го направи. Мислам океј, сама си побара мислење и ти и’ го даде, ама можеш да кажеш нешто што би можело да се направи за да се постигне ефектот кој таа сака да го постигне. Не чуди се зошто луѓе сакаат рустикални кујни. И тоа е стил и не е само кај нас застапен, туку насекаде. Напиши Italian-style kitchen на Google, што ќе излезе? Има луѓе што се’ уште го преферираат овој стил и воопшто не е застарен. Како некој што се занимава со ваква работа, треба да знаеш да се прилагодиш на нешто што на друг му се допаѓа, не да ги тераш сите да го сакаат твојот стил. Не да им кажуваш - види на мојата кујна јас како имам. Конкретно кај твојата кујна, мислам дека плотната за готвење ти е многу нефункционално поставена и немаш простор за маневрирање кога готвиш. За да се движиш да земеш нешто прво треба да направиш ротација наназад, па да одиш лево или десно. Најважниот дел од кујната ти е во гужва. И островчето е поставено пола на плочки пола на паркет, некако неприродно изгледа тука. Ете мене не ми се допаѓа целокупниот впечаток, не само како стил туку и функционалност, што секогаш треба да е на прво место во кујна. Ова е форум и океј е да се даде свое мислење. Ама in real life, да најмам дизајнер и да му кажам сакам дрвена, класична кујна со рустични елементи и тој да ми каже абе тоа е застарено, види како е кај мене... ништо од соработката.
Баш се нервирам, сакав да бидат прави дупките во ѕидот, ми сугерираа дека биле досадни,дека вака се поубави,и собна врата ми предложија со таква шара (како вазна) , над шанкот сакав тоа да биде право, спуштено само 10 цм да оди паралелно до каде што завршува шанкот ми рекоа дека така нема да чини демек од искуство.Дупките се многу плитки 10 цм,си мислев со огледала и стаклени полички ке изгледа убаво и со некои убави украси и сега тотално се разочарав.Ѕидот и шанкот да ги правам во боја или да го оставам бели, само ѕидот со тв комода ли да о правам во боја?Ламинатот ми е бел.Тв комодата и клуб масата бели, гарнитурата е сива.Кујна немам нарачано, да ја правам бела или во боја.Некако се ми изгледа погрешно .
Јас и и самата гледам дека малце утнав со шанкот, пак ке повторам по доста сугестии од мајсторите,имав доверба во нив бидејки работат турбо и демек имаат искуство повеке од мене, а и мое лично незнаење.Сакам да поправам додека може, за тоа секој ваш совет ми е добредојден. Барем помогнете ми да ја спасам ситуацијава, буквално секој денар го собираме со мм за да направиме да ни биде што поубаво и да се вселиме и затоа се нервирам кога гледам и самата дека испадна катастрофа.И ви благодарам на времето што го двоите за да се замарате со мојата мака.
Maca јас ќе ти предложам нешто.Речи им да го бутнат горниот дел од шанкот и страничниот, горе стави си висачки лустери знам дека може зошто кај нас од времето беше такво и го бутнавме татко ми стави плотна од паркет врз шанкчето и од напред сега планира дастави циглички и да го покрие зошто и нашиот беше таков шанк.Тоа се мајстори не ги слушај ако се постари посебно, зошто реално не размислуваат тие како дизајнери и архитекти зошто тие се мајстори за шанк и тоа е нивниот занает и тоа знаат да го прават, а искрено веројатно поим немаат од тоа на што личи.Посебно зошто тоа не е твој избор, требало да ти понудат помодерна варијанта, како и да треба да се следи тренд и во ентериерот и архитектурата.Дупките мене не ми се убави исто, не дозволувај таква врата да ти стават ќе се покаете зошто не е класика, а врати не менуваш секоја година. Кујната нека ти биде бела со светло дрво мој предлог, ќе личи на ламинатот.Додади лаванда и зелена како детали, пернички, завеси и сл. тоа ќе можеш да госмениш кога ќе ти здосади.Еден мој совет кога купувате мебел гледајте тоа да биде класика и во неутрални бои, нешто што секогаш ќе изгледа добро и ќе може да се прилагоди на промени.Дрво секогсш е добар избор безразлика дали е вистинско или само фурнир со таков дезен.Така секогаш ќе имате удобен и модерен дом.
Прво и основно, никаде не сугерирав како да направи и што да одбере, секаде давам совет, ако сака ќе го прифати ако не не и толку, на крајот она ќе треба да се снаоѓа во тој простор. Јас не велам кич е, велам не е сега тоа тоа што е модерно, ама не се модерни веќе многу работи кои не се кич како и што е модерен барокот кој е кич. Второ, рустична кујна со модерен ентериер е итекако кич, девојката која ме праша за рустична кујна рече дека се дома и е стакло, модерно, со метал, со црно бел ентериер и сака мажот и рустична кујна, е тука и сугерирав дека не иде па што сака нека е. Јас едвај чекам да дизајнирам повторно рустична кујна, имав еднаш можност, да ти кажам дека уживав е малку, ама цел салон, цел простор беше рустичен, не можеш да стаиш стаклена маса, метал/кожа столици, сива гарнитура со прави агли, модерна тв комода и рустична кујна, не иде па не иде. Јас мојот стил не го сугерирам туку се осврнувам на деталите кои се постирани тука, ако не примети сугерирав и на ентериерот на 1209, да се земе идеа од таму, мојата кујна ја сугерирам таму кај што има место. Мојата кујна да речеш дека е нефунционална треба да престоиш во неа бар пола саат, да пробаш да зготвиш нешто, да измиеш садови, да исецкаш нешто, да провериш што имам во фиоките и кај ми се поставени па тогаш да коментираш. Стрикно плотната е најфунционалниот дел во цела кујна и нема човек кој не ми честитал на тој детал, и колеги архитекти и мајсторот и пријатели и роднини со истенчени вкусови, како и оние пристрасните. Правило кај кујни е поставување на рута, фрижидер, мијалник па готвење, тоа ете и колегите може да потврдат, иако не е правило веќе ништо во дизајнот. Мене просторот околу плотната ми е итекако ефикасен, десно ми е фиоката со прибор и ножеви а под нив садовите, тањири, керамички садови и слично а над нив се чашите, лево ми се фиоките со кујнски гаџети од типот на рендиња, сецкала, модли, цедилки, тука ми се и тавите и тенџерињата над и под рерната, под плотната ми се кујнските апарати од типот на тостер, апарат за крофни, соковник, блендер, големи залихи на брашно, сол, шеќер, зачини и слично. Боцата со плин е во ќошот од овој елемент под плотната и воопшто не зафаќа место и не се гледа. Епа види ти колку простор мене ми треба за да функционирам и колку се врткам лево десно при готвење, а дополнително тоа што како вљубеник во готвењето се организирам пред да почнам да готвам максимално. Единствен невклопен детал ми е корпата за миени садови која воопшто не ми се допаѓа ама додека најдам соодветна и пристојна замена мора да остане тука. Островото не знам кај си видела ти острово кај се става ама се вика кујнско острово баш бидејќи претставува преод од еден простор кон друг, го дели просторот визуелно, и тука ми фалат столчиња кои мора да ги најдам прво соодветни па да ги купам. Во мојата кујна единствениот детал кој не ми се допаѓа и мислам дека го утнав е тој со плочките, секогаш изгледаат прљаво ма колку бришела и чистела јас. Како дизајнер, архитект, имам нацртано на тони цртежи кои не се по моја желба и вкус, вклучувајќи и дел од објектите од Скопје 2014 ама не се ни осудувам за пари да наметнувам мое мислење. Моментално работам на ентериер кој е целиот барокен, со златни профилации, со мермер, со интарзии, со многу кристални лустери и многу светло, ама го работам за пари бидејќи клиентот со тоа ќе биде задоволен на крај. Сеуште никој не ми кажал чао пријатно. И на крај, оваа работа ја работам про боно, често кратам од моето слободно време за да ви одговорам, ако не ви одговара иако ја имам отворено темата со најдобри намери можам исто така и да прекинам да пишувам. Овде сум нацртала тони и тони ентериери, дури и проектче за куќа, се тоа за ич пари, само еднаш се побунив бидејќи девојката си зема многу сила и почна да бара навистина многу, па и побарав пари бидејќи веќе навлегуваше во ентериер со сите салтанати, од бирање мебел, плочки, апарати и слично. Во врска со ентериерот, ете јас и 1209 се сложуваме, кажи им да го исправат сводот, ќе си ставиш интересни лустери над шанкот, а овие длапки да ги кажам гледај да не ги потенцираш многу освен можеби со некои интересни светла ако имаш шанси да ги ставиш сега, ко што гледам готов е гипсов па не можеш многу да интервенираш, не знам дури и дали да вметнеш тука боја. Стаклени полички би ти служеле единствено за украси, за ништо друго не можеш да ги искористиш. Во врска со боите, размисли за буката како дрво да ја вметнеш, многу дава топлина и ќе го разигра просторот. Лавандата исто ти е супер за да го смириш малце просторот. прекривки, перничиња, завеси, теписи, тапет или боја на ѕид, украси... Немој многу да се разочаруваш ајде, немој да дозволуваш да ти ја уништи концепцијата за просторот една група мајстори кои се навикнале да работат на еден начин и толку, мајсторите често знаат и мене да ми зезнат работа, ама кај мене бидејќи јас ги плаќам се враќаат и преправаат ако направиле нешто не по мое. Оние заоблени линии понатака ќе ги исполниш со некој интересен детал на ѕидот, апликација некоја како стикер или цртано на ѕид, баш кај тие витканици и визуелно ќе ги исправиш. Дома ќе се обидам да ти нацртам нешто да видиш и да аплицираш Главата горе и ќе видиш просторот ќе биде најубав кога ќе се вселите
@AngelOfArh океј е, нема потреба да ми се правдаш. Инаку ти сама го искористи тој збор - многу е кич, и сама рече дека се чудиш кога луѓе бараат рустикални кујни. Нити спомна комбинација со модерни елементи, нити ништо - види си сама низ мислењата. Околу ова Вистинско острово во кујна има функција, која не се ограничува само на делење простор. Обично се поставува наспроти просторот за готвење (плотната), па се користи за сецкање храна, спремање продукти за готвење, и сервирање. И треба да можеш да се вртиш со еден потег од него до плотната каде што готвиш. Ти го имаш ставено тука само да ти дели простор и да ти служи ко масичка за овошје. Мислење на лаик е ова - не ти е добро искористен тој елемент во кујната. Еве и каде сум видела, одбери која сакаш слика и никаде нема да најдеш островче поставено само како елемент што визуелно го дели просторот. Треба да има вистинска функција во кујната, ти овде си го искористила ко шанк и ништо повеќе. И пак, пола на плочки пола на паркет не изгледа добро. За другото, лево од плотната немаш место ништо да ставиш, десно организираш работи што ти се потребни за готвење. Ама тоа десно кај тебе испаѓа назад... треба да се вртиш за да си дофатиш нешто. Лично за мене = нефункционалност. Сепак, ти си архитектот. Твојот придонес во темава е огромен и верувам сите ти се многу благодарни. И јас во неколку наврати сум барала совет. Само ти треба малку доза во одговорите.
Пред неколку дена баш читав и гледав дека рустикалните кујни кои личат скоро и на селски со креденци па дури и низи пиперки се враќаат во мода кај европските домаќинки. Не ми текнува каде гледав баш сакав линк да ставам. Можно е на Fine Living да глеав не сум сигурна.
Јас се произнесов на темата, мислам дека бев јасна, и не е точно дека острово се става исклучиво карши плотна, тоа е помошен елемент, не е маса за овошје ко што ти изгледа тебе. Во врска со кич рустикалната кујна ако ти се вратиш и прочиташ ќе сфатиш на што сум мислела, најубавата кујна што сум ја издизајнирала е рустикална во таков ентериер со прекрасно оревово дрво. Иначе имам некаде наведено дека мој сон е медитеранска рустична кујна со стаклени креденци и плотна од керамички плочки, ама за тоа треба и ентериерот да ми е таков и екстериерот богами.
Ајде се вратив и прочитав пак, јас ова твое мислење го видов и за него коментирав. Кич рече за другиот случај со сводови, јас не спомнав кич рустикална кујна споено, туку кич за едното и застарено за рустиката (кога ќе помислам дека уште сакаат чудно ми е). Беспотребно ми е ова мислење зашто се сложувам со твојот впечаток за ентериерот на бројчето, ама се фатив за овој болдот. И сега ме убедуваш дека не си рекла ништо такво. Не, не мислам дека беше јасна зашто цело време нешто друго кажуваш. Во секој случај, ти си професионалецот. Ако тебе ти е убава твојата кујна, супер, така и треба да биде. Пишував како изгледа од моја гледна точка, кога јас би ја користела. Ама не ја користам јас, така што ајде сега мир мир и среќно готвење.
Не сум сигурна дека прашањето ми е за овде, ако не препратете ме. Значи каде да се обратам и дали е можно, имам за врамување фотографии но да не бидат со стакло, туку со некој друг материјал. Затоа што ми се за во детска соба, па некако ми е страв. Фала
Можеш да си земеш обични рамки и наместо стакло пластична фолија од било која книжара, исечи според големината и готова работа, само внимавај тие лесно се прекршуваат па да не изгледа грдо на фотографијата. Инаку овие фолии ги имаш во А4 формат и А3 формат.
Imam potreba od soveti od poiskusni lica na ovaa tema znaci vaka: treba da opremuvame potkrovje koe e so tavani izraboteni od drvo zidovite se beli i drugo seuste nemame nisto dogovoreno pa razmisluvame. Me interesira se od mebel i boi koi bi gi stavile, za podovi odlucivme laminat i plocki, lusteri, zavesi?? Prostorot se sostoi od kujna i dnevna oddelni, hodnik kupatilo spalna i detska soba. Sto bi me sovetuvale???
Здраво девојки, може ли некоја од вас доколку има искуство да ми препорача каде може да ми направат тапациран мебел по нарачка со добар квалитет? Се работи за фотелја, ништо посебно сложено, но сепак сакам да ми ја погодат кога веќе не можам да најдам ништо слично...
Го корегираа сводот над шанкот, мислам дека сега е подобро.Ве молам за совет околу боите, се одлучив за виолетова( ама накај розово несто како на Т-mobile што е бојата).Кои зидови да ги акцентирам со појака боја,јас се мислам за ѕидот кај што ке стои тв комодата да биде во боја но се двоумам дали и преградниот ѕид да биде во боја.На ѕидот на кој што е вратата ке биде бел и ке купам од оние слики кои се во делови со виолетови мотиви.А за кујната се мислам исто да ја направам бело-виолетова или цела бела или цела виолетова.Во делот кај трпезаријата имам исто слика на виолетово во еден дел мислам дека исто ке се вклопи. Ке земеме теписи во комбинација со виолетово, перничиња.Е од секогаш ми се допаѓаа оние ѕидови со фотографии, или дрво со фотографии ама во ненападни рамки сите исти, бели на пример, со црно-бели фотографии, дали мислите дека во делот помеќу прозорците ке ми се вклопи, или да закачам рамки на преградниот зид помеќу вдлабнатините?Го ценам многу вашето мислење и затоа за се што мислите дека е вишок од моиве идеи ве молам укажете ми да не направам утка пак.
Имам неколку прашања односно дилеми околу изработка на кујна во однос на издржливост, чистење, гребење и сл.: 1. Материјал за работната површина: ламелирани плочи или керок? 2. Материјал за плакари и фиоки: мат, рапав, полусјаен или високосјаен медијапан? 3. Мијалник: инокс или керок? Сите совети (посебно од ваше сопствено искуство) се добродојдени!
@MIA-SK јас имам керок и сум многу задоволна, и тоа цел е бел. Ветувам деновиве ке го сликнам да видиш како изгледа после скоро три години користење. За одржување е многу лесен, со се се чисти, да знаеш што се немам прскано на него, Арис де Грас, Арф, Саво, Мистер Масл... што ми дошло при рака и воопшто не е оштетен. И милалникот е исто од бел керок и е слеан со работната површина. Убавото кај керокот е тоа што во целата структира е ист, па ако ти се изгребе може да се исполира и е како нов, може да го полираш колку сакаш. Исто така може да го преработиш, утре ако сакаш да го ставиш во друга кујна се сече по новите димензии. Не пука по рабови, не набабрува, не прима боја. Син ми го ишкрта со плав маркер и се исчисти со Циф. Јас сум многу задоволна.