5-6 евра за плочки е и кај нас, ако бараш човек што си ја знае работата. 5 евра со попуст. Ова само за работна рака, со твој материјал. За 2 евра, се изненадив. Ко потценување на трудот ми е, искрено.
Ангел, имаш ли инфо како се движи цената на подната мушама? Дел од паркетот се дигнал од поплава, дефинитивно ќе се вади цел. Додека да искочиме на терен по продавници, не ме држи место за буџетот ( не беше баш вака планирано, али шта је ту је)....
@AngelOfArh те измачив скрос.. Уште кажи ми што мислиш за таркер ( ваљда вака ми кажаа), знам само дека е вид на подна облога ... Како се движат цените??? И доколку би одбрале подна мушама, дали под неа да ставиме стиропор или картони... За да не е апла на мушама само...?
Јас сакам ваква боја кујна, премногу ми се допаѓа, е сеа ми треба совет, идеи (може и слики) за плочки подни и ѕидни и какви да бидат мат или сјајни? Што одговара Е сега кујната, трепезаријата и дневната се заедно а за таму одбравме ваков ламинат, што мислите дали одговараат боите? Не сакам 5 различни бои..
Уууу таркетот е најскапа варијанта, дури поскапа и од паркет. Не ставајте ништо под мушамата, нема како да се залепи ако ставите. Ти рече ќе ставате и теписон, па мушамата ќе во биде изолатор. И самата мушама си има изолација, не е страшно.
А како се движат цените на плочките подни? Човек за лепење имаме, само цените како се движат на самите подни?
Мислам дека прашањето ми е најсоодветно за овде. Сакам да правам дрвено креветче а не знам кој би можел да ми го изработи. Прашав некои луге но само со иверица и медијапан работат. Дали може знаете некој што работи со дрво, контакт ми треба? Втора варијанта ми е мм и татко ми да ми го изработат. Но ми требаат вакви даски(или како и да се викаат). Дали знаете каде и по која цена можам да најдам? Благодарам однапред..
Кажете ми, ве молам, дали фарбаниот медијапан е навистина толку тежок за одржување? Сакам кујната да ја направам со фарбан мат медијапан, ама ме предомислуваат. Тешко се одржувал, се оштетувал, итн... Втора опција ми е горе медијапан, доле иверка. Што е подобро?
Јас сум секогаш за иверка, поубаво ми е и полесно за одржување. Само еден совет, дс не е со текстура, оти мака мачам да ја исчистам.
Кај мајка ми кујната е мат медијапан. Некоја крем боја. Многу е лесна за одржување, плус не се познава баш ништо. Мојата е сјаен, висок сјај медијапан. Бел. Се познава, не дека не. Ама па многу лесно се брише. Со влажна крпа поминувам и нема ништо.
Фала ви. @AngelOfArh ако биде иверка, ќе биде мазна. На почетокот и јас сакав рапава, поубаво изгледа, помодерна, ама не... сега дојдов до таа фаза да првенствено ми е битно лесно да се одржува. Долниот дел ми е посебно битен заради детево. Затоа и се мислам за медијапанот. Сите ми зборуваат дека лесно се оштетува. Посебно фарбаниот. @duffi а кај мајка ти е фарбан или пластифициран? Имало разлика во издржливоста. Пластифицираниот бил поиздржлив. Барем така ме убедуваа мене Оф маки. @AngelOfArh додека си тука да те искористам да те прашам. Освен гола профили, друго решение за вратички без рачки на меко затворање има ли? Не сакам push, а не сакам ни рачки.
Фарбан е веројатно, кај мене е пластифициран. Кујната е околу 10 год. Навистина нема мрднато. Освен вратичката под водникот која ја менувавме, ама па таа стално е изложена на вода. Многу влијае и изработката и мајсторот , не е само материјалот.
Јас да ве прашам дали навистина кнауф и мазно не е толку практично. Сите ми велат дека пука и лесно се валка, а мазно ми е мене поубаво. И сега останува абриб или обично варосано па ако сакам некој ѕид во друга боја ќе биде со поликолор. Што мислите? Искуство?
хелп сакам совет оти каша попара ми е главата просторот е мал 2*2 метри подна плочка темна или светла боја? шо ке изгледа поубаво голема плочка60*60см или 45*45см