1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. Eci0327

    Eci0327 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    17
    1209 ти благодарам за советите, а реновираме спрат и поткровје, спратот е околу 55 квадрати и ке има спална, купатило а останатиот простор ке биде искористен за кујна дневна и трпезарија заедно, а на поткровјето ке има две детски соби а просторот што останува празен пред детските соби ке го искористиме за да ставиме некој убав тросед масичка и телевизор , а освен спалната немаме никаков друг мебел треба се да купуваме, значи сите комбинации се прфатливи, а за црвената боја никогаш не сум ја сакала незнам зошто сега почна да ме привлекува :D
     
  2. Eci0327

    Eci0327 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    17
    Mrs. Bass и јас планирав ако ја користам црвената боја да биде само на еден дел, ама како со кажав погоре, немаме никаков мебел се треба да се купи откако ке завршиме со реновиранје, не сум ограничена со боите затоа би ве замолила вас да ми предложите некоја комбинација :) благодарам за предлозите поздрав
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.844
    Пол:
    Женски
    Вака значи 55 квадрати е дефинитивно помал простор за се она што п ланирате да вметнете во него, значи јас би ти предложила никако да не користиш агресивни бои како што е црвената.Ќе го затвори просторот многу и нема да делува топло туку напротив нападно.Одлични бои што јас секому би ги препорачала за дневна и кујна и трпезарија воедно се крем, бледа зелена или потемно зелена(на мал дел), ако сакате нешто помодернистичко може виолетова(лаванда) со некој потемна црвено розеникава или жолто, портоклова и сл, а одлична би била и бела, ова за ѕидовите.А мој личен прв избор за мебел секогаш би било дрво или имитација на дрво во комбинација со крем, кафеава, сивкаста, без канцелариски бои(јас така си ги велам) како црна, бела, црвена, не му даваат тие на домот изглед на топлина оние другите иако не се топли бои даваат топлина и мекост на просторот, а светлите ѕидови дефинитивно ќе се вклопат во тој мал простор.
    Ако се стави соодветен мебел во комбинација со преубава боја на ѕидовте ќе се направи вистински убав простор за дом
    Еве ќе ти ставам и неколку слики од опремени дневни,кујни и трпезарии,со боите што ги предложив, па може да си крадете идеи.Ако имаш друго прашање слободно.
     

    Прикачени фајлови:

    На BellaS и Eci0327 им се допаѓа ова.
  4. Eci0327

    Eci0327 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    17
    1209 ти благодарам за слките, веке имам некоја идеја како би сакала да изгледа просторот, дефинтивно ке ја исклучам црвената боја :D кога ке завршам со се ке ставам слики за да слушнам ваше мисленје дали добро сум ја завршила работата :D ако имам некоја дилема ке ви пишам пак за помош :) поздрав
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Драги феминка што мислите за сјајниот медијапан. Имено сакам кујната да биде таква или барем горните елементи. Е сега некој ми викаат секој прст ќе се познава, а некој пак дека е најлесен за одржување, само со мокра крпа поминуваш и толку. Што мислите вие по однос на квалитет и одржување.
    Фала :*
     
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Точно ти кажале, се буквално се познава. За бришење е лесно, ама постојано треба да бидеш со крпата во раце. Стварно преубаво изгледа, ама напорен е прстите многу се познаваат, исто како на огледало. Ти можеш да си ставиш медијапан, ама не мора да е сјајен или има сјајен, ама со линии. Полесно е за одржуавње.
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.844
    Пол:
    Женски
    Многу е лош, се се познава, секој отпечаток, секоја влека, ако е црн или темен, секоја прашинка на него.Он е убав на изглед, ама за кујна дефинитивно не се препорачува.Баш пред некој ден татако ми правеше кујна од бел медијапан, сјаен и баш овој муабет го правевме.
     
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски

    Нас идејата ни е горните елементи да бидат од бел сјаен медијапан, а долните венге ама не сјајни и не медијапан. И целиот простор ни е замислен со таа концепција. Веќе имаме нарачано сива гарнитура. А имате ли предлог на сива гарнитура каква друга боја на кујна би одговарало. Просторот е дневна, трепезарија и кујна. Можеби цела венге :^) стварно незнам што да правам?
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.844
    Пол:
    Женски
    Секако горните елементи почесто се користат, а и повеќе светлина удара на нив и стварно ќе се познава.Ама ако веќе имате порачно може па и нема ногу да е проблем,јас немам искуство, ама ете ти велам со татко ми го правевме муабетот баш беше кујна со бел сјаен медијапан, а тој работи со години па се разбира.Инаку на сива гаритура одговара кафеава, било темно или светла, може медијапан со патерн на дрво,но и венге е одличен избор може во комбинација со црн медијапан, зошто да не, мене ми се допаѓа и така.Сепак и АнгелОфАрт нека ти даде совет,кога ќе биде овде, зошто јас немам искуство, кажувам само од теоретско учење и мала пракса кај татко ми.
    Еве и такви кујни.
     

    Прикачени фајлови:

    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Сакам да правам црно бела кујна, таа е споена со дневната па и таа би била црно бела. Е сега за да разбијам монотонија, сакам да додадам сиво, пример некој тапет, гарнитурата да е сиво со црно пример, еден спуштен плафон сив...Е сега не знам дали е доволно, и што би можела плус да ставам. Имам некои идеи, пример се што ќе бидат украсчиња во тој дел да се во некоја боја, пример црвена. Просторот е околу 30м2
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Со сивата боја мислам дека ќе ја утепаш замислата. Ако сакаш да додадеш и трета боја оди на црвена, бордо, лила или нешто слично што ќе го разигра просторот а овака со многу темни бои ќе изгледа ладно. Како и да е за мебелот што се однесува комбинирај највеќе 3 бои а деталите на тенане ќе си ги укапаш во просторот. Стави на пр. бордо гарнитура, зидовите нека бидат бели, темна боја на тапет уште помала ќе ја направат собата. Веќ со црно бела кујна го затвараш просторот и ако ставиш темни тапети уште повеќе ќе го намалиш просторот.
     
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ајде да прашам нешто. Во кујнава бољерчето е предвидено доле да биде. Како стручно тоа се кажува незнам. Дали е возможно да се стави горе, во висечките елементи?

    И јас мислам дека нема да разбиеш монотонија со сиво. Напротив уште помонотоно ќе го направиш. Да не дојде момент просторот да ти личи ко далтонист да гледа :lol: Но сепак јас не сум стручна, туку на иста мака како тебе. Нека ти одговори некој од архитектите.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.403
    Пол:
    Женски
    Ирена тоа ти се вика нискомонтажно бољерче и се предвидува кога и самиот мијалник е предвиден за тој тип на бољерче, односно чешмата излегува од мијалникот, односно плотната, зависи кај де си предвидела да ти стои. Е сеа, ако сакаш високомонтажно, односно во висечките, чешмата мора да биде на ѕид односно уште при монтажата на водоводот да биде предвидена таму. Како е кај тебе? Ако немаш довод на ѕид откажи се од идеата уште сега, нема друго чаре освен да ти иде во работна маса. А зошто тебе ти смета таква монтажа на бољерче, и така не можеш многу работи да ставиш во делот под мијалникот, вака барем нека ти биде искористено за тоа. А и фино изгледа да не се гледаат доводните цефки за вода до бољерчето, се ти е скриено ;)
     
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Епа немало довод. Затоа сите ми викаа доле мора, јас си реков ај да си прашам уште еднаш некој што е објективен :lol: Ќе се обидам да ти објаснам зошто помислив ако може горе. Значи кујната е многу малецка, многу опции нема. Е сега одма до мијалникот лево е кошот, и кога е бољерчето под мијалникот кошот испаѓа тешко достапен. Зошто на другата страна на кошето има фиоки и фрижидерот до нив.а десно од мијалникот е машина и шпорет и толку. и затоа помислив дали може бољерот да оди горе, па кошот да биде функционален со некој механизам, ама не ме лажеле, не можело значи.
    п.с стално ми викаат а вака неможе за да не комплицирам и отварам работа, затоа си прашувам тука ;) фала ти, поздрав
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.403
    Пол:
    Женски
    Те разбирам што сакаш да ми кажеш и имам еден совет до тебе, премести го бољерчето во ќошот со подолги црева ќе стигнеш до чешмата, таму стави и некои работи кои не ги користиш често, пример средства и слично, а под мијалникот просторот ќе си го користиш за оставање работи што ти требаат почесто ;)
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Фала ти, ова ми изгледа изводливо, ќе се земе во предвид. Уште бараме мајстор, па секој по нешто кажува. Знаеш ако само јас би се прашала не би ставила ич бољерче :$ , еве дома до сега скоро и да не го користиме.
    глупости бољерче и тоа требало, па сега и место да му најдам. :lol: :lol:
     
  17. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    20.715

    И ова ми се допаѓа, а би ти предложила да разбиеш и со окер, жолта или зелена. Можеби на прв поглед ти звучи лудо, но верувај добро комбинирано, може да излезе супер. РАзбиј со тапети на зеленкасто и зеленкасти перничиња ( на пример) или слично.
    П.С. Не сум архитект, ама може и ќе ти се допадне ... :lol:
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.403
    Пол:
    Женски
    Супер идеа ти дале со разбивање на монотонијата, јас би додала и сива, но и некоја силна боја, пример, црно, бело, сиво и тиркизно, ах таа тиркизна во душа ми има останата :D И лилаковата е многу убава во оваа комбинација, црвена многу е строга во комбинација со црна и бела. ;)
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Ми треба еден совет за просторно планирање на мојата соба, правев некои преместувања и до сега, конечно го тргнав стариот статичен компјутер и неговото биро и сега тој простор ми е празен.
    Сакам останатиот дел да го разместам и да добијам нов лук, и плус да инкорпорирам некои нови идеи и да докупам уште нови елементи.
    Простете за штуроста на нацртот, сепак мојот талент за цртање е непостоечки-замислен во некој паралелен универзум, за моја жалост.
    Можна идеа за новиот распоред...

    Појаснување мало.
    Бирото ми е до прозорот т.е гледа пред прозорот и тука е и парното. Веројатно би било попаметно да го ставам на местото на екс-бирото за компјутер и тој простор да го остаам празен или евентуално ако најдам убави фотељи од оние меките полнети што пропаѓаш у нив-тие две тука да ги ставам на местото каде што на првата слика ми е бирото.
    За распоредот на креветот, мислам дека најпаметно е да биде до ѕид, најсигурно ми е затоа што спијам немирно и може да паднам ако не ми е до ѕид.
    Распоредот на шкафовите и регалите го претпоставив, измерив димензии, точно ќе ги собере сите на ѕидот едни до други. Едниот е како регал, тесен е прилично во него чувам претежно книги-што од факултет што за читање што сувенири од патувања и книги поврзани со тоа, тук таму по некоја крема и парфем ќе залута и една полица ми е за сите накити. До него тој е ми исто малечко придружно шкафче(шафче#2) во него ја чувам сета постелнина, пешкири, бањарки и остали тракатаци. До него е главниот шкаф со полици и закачалки и на крајот е рагалот 2. кој има фиоки и полици, фиоките се полни со облека, а на полиците има систем, и енциклопедии, мечиња и остали тракатанци од детството.
    Проблем ќе ми биде сликата што ми стои над креветот сега, каде би ја ставила? Исто и пост-ит-боард што е измеѓу креветот и меѓу регалот со полиците со книгите.
    Празното место што е празно и на двете слики сакам да го исполнам или со фотељите полнети и масичка меѓу нив, или да купам нешто налик местенце за шминки со огледало и полици за сите шминки и козметики кои ги имам МНОГУ. Ама тешко дека ќе најдам нешто по моја замисла, но ќе побарам.
    Секој совет е добредојден, што за распоредот на собава, што за тоа кај да најдам фотељи или некое како биро за шминкање со фиоки и огледало.
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.jpg
      Untitled.jpg
      Големина на фајлот:
      20 KB
      Прегледи:
      278
    • Untitled2.jpg
      Untitled2.jpg
      Големина на фајлот:
      17,4 KB
      Прегледи:
      278
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Во секој случај ќе има нешто во друга боја, како што се рамки со слики, некои украсни свеќи, чаршавче некое за трпезариска маса, сакам еве пример црвено тоа. Значи се што се ситници. Не знам...ми се увртела некоја идеа во глава и само таа ми се свиѓа, ништо друго. :lol: Нека биде и некој тапет низ кој ке ја имаа таа боја. Или некој стикер....