Ми се допаѓа идејата, боите баш се убави. И мене ми е слично дома, крем тонови, бела комода, крем гарнитура. Јас одбрав штоф ганитура, ама тогаш имаше една преубава капучино кожа гарнитура во Монтенегро. Уште ми е мака за таа. Со плочките ми се допаѓа идејата. Мислам ќе биде супер и нема да биде пренатрупано. Очекувам слико кога ќе реализираш. Еве ги моите бои дома. Спојлер: сликО Јас се чудам на ова како да вметнам плави тонови. Одбрав прекрасна завеса, нежна, со плави цветови. А имам и бела комода, слонова бела кујна. Еве ги комодата и клуб масичката.
Штом завесата е со плави тонови, мислам дека уште еден детал е сосема доволен. Независно дали е ламба, свеќник, чинија за овошје, вазна, чинија за грицки/благо... Небесно сино одлично би се вклопило. Ми се допаѓа.
Имам кугла со рипка со плави камења и би дошол старински будилник плав на комодата, некоја чинија со плави камења на масата и слично. Во потрага сум и по небесно сина орхидеја. Ама ретко кој ми ја сфаќа замислата.
Сето ова во дневната? Која квадратура ти е истата, доколку е поврзана со кујна, или поголема би билоодлично, просторот ќе го дозволи истото. Би било добро кога се распределени на различни површини, на пр. будилникот на комодата како што кажа, орхидејата на трпезариска маса, чинијата на мало масиче, рипката некаде во близина на тв...
Поврзано ми е кујна со трпезарија и дневна. Кујната ми е слонова бела со сива плотна, само тоа е во кујна, Плочките не се мој избор, па не се фалам. Кујната ми е 4 на 2 метра. Малечка доаѓа. Трпезарија ми има само трпезарија, црна, исто како твојот регал, наследство што чека да биде исфрлено. Планирам бела трпезарија. Трпезаријата е 4 на 4 метри. Дневната исто има 4 на 4 метри, споена по хоризонтала со трпезаријата. Еден полукружен свод ја дели просторијата. Тука ми е нели мебелот што го сликав.
Би сакала да прашам каде можам да најдам фолии за стакло? Во спалната правам (не јас де, мајстор ) огромен трокрилен американски плакар и наместо класични медијапански или врати од иверка, имам замислено едно крило да биде огледало, а другите две од стакло, залепено со фолија. Но, такви фолии никаде не можам да најдам. Во Битола има една продавница () каде што ми кажаа дека да, имале такви фолии, но ништо на лагер, па имале некаков проблем со увозот и веќе месец дена немаат добиено ништо.
Незнаев каде да го поставам прашањето, па темава ми се виде како најсоодветна. Дали архитектките би можеле да ми дадат предлог за име, за фирма за изработка на резбан мебел?
Здраво, ми треба помош. Уредуваме купатило, долго е околу 3м, 1,5 широко. Ми требаат идеи за боја на плочки. Нешто сиво, крем, кафено ..туш кабината е во чело
Нештo пoсветнo и рaзигрaнo зa дa изгледa кaкo пoширoкo , темните бoи гo зaтвaрaaт прoстoрoт , делувa зaгушливo
ve molam za sovet....ke ja prosiruvame dnevnata soba so knauf. Dali se vo moda seuste nekoi izvedbi so knauf ili samo ramen dzid? da naglasam deka edniot dzid od sobata ni e vgraden plakar niz cel dzid vo krem boja so pojke pregradi za ukrasi. Znaci ostanyvaat tri dzifovi. dali bi izgledalo prenatrupano dokolku pravime izvedbi so knaufot? i okolu varosvenjeto...mebelot ni e krfem so venge...sam tepisite ni se porazigrani..sakav da prasam koja boja na dzid bi odgovarala??? jas se mislev za ne mnogu intenzivna zolta i bel tavam. isto taka razmisluvav za nekoja tapeta .....dokolku se stava tapeta na koj den bi odgovaralo da se postavit? dali e da horizontalno ili vertikalno na dzidot? i vo koja boja da e? znam mnogu prasanja ama rabotava e sakame da e super a malku pari da potrosime
Cesto citam boja wenge i nemam vizija za sto se zbori zosto ovaa se boite na (reconstructive wenge veneer ili po naski drvodelsk naziv vestacko dobien furnir od drven vid wenge)
I slednive boi Kako se gleda golema e razlikata od koe wenge ke upotrebite so toa i efektot e razlicen. Zatoa e podobro so slika da nastapite ako veke ne ste po profesija "doctor za wenge"
Ве молам за совет за боја на ѕидови за да одговара на бела столарија (врати, прозорци и маси -скроз бели) и мебел во боја од бела слонова коска. Гранитурата е црна, столиците од трпезариска маса се пола бели пола црни (масата е бела). Значи се е црно бело, а пархетот стандард. Имавме кремаво/кафеави бои ама сакам да сменам. Благодарам.
На црно бел мебел јас сум за бели ѕидови. Нијанси на крем би вовела само доколку станува збор за масивно дрво и кафени, крем, бордо, маслинести нијанси на мебел. Комбинација со некоја тапета или еден ѕид во друга боја повторно да има барем мебел во уште една боја, или некои детали во истата нијанса.
Претходно архитект ни го среди станот. Но еве и после неколку консултации сите истото ни го кажуваат. Фала
Здраво женски, имам едно прашање во врска со изработка на кујна. Не се разбирам во материјали и слично, само видов кај една пријателка кујна изработена од фабрички медијапан, и многу ми се допадна. Колешките на работа ме убедуваат дека подобро било од иверка да биде кујната. Што мислите вие? Од кој материјал е најдобро да се изработи? Само не сакам сјаен медијапан, бидејќи сите бои ќе бидат мат во станот, не сакам ништо да блешти и свети
Неодамна нарачав кујна и ги имав истите прашања. Реално медијапанот е поквалитетен и естетски подобар од иверката. Од иверка е внатрешноста на кујната, а вратничињата се медијапан. Јас исто така не сум љубител на гланц, па нарачав мат медијапан.