Фала ти. Мене всушност ми треба за на тераса, сакам да затворам еден дел. И монтер ќе ми треба. Знаеш некоја фирма што се занимава со ова?
Во моментов ми текнува само на Glass Lux (работат со калено стакло инаку), меѓутоа навистина не знам дали би можеле да ти набават плексиглас и да ти завршат работа. Можеби најдобро да прашаш за тоа и околу цените, јас лично немам соработувано со нив.
Започнувам со уредување на дневна соба и трпезарија па ми треба совет околу боите. Паркетот ми е бука па не знам дали одговара венге трпезариска маца на таков паркет? Доколку одговара каква боја на столици и мебел би одел со венге комоди и трпезариска маса?
Девојки, ме интересира за куќа со поткровје, дали има ограничување на квадратурата во покторвјето? Или дали оди во некој дефиниран сооднос првиот спрат vs поктровјето? Благодарам однапред. @AngelOfArh @crimson @Mishela
Јас немам сретнато досега некоја ваква одредба низ правилниците за градба кои сум ги листала, @Rubiii. Знам само дека максималната дозволена висина од подот до почетокот на косината од кровот може да биде до 150cm максимум. И исто така имаше една ставка дека во поткровје смееш да вметнеш само една функционална целина која е соодветна на објектот - се мисли на едно ниво. Можеш да прашаш преку мејл на е-урбанизам, доколку не успееш да најдеш нешто подетално, а сепак сакаш да се информираш од прва рака.
А дали во поткровјето може да се сместат 4-5 помали соби со вкупна површина од 100м2, а 100м2 да е и долниот спрат?
Не сум сигурна, затоа што не сум имала такво искуство досега. Со стандарден четириводен кров се сомневам дека ќе успееш да добиеш нешто такво. Секако ќе ти се јават некои безврска висини кај косините, тоа е неизбежно во секој случај. И пак ќе кажам дека просторот горе доста зависи од кровот кој ќе се примени, мислам дека мансардните кровови се најдобри за ваквите случаи и за да се искористи што е можно повеќе од просторот кој преостанува во поткровјето. Консултирај се со архитектот за да бидеш сигурна, ама мислам дека со мансарда ќе успееш да спасиш многу повеќе отколку со вметнување баџи во стандарден кров на пример.
Во март го прелакиравме и стружевме паркетот, не беше многу оштетен, дојде многу сјаен и изгледаше квалитетно изработен. Пред некој ден заприметив на неколку места е испукан, измеѓу штички и претежно кај вратите. Се јавивме кај мајсторот вели од жешкото е, кај повеќе муштерии се случило и наводно наесен ќе се врати како што беше. Не ми е логично тоа, што мислите?
@Mishela ме збуни со мансарда и баџи како термини. Рано ни е уште за архитект па макар и за консултации,сега сме во почетна фаза како правење груби математики и истражувања на пазарот, затоа и тука пишав знам дека има школовани девојки на оваа тематика. Ние сакаме мала куќичка од 200-250м2 станбена површина (долен спрат стандардни простории и горе во поткровје-100м2 сместени спални). Затоа ми е прашањето дали има улога односот на квадрати доле со горе, и второ , што мислиш колкав плац би ни требал доколку само куќата зафаќа 200-250м2 (фина зелена површина, скара, можеби летниковец и изграден базен помал ...?
Здраво! Треба да уредуваме стан, но со оглед на тоа што сме многу тенки со финансии, морам да користам нешто од мебел што веќе го имам. Мразам темни бои, ама кујната што ќе се користи ќе биде венге. Кујната во станчево е малку одделена од дневниот простор, но сепак се гледа од трпезаријата. Со која боја да комбинирам? Мислам трпезариската маса да биде исто така венге, со светли (прљаво бели, слонова коска) столици со темни ногарки. Е сега прашањето ми е што да правам за дневната? Да одам со потемна гарнитура или посветла? Да напоменам дека станот е многу светол, има еден куп прозорци, а ѕидовите ќе останат бели за да не се затвори премногу просторот.
Нема улога. Ама горе поради висината нема да имаш ист искористлив простор како на долниот кат, па треба да се внимава при проектирање. За второво прашање зависи од поставеноста на куќата и куп други фактори, малку е необично да се планира прво куќата, па отпосле остатокот од планот. Куќата се проектира според околината, не обратно. Бидејќи во различни ситуации може да се искористи различна квадратура за истите потреби.
Колешката ви благодарам што не одменивате, се надевам кога вие ќе имате бебиња ние ќе бидеме покомотни да одговараме.
Ќе ве молам за совет за роло завеси. Во станот од сите три спални соби преку ПВЦ стаклени врати се излегува на балкон. Бидејќи влегува светлина од многу рано наутро, сакаме да ставиме некаква роло завеса. Имате ли искуство со овие завеси: дали лесно се одржуваат (бидејќи сите ќе бидат бели, па претпоставувам дека многу ќе се прљаат), кои се најдобри: полиестер, screen или black out? Колку им е отприлика цената? Однапред фала за сите одговори, совети, мислења.
Девојки, за кујна за која сеуште не се знае каква ќе биде, каква боја и големина предлагате за ѕидни плочки? Треба да се купат плочки и паркет и не знам каква боја.
Колку се движи цена да најмам архитект за уредување на стан? Односно предлог за уредување? Што опфаќа работата на архитектот доколку го ангажирам?
Архитектите за ентериер земаат од квадрат. На пример, можеби сакаш само спалната и дневната да ти ги ,,режираат,,.Ако се 25м2 , ќе ти наплатат само за нив
Опфаќа ентериер,3Д и совети за мебелот,фирми,предлози и дел од архитектите сорсботуваат со мајстори па и тоа влегува. Цената се движи околу 10е по квадрат. повели во лп ќе ти одговорам.
Знаете ли некој кој изработува мебел по мерка, и тоа ми треба гардеробер од 10 квадрати, остава од 2 квадрати и други полици низ дома? Главно се работи за полици, и ме интересира цената колку се движи?